Муцунски: Франкофонијата не е само заедница на јазик - Канал 5

Муцунски: Франкофонијата не е само заедница на јазик

„Франкофонијата не е само заедница на јазик, туку пред сè заедница на вредности-дијалог, еднаквост, почит и соработка“, вели министерот Муцунски.

Муцунски: Франкофонијата не е само заедница на јазик

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше организатор и домаќин на панел-дискусијата на тема „Улогата на Франкофонијата во светот и регионот“, организирана по повод Месецот на Франкофонијата. Настанот беше отворен со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираат од МНРиНТ.

На панел-дискусијата учествувале амбасадорите на неколку франкофонски земји акредитирани во Република Северна Македонија, меѓу кои Франција, Швајцарија, Романија и Грција, кои преку свои излагања ја истакнале важноста на Франкофонијата како платформа за мултилатерализам и културна разновидност.

Темата на панелот била фокусирана на значењето на Франкофонијата како заедница на вредности, културен дијалог и солидарност, со посебен осврт на нејзината улога во современиот геополитички и регионален контекст.

-Франкофонијата не е само заедница на јазик, туку пред сè заедница на вредности – дијалог, еднаквост, почит и соработка. Во време на глобални предизвици, овие вредности се поважни од кога било и претставуваат патоказ за стабилност и развој во нашиот регион и пошироко, истакнал министерот Тимчо Муцунски.

Членството во Франкофонијата, додал министерот, го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, но и на сите вредности на современото македонско општество – мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. Муцунски нагласил и дека францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина.

Во своите обраќања, дипломатските претставници на франкофонските земји нагласиле дека Франкофонијата претставува силна основа за градење мостови меѓу културите, поддршка на мирот и демократијата, како и промоција на образованието, младинските перспективи и родовата еднаквост. Тие ја подвлекле и важноста од продлабочување на регионалната соработка во духот на франкофонските вредности.

Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа

 Кремљ денеска соопшти дека смета оти ширењето на нуклеарно оружје во Европа нема да придонесе за безбедноста на европскиот континент.

Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа

- Ширењето на нуклеарно оружје на европскиот континент е нешто што нема да ја зголеми безбедноста, предвидливоста и стабилноста на европскиот континент, изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Макрон претходно изјави дека неговата земја е подготвена за дијалог за распоредување на своите авиони способни за носење нуклеарно оружје во други земји на ЕУ.

Говорејќи на тема европско нуклеарно одвраќање, Макрон вчера рече дека Франција нема да плаќа за безбедноста на другите.

- Сакам да почнам дебата, но Франција нема да плаќа за безбедноста на другите, тоа нема да биде одземање од она што го имаме, а конечната одлука секогаш ќе биде на Франција. Подготвени сме да отвориме дискусија, посебно за распоредување на авиони вооружени со нуклеарни бомби во други европски земји, рече Макрон.

Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена

 ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена за политички маркетинг.

Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка за законот за настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани поднесен од СДСМ и нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде злоупотребена за политички маркетинг преку лошо напишани, неусогласени и политички мотивирани закони, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

-Најновиот предлог-закон што во Собранието го поднесе опозициската СДСМ – Законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани – требаше да биде сериозен, одмерен и одговорен обид за системска поддршка. За жал, тој е далеку од тоа, рече Петрушевски.

Како човек рече дека изразува најдлабока почит и сочувство кон сите семејства што ги загубија своите најблиски во оваа трагедија, но како пратеник, има обврска да проговори за начинот на кој опозициската СДСМ се обидува да ја злоупотреби болката на тие семејства за дневно-политички цели.

- Овој предлог-закон е делумно неприменлив, делумно влегува во колизија со сопствените одредби, а делумно се преклопува со постоечки законски права. Сето тоа укажува дека станува збор за документ кој повеќе служи за политички маркетинг отколку за вистинска поддршка, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа, дополнително, законот експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични трагедии, а со тоа се воспоставува опасен преседан односно правата се темелат на конкретен настан, наместо да се воспостави универзален и праведен систем за сите жртви на несреќи или катастрофи, што го нарушува уставното начело на еднаквост на граѓаните пред законите.

Петрушевски нагласи дека продолжува континуираната и промптна поддршка од страна на Владата за сите погодени граѓани, како што беше случај и веднаш по трагедијата – кога беа преземени сите потребни мерки за покривање на трошоците за лекување и медицински транспорт во странство. Според него, Владата реагираше навремено, одговорно и човечки, и ќе продолжи со таа практика низ институционален, а не политички наметнат пристап.

Зборувајќи за предложениот закон, Петрушевски кажа дека член 11 и член 21 предвидуваат различни институции како надлежни за иста постапка – Министерството за здравство, односно Комисијата – што создава правна неусогласеност, а член 25 остава впечаток дека треба да се формираат повеќе комисии („комисии од наведените несреќи“), што е спротивно на концептот на една, централизирана Комисија утврдена во член 17.

- Законот предвидува финансиски надоместоци, без никаква анализа на бројот на корисници, ниту наведен извор на финансирање од соодветна програма во Буџетот. Ова е особено проблематично ако се земе предвид дека со членот 25 законот се проширува и на претходни трагедии. Предвидените права дуплираат веќе постоечки права од Законот за социјална заштита, Законот за здравствено осигурување и други акти, без обид за нивно усогласување или надградба. Проширувањето на примената за трагедии од 2019 и 2021 година е ретроактивен потег со спорна правна основа, кој може да предизвика правна несигурност и нееднаквост, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во предложениот закон од СДСМ, тој посочи дека не се предвидени санкции за институции што ќе постапат неажурно или ќе ги прекршат своите обврски.

-Во член 13 не е јасно дали стипендиите важат само за државни универзитети, или и за приватни и странски, што може да резултира со нееднаквост во пристапот до ова право. Не е дефиниран механизам за утврдување дали некое лице веќе примило поддршка по друг основ, ниту како ќе се пресметува разликата според новиот закон. Комисијата има прешироки надлежности и значителна дискрециона моќ без јасно утврден надворешен надзор, што отвора простор за бирократизација и евентуални злоупотреби, рече Петрушевски.

Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, размислува за враќање во Спортинг Лисабон откако ќе му истече договорот со саудискиот клуб ова лето, објави „Калчомеркато“, повикувајќи се на „беИН Спортс“.

Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон

Според изворот, Роналдо (40) би можел да го замени напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓекереш, за кој има интерес од многу европски клубови. Роналдо е подготвен да се согласи на намалување на платата за да ја заврши кариерата во клубот од кој ја започна.

Оваа сезона, Роналдо одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 33 гола и имаше 4 асистенции.

Роналдо е дете на Спортинг, каде што беше член од 1997 до 2003 година.

притисни ентер