Муцунски на IDU Форумот во Загреб: Европа мора да направи исчекор кон проширување - Канал 5

Муцунски на IDU Форумот во Загреб: Европа мора да направи исчекор кон проширување

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Загреб, учествуваше и се обрати на форумот организиран од страна на Интернационалната демократска унија (International Democracy Union – IDU).

Муцунски на IDU Форумот во Загреб: Европа мора да направи исчекор кон проширување

Форумите на Интернационалната демократска унија обединуваат носители на политики, високи партиски претставници и мисловни лидери од глобалното членство и пошироко, овозможувајќи отворена размена на идеи и интензивни дебати меѓу партнери кои ги споделуваат вредностите на слободата и демократијата.

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека државата презема конкретни чекори и испорачува резултати и на домашен и на меѓународен план. Притоа, тој потенцираше дека не го прифаќа наративот на жртва, иако, како што посочи, државата во континуитет се соочува со процес на билатерализација, изразувајќи очекување дека со формирањето на бугарската влада ќе се создаде нов импулс за придвижување напред.

Во однос на европската интеграција, министерот нагласи дека поддршката од одделни земји членки е значајна, но дека е потребен усогласен пристап од сите држави членки на Европската Унија. Тој посочи дека очекува таквиот пристап да биде заеднички и координиран, наведувајќи ја Хрватска како принципиелен поддржувач на процесот.

Осврнувајќи се на геополитичките предизвици, министерот Муцунски истакна дека во услови на геополитичка нестабилност, време е Европа не само да се разбуди, туку и да направи исчекор во насока на проширување на Унијата. Воедно, тој потенцираше дека е потребно помалку да се зборува за историјата, а повеќе за иднината.

Министерот нагласи дека не е можен индивидуален одговор на големите кризи кои влијаат врз сите, туку дека е неопходен заеднички пристап. Во таа насока, тој ја истакна потребата од диверзификација на енергетските извори, инвестиции во гасни интерконектори и инфраструктура, како и спротивставување на штетните влијанија од трети страни, соопштуваат од МНР и НТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. 

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ.

За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5.

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените.

Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер