Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младите
2Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младите
МакедонијаМуцунски до опозицијата: Правевте отстапки, а не направивте ништоВладејачкото мнозинство не го поддржа предлогот на СДСМ за измени на Законот за влада кои предвидуваа министри да имаат само македонско држајанство..Уставни измени во овој момент и под вакви услови не се можни, а дијалогот со официјална Софија ќе продолжи, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски од собраниската говорница. Одговарајќи на пратеничко прашање на Арбана Пашоли од ДУИ дали државата има стратегија како ќе оди напред по европскиот пат ако Владата не ги направи уставните измени, шефот на дипломатијата посочи дека Владата го гледа патот напред со максимална фокусираност на реформската агенда и дополнителни гаранции дека државата нема да биде условувања со билатерални прашања. Македонија води проактивна дипломатија со Бугарија за што Муцунски побарал побарал средба со неговата бугарска колешка за крајот на оваа недела. Пред почетокот на седницата пратениците од СДСМ предложија измени на законот за Влада по скратена постапка со кои се предвидува министрите да имаат исклучиво македонско државјанство, како што власта предлага за пратениците, но владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од нивно носење. За измените на законот предложен од СДСМ гласаа само 20 опозициски пратеници. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски ги повика ВМРО-ДПМНЕ да не бегаат од законот што самите го најавувале, чија цел е да се воспостават еднакви критериуми за сите избрани и именувани функционери. Во фокусот на опозициските прашања до власта беше и отсуството на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и неговото избегнување на работните обврски во Владата. Од СДСМ побараа тој да одговори колку денови бил присутен на работното место, кој му ги покрива трошоците за патувања и како е дозволиво заменик премиер да зема плата од граѓаните, а да не оди на работа. Од СДСМ реагираат дека наместо Фетаи да биде разрешен од функцијата, тој, како што велат, продолжува да се толерира и да покажува непочитување на Собранието. Фетаи не беше присутен на денешната седница и тој воопшто не го известил Собранието дали ќе се појави или не, информираше собранискиот потпретседател Антонио Милошоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
МакедонијаГаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и СловачкаПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова.На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја. Претседателот Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и за поддршката преку Вишеградската група во промовирањето на политиката на проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Амбасадорката Хрицова на средбата разговараше за унапредување на парламентарната соработка, особено преку пратеничките групи за соработка и размената на искуства меѓу парламентарните институти на двете земји. Соговорниците ја истакнаа и важноста од понатамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка. Во тој контекст, беше потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивниот институционален дијалог и користење на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за натамошно унапредување на билатералните односи.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младитеДенеска (07.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Велес, во Скопје, како и во селата Караслари, Црквино и Кочилари, велешко, реализираа превентивни активности за спречување на пожариНа граѓаните им беше потенцирана потребата за заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи, напоменувајќи им дека е потребна поголема внимателност во текот на летниот период, континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на регионалниот пат Велес – село Извор, спроведоа сообраќајна превентивна активност, при што на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за ризикот што го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пред се за личната, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино пак, во Тетово и Неготино реализираа превентивни активности насочени кон пешаците, со цел да им се укаже на пешаците дека и тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови, кога се движат на неосветлени локации. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Кочани, Штип и Делчево. Овие активности имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура и да се намали бројот на сообраќајни незгоди. Во рамки на превентивната активност беше поделен и печатен едукативен материјал. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ПС Свети Николе, Пробиштип и Берово реализираа превентивни активности „Соседски патроли – Заедно за побезбедна заедница“. Активностите беа спроведени на повеќе локации каде што во вечерните часови најчесто се собираат млади лица, како паркови, спортски игралишта и угостителски објекти. Беа реализирани непосредни разговори со младите и со присутните граѓани, при што беше потенцирана важноста од почитување на законските прописи, одговорното однесување на јавни места, зачувувањето на јавниот ред и мир, како и заштитата на јавниот имот и урбаната опрема. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од меѓуврсничко насилство, злоупотребата на алкохол и психоактивни супстанции, како и на препознавањето и избегнувањето на други ризични облици на однесување.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведени две лица од струшко Радолишта поради поседување оружје, следуваат соодветни поднесоциПо целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.На 06.08.2026 во 22:45 часот на локален пат кај село Вишни, струшко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(31), а сопатници биле Е.Љ.(35), Л.З.(49) и Б.Љ.(58), сите од с.Радолишта, струшко. Притоа, во возилото биле пронајдени пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ. за кој поседувал дозвола, додека, кај Л.З. бил пронајден пиштол „Застава“ за кој не поседувал дозвола. Л.З. е лишен од слобода по член 396 од Кривичниот законик, а Б.Љ. е приведен по член 80 од Закон за оружје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, а подоцна со судска наредба биле извршени претреси кај Л.З. и Б.Љ.. Кај Л.З. не се пронајдени други предмети, додека кај Б.Љ. биле пронајдени и одземени едно репетирачко долго огнено оружје за кое поседувал дозвола и едно пневматско оружје, куршуми калибар 9 мм и пиштол за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter