Муцунски: Без сигурност, извесност и предвидливост по нашиот европски пат, не можеме да ја спроведеме обврската за уставни измени - Канал 5

Муцунски: Без сигурност, извесност и предвидливост по нашиот европски пат, не можеме да ја спроведеме обврската за уставни измени

Муцунски не сакаше да коментира каква реакција добила македонската Влада во Брисел по барањето на премиерот Мицкоски - Европскиот совет да ги промени заклучоците за Македонија.

Муцунски: Без сигурност, извесност и предвидливост по нашиот европски пат, не можеме да ја спроведеме обврската за уставни измени

Владата не е подготвена да ги донесе уставните измени без притоа да добие рамка за предвидливост од Европската унија за билатералните спорови, оваа позиција е јасно пренесена во Брисел а кај некои земји членки има се повеќе разбирање за нашата позиција, изјави министерот за надворешни работи - Тимчо Муцунски. Уставни измени без сигурност и предвидливост, ќе не однесе во нов ќорсокак, додаде тој.

„Мора да има рамка за предвидливост, да знаеме што толкуваме како решение од 2022та. Да добиеме некоја форма на институционални гаранции, дека нашиот идентитет, јазик и национална историја нема да станат предмет на преговори, бидејќи во моментот не се чуствуваме комотни дека таква ни е позицијата. Да знаеме дека другата страна ѓи почитува меѓународните конвенции, како што се обврзала и ќе ги почитува македонците кои живеат на нејзина територија.“

Муцунски не сакаше да коментира каква реакција добила македонската Влада во Брисел по барањето на премиерот Мицкоски - Европскиот совет да ги промени заклучоците за Македонија. Што се однесува на решението на ЕУ за Украина и Молдавија со кое се заобиколува ветото на Унгарија и се започнаа технички преговори, според Муцунски, овој механизам нам не би ни помогнал.

„За нас прашањето е како да го откочиме патот за да дојдеме до членство, овој механизам на технички преговори не те доближува до крајната цел бидејќи вие сепак во одреден момент ќе морате да го откочите и целокупниот процес на преговори.“

Запрашана како го оценува односот на ЕУ кон земјите кандидатки од Западен Балкан, албанската колешка на Муцунски – Елиса Спиропали, одговори дека Албанија има цврста доверба оти ЕУ ќе си го оддржи зборот за проширувањето.

„Албанија прави се што е можно во овој процес. Ние разбираме дека освен техничките преговори има и политички преговори. Веруваме дека овој процес се заснова на меритократија.“

Според Спиропали, албанската заедница во земјава е про-европски настроена, но не одговори конкретно дали има зголемен број на барања за албанско државјанство од Албанците од Македонија, по зголемените надежи дека нашиот сосед до 2030та ќе стане членка на ЕУ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни откритија, кои отвораат нови сознанија за урбаниот развој и секојдневниот живот во античкиот град.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Во рамките на истражувањата на комплексот на јавната римска бања, откриен е монументален базен со димензии поголеми од 4,5 × 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри, обложен со повеќе од осум различни видови мермер.

Особено значајно е откривањето на исклучително добро зачуваниот систем за загревање под базенот, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух. Комплексот е поврзан и со градската цистерна, а се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина.

Покрај монументалната архитектура, откриени се и значајни движни наоди: сребрена монета на Ихнајците (500–480 г. пр. н. е.), бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, мермерна биста со претстава на воен командант, фрагменти од скулптури и епиграфски споменик од син мермер со посветен натпис.

Овие откритија сведочат за развиената јавна инфраструктура, економската моќ и значењето на античкиот град, а овозможуваат и нови сознанија за неговиот урбан и општествен живот.

Истражувањето на комплексот ќе продолжи во 2027 година, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Со истражувањата раководеше кустос-советник Јане Клековски, а во стручниот тим учествуваа Игор Ширтовски, Сања Битрак, Андриана Петковска, Стефан Трајковски, Васил Николовски, Елена Рафајловска и Славица Бабамова.

Националниот археолошки музеј изразува благодарност за поддршката и соработката на Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, НУ Завод и музеј – Струмица и Општина Валандово, објавија на ФБ од Националниот археолошки музеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа.

Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК.

На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес.

Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми.

Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус ​​Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар.

Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта.

„Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова.

Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот.

„Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер