Муцунски не е загрижен за бугарските и грчки амандмани за извештајот за Македонија - Канал 5

Муцунски не е загрижен за бугарските и грчки амандмани за извештајот за Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вели дека не е загрижен од амандманите кои грчките и бугарските европратеници минатата недела ги поднесоа на извештајот за напредокот на Македонија.

Муцунски не е загрижен за бугарските и грчки амандмани за извештајот за Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вели дека не е загрижен од амандманите кои грчките и бугарските европратеници минатата недела ги поднесоа на извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известувачот за земјава Томас Вајц. Амандманите кои беа дури 313 на број, во најголем дел се однесуваа за договорите со Бугарија и Грција, односно во некои од нив се бара наместо уставното име да стои само Скопје, а се бара и да стои дел за земјава да се обврзе дека ќе ги исполни преземените обврски, односно вметнување на Бугарите во Уставот. Според Муцунски, не било прв пат да има толкав број на амандмани и кажа дека очекува да бидат прифатени само они кои ја прикажуваат реалната слика за земјава.

-Не е прв пат да има волкав број на амандмани, тоа е природата на демократијата. На крајот од денот тоа е легислативно тело каде се случуваат такви процеси, но нашите очекувања и нашата желба се да бидат прифатени оние амандмани кои соодветствуваат со реалноста, како политичка, така и правната реалност,--Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи.

На заедничката прес-конференција со шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ, Муцунски уште еднаш повтори дека потребно е да се стави крај на процесот на билатерализација, а изрази и загриженост поради немањето на напредок во дијалогот со Бугарија. За неговиот црногорски колега пак, секој изгубен ден на евроинтегративниот пат е лоша порака, пред се, за граѓаните.

-Секој ден загубен на патот кон Брисел, е загуба за оние држави кои сакаат да се интегираат во ЕУ, губи ЕУ, но губи и светот. / Не можеме да говориме за успешна европска приказна, ако во неа не се државите од западниот Балкан и доколку не сме сите единствени. / Јас сметам дека секој изгубен ден, да почнеме од нас државите од западен Балкан е лоша порака за нашите граѓани,--Ервин Ибрахимовиќ – Министер за надворешни работи на Црна Гора.

-Веќе подолг период работиме, за жал без позитивен фидбек од страна на Бугарија за организирање на заедничка средба меѓу мене, напиот министер за финансии и за транспорт со бугарските колеги за коридорот 8, за жал подолг период немаме позитивен одговор. Но, ќе продолжиме да работиме на остварување и на таа средба. Дијалог и комуникација постојано има--Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи..

Последните пораки од Брисел кои ги испрати еврокомесарката за проширување Марта Кос за земјава е дека иако фрустрациите се разбирливи, сепак никој не може да и даде гаранции на Македонија дека по евентуални уставни измени нема да следат нови блокади поради билатерални прашања.

YouTube video

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело "измама" по член 247 од Кривичниот законик. 

Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма во Скопје вршел посредување за лицитација на продажба на станови од Агенција за управување со одземен имот и на 40 - годишник од Куманово му понудил стан во Охрид, додека на 50 - годишно лице од Куманово станови во Охрид, Скопје и патничко моторно возило. Откако склучиле договор, првото лице му исплатило 26.000 евра, додека другиот му исплатил 79.000 евра, а по наводно завршената лицитацијата од правното лице не добиле никаков документ.

По преземени мерки од полициски службеници од СВР Куманово и од Одделот за криминалистичка полиција, на 12.05.2025 на влезот на Куманово, Ф.С. бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител против него по брза постапка е поднесена пријавата, соопштија од МВР.

Нов удар за возачите: ЕУ го намалува рокот на важење на возачките, возрасните најпогодени

Европскиот парламент ги измени директивите за возачки дозволи, кои носат бројни нови карактеристики.

Нов удар за возачите: ЕУ го намалува рокот на важење на возачките, возрасните најпогодени

Меѓу најважните промени е воведувањето на дигитална возачка дозвола што возачите ќе ја имаат на своите паметни телефони и која, според новите правила, ќе стане стандард во ЕУ.

Земјите-членки ќе имаат пет и пол години да воведат дигитална возачка дозвола, додека возачите ќе го задржат правото да побараат физичка возачка дозвола.

Една од најконтроверзните иновации е можноста земјите-членки да пропишат пократок рок на важење на возачката дозвола за возачи над 65 години. Ова би вовело дополнителни обврски што влијаат исклучиво на оваа возрасна група, покрај медицинските прегледи што веќе се воспоставени во некои земји.

На оваа одредба одговори AGE Platform Europe, чадор организација која ги обединува здруженијата за правата на постарите лица од целата Европска Унија. Во нивната изјава, тие предупредија дека воведувањето автоматски ограничувања на возраста без индивидуална проценка на способноста за возење може да претставува форма на дискриминација врз основа на возраст.

„Ваквите мерки не се засноваат на научни докази што би оправдале автоматско намалување на важноста на возачката дозвола по одредена возраст. Наместо тоа, потребна е индивидуална проценка на способноста, без оглед на возраста“, соопшти AGE Europe.

Правото на мобилност на старите лица

Организацијата потсетува дека многу постари лица продолжуваат активно, одговорно и безбедно да учествуваат во сообраќајот и дека неоснованите ограничувања би можеле да имаат негативни последици врз нивната мобилност, независност и квалитет на живот.

Се очекува секоја земја да одлучи дали и како да ја имплементира одредбата за пократко траење на возачката дозвола за постари возачи.

И покрај нивното активно учество во сообраќајот, статистиката покажува дека постарите возачи се вклучени во значителен број сообраќајни несреќи. Во првите седум месеци од 2024 година, лицата над 65 години биле одговорни за 2.688 сообраќајни несреќи, во кои загинале 779 лица. Во истиот период, 24 лица од оваа возрасна група загинале во сообраќајни несреќи.

Бидејќи ЕУ се стреми да го модернизира системот за возачки дозволи и да ја зголеми безбедноста на патиштата, важно е да се осигура дека новите мерки нема да доведат до дискриминација кон одредени групи граѓани. AGE Europe повикува на индивидуална проценка на способноста за возење, наместо воведување општи ограничувања на возраста, со цел да се зачува мобилноста и независноста на постарите лица.

Жена вреска, мажи ја влечат по улица, еден ја брани- обид за киднапирање среде Париз (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави драматично видео од обидот за киднапирање на мајка во Париз.

Жена вреска, мажи ја влечат по улица, еден ја брани- обид за киднапирање среде Париз (ВИДЕО)

На видеото се прикажани маскирани напаѓачи како се обидуваат да киднапираат жена, влечејќи ја низ улицата, додека маж, наводно татко на нејзиното дете, се обидува да ја спаси.

Се слуша женски крик, драматичната сцена трае десетина секунди, додека киднаперите на крајот се откажуваат, се враќаат во комбето и бегаат. На улицата има и други минувачи, кои на почетокот се двоумат дали да помогнат и покрај вресоците на жената, но на крајот неколку од нив решаваат да интервенираат.

За потсетување, жена, наводно ќерка на извршниот директор на платформа за тргување со криптовалути, е спасена утрово кога напаѓачите се обиделе да ја киднапираат.

Според полициски извор, жената била со своето дете (2) кога се случил обидот за киднапирање. Сè уште не е познато како детето (2) успеало да им избега на киднаперите кои се обидувале насилно да ја внесат неговата мајка во комбето.

За среќа, сето тоа било неуспешно благодарение на храбрата интервенција на таткото на детето, пишува „Ле Паризиен“.

Мажот ѝ помогнал на жената и добил неколку удари од киднаперот. Шокантната сцена се одвиваше пред очите на многу минувачи, кои се плашеа да интервенираат и покрај вресоците на жртвата. Напаѓачите, од кои едниот очигледно го изгубил пиштолот, за кој не е јасно дали бил вистински или лажен, на крајот брзо избегале, враќајќи се во комбето.

Возилото е пронајдено на улица во истата општина во Париз. Според информациите од „Ле Паризиен“, жената е ќерка на извршниот директор на платформа за купување криптовалути.

притисни ентер