Муцунски: Македонија очекува јасни гаранции дека устваните измени се последната пречка - Канал 5

Муцунски: Македонија очекува јасни гаранции дека устваните измени се последната пречка

Муцунски: Македонија очекува јасни гаранции дека устваните измени се последната пречка
Во текот на утрешната посета на претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта во Скопје, од Владата ќе бидат реафирмирани барањата за јасни институционални гаранции од Советот во спорот со Бугарија, изјави министерот Муцунски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетина пијани Британци се стапаа во летувалиште на Кипар- полицајците успеале да уапсат само двајца (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се одвиваа во популарното туристичко одморалиште Аја Напа на Кипар, кога група пијани англиски туристи се степаа на улица.

Десетина пијани Британци се стапаа во летувалиште на Кипар- полицајците успеале да уапсат само двајца (ВИДЕО)

Според локалните медиуми, околу десетина Британци биле вклучени во насилната тепачка. Инцидентот бил снимен и емитуван во живо на неговата платформа од страна на познат британски стример со милиони следбеници, кој е на одмор во областа.

Полицијата интервенирала откако еден граѓанин се јавил да ги извести властите за нередот. По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците успеале да пронајдат две лица вклучени во тепачката.

Според zougla.gr, станува збор за двајца млади Британци, на возраст од 19 и 21 година.

Двајцата туристи биле приведени на испрашување и сега се соочуваат со обвиненија за учество во тепачката. Во исто време, полициската истрага е во полн ек за идентификување и пронаоѓање на другите учесници во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари и Меган патуваат во Британија, понудено им е кралско сместување

На војводата и на војвотката од Сасекс им е понудена кралска резиденција за престој за време на нивната посета на Велика Британија со нивните деца следниот месец, јавува Би-Би-Си.

Хари и Меган патуваат во Британија, понудено им е кралско сместување

Принцот Хари и Меган ќе бидат придружувани од Арчи (7) и Лилибет (5) на нивното прво семејно патување во Обединетото Кралство по четири години.

Би-Би-Си Њуз дознава дека на семејството му било понудено сместување во кралскиот имот, но се уште не одговориле на поканата.

За претходните посети, принцот Хари ја одби понудата да остане во Бакингемската палата поради безбедносни грижи за користење на толку истакната и видлива зграда.

Не е јасно која кралска резиденција му била ставена на располагање на семејството овој пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боливија прогласи вонредна состојба, војската ги отстранува блокадите на патиштата

Полицијата и војската почнаа да ги отстрануваат блокадите на патиштата што ја парализираа Боливија .

Боливија прогласи вонредна состојба, војската ги отстранува блокадите на патиштата

Полицијата и војската почнаа да ги отстрануваат блокадите на патиштата што ја парализираа Боливија повеќе од шест недели, неколку часа откако претседателот Родриго Паз прогласи вонредна состојба во саботата, велејќи дека Боливијците „веќе не можат да бидат заложници“ на блокадите.

Вонредните мерки, кои би можеле да траат до 90 дена, ѝ овозможуваат на војската на Боливија да ѝ помогне на полицијата и да ги отстрани блокадите на патиштата поставени од синдикатите, домородните групи и одгледувачите на кока кои се критични кон боливиската влада.

Мерките беа воведени откако во петокот вечерта беше потпишан договор со главното седиште на синдикатот во земјата, Боливискиот работнички центар (COB), кој објави крај на мерките за притисок. Сепак, други организации објавија продолжување на протестот.

Паз, кратко по потпишувањето на договорот, објави дека прогласил вонредна состојба „откако беа исцрпени сите патишта за дијалог, беа постигнати договори со оние чии барања беа легитимни и беа идентификувани оние кои користеа насилство за да се обидат да ја дестабилизираат Боливија“.

Министер за одбрана: Немаше отпор

На почетокот на мај, ЦОБ започна протестно движење против економската криза, најтешката во земјата во повеќе од 40 години. Селаните и работниците во фабриките и рудниците постепено се придружија на движењето, отфрлајќи ги реформите на претседателот од десниот центар, кој дојде на власт во ноември по 20 години социјалистичко владеење.

Во Ел Алто, во близина на Ла Паз, конвој од полициски возила, придружени од воени оклопни возила, ги отстрани блокадите на патот со помош на градежна механизација.

Министерот за одбрана Ернесто Јустинијано рече дека станува збор за отстранување на „фантомските блокади“, составени од купишта земја и камења. „Немаше отпор“, тврдеше тој.

Додека безбедносните сили минуваа, некои жители аплаудираа, објави АФП, додека други најавија продолжување на протестот.

Блокадите на патот предизвикаа недостиг од храна, лекови и гориво, особено во Ла Паз, седиштето на владата. Нивниот број се намали на 34 во саботата навечер, по повеќе од сто во врвот на кризата.

Претседател Паз: Наркотероризмот врши државен удар

Паз предупреди дека оние кои ќе ги продолжат блокадите или ќе прибегнат кон насилство ќе се соочат со „целата строгост на законот“. Тој ја оправда вонредната состојба со тврдењето за „обид за државен удар извршен од наркотероризам“.

Владата го обвинува Моралес, за кого е издадена потерница во случај на наводна трговија со малолетно лице, што тој го негира, за поттикнување на протестите. Моралес, домороден лидер и поранешен одгледувач на кока, е во Чапаре две години, каде што е заштитен од поддржувачи.

На прашањето за можна интервенција од страна на органите за спроведување на законот во Чапаре, министерот за внатрешни работи Марко Антонио Овиедо рече: „Ако мораме да влеземе, ќе влеземе“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер