Муцунски: Без гаранции за европскиот пат нема поддршка за уставни измени - Канал 5

Муцунски: Без гаранции за европскиот пат нема поддршка за уставни измени

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски побара широк национален консензус за позицијата на државава пред Брисел и Софија останувајќи на позицијата дека Македонија ќе продолжи да бара гаранции пред да донесе уставни измени. 

Муцунски: Без гаранции за европскиот пат нема поддршка за уставни измени

На оваа позиција реагираа пратениците од ДУИ според кои, неносењето на уставните измени ќе ги влоши меѓуетничките односи во земјава.

- Од ден за ден вие значи ќе ги замрзнете, ќе ги расипете меѓутетничките односи. Министре, дејствувајте добро – променете го уставот. - Садула Дураки, пратеник од ДУИ

-Јас тука дојдов да побарам најширок возможен консензус и ниту еднаш, вие бевте првиот којшто спомна разлика помеѓу македонци и албанци, турци.. Рековте вие доколку не се случи тоа, ќе се зголемат други апетити. Не знам на што мислите но не верувам дека македонците и албанците така лесно можат да се разединат. Нема потреба да зборуваме за зголемување на апетити и влошувања на меѓутетнички односи затоа што ова општество е созреано од минатото. - Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија

Муцунски најави дека веднаш по формирањето на новата бугарска влада Македонија ќе започне дијалог за сите тековни билатерални прашања, вклучувајќи го и спорот, но посочи дека позади македонското барање за гаранции веќе застанале и Претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта како и министерот за надворешни работи на Белгија – Максим Прево, кој исто така изрази пофалба за реформската посветеност на државава, наспроти изјавата на известувачот на ЕП за земјава – Томас Вајц дека немаме суштински реформски напредок.

-Јас кога велам дека државата напредува врз основа на реформската агенда говорам врз основа на информации за евалуациони периоди добиени од ЕК која ни вели дека имаме значителен напредок. Се повикувам на релевантноста на информациите од ЕК и по мое гледиште, изјава на министер за надворешни работи на Белгија е многу значителна за нас. - Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија

Според пратеникот од СДСМ Димитар Ковачевски - дали Владата ја говори вистината или известувачот Томас Вајц за тоа дали имаме напредок во реформската агенда ќе се види во следниве месеци кога 45 милиони евра од европскиот План за раст ќе треба да бидат ослободени за земјава врз основа на исполнетост на реформите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во живо

последно ажурирање пред 6 часа

Шпанија е нов светски фудбалски шампион, бранителот на тронот Аргентина победена со 1-0

По вторпат во историјата, шпанските фудбалери ја освоија титулата светски шампион. 

Шпанија е нов светски фудбалски шампион, бранителот на тронот  Аргентина победена со  1-0
пред 6 часа00:38

Претседателот на САД Доналд Трамп во друштво на првиот човек на ФИФА Џани Инфатнино на новите светски шампиони Шпанците им го врачи најдрагоцеиот пехар во фудбалот оној наменет за освојувачот на тронот.

Шпанецот Кубарси е најдобриот млад фудбалер на Мундијалот. Неговиот соигрна голот Унаи Симон очекувано е најдобриот голман на првенството. Најдобар фудбалер на 23 Мундијал е капитеот на Шпанија Родри .

пред 6 часа00:27

Шпанија со вечерашната победа влезе во друштвото на Франција и Уругвај селекции кои во историјата на Мундијалите имаат освоено по две светски титули.

Аргентина останува на три титули, за Аргентиците ова е четврто загубено финале на Шампионатите.

пред 6 часа00:18

Аргентинците го завршија натпреварот без ниту еден удар рамките од голот на Унаи Симон.

Гаучосите патија само два удара, од кои првиот беше дури во 116-тата минута од натпреварот, а вториот во последните секунди од надополнувањето на второт продолжение.

пред 6 часа00:11

Светската фудбалска федерација ФИФА на Шпанија веќе и ја честиташе новата титула.

пред 6 часа00:07

Шпанија по големото финале во Њу Џерси како и во 2010 година ги обедини евопската и светската круна.

По повеќе од два часа вистински спектакл и вистинска американска спортска манифестација на преполниот стадион Метлајф во Њу Џерси со настапи на светски фудбалски ѕвезди како Мадона, Шакира, Џастин Бибер ... светот го доби новиот фудбалски светски шампион .

пред 6 часа00:02

Светот има нов фудбалски владетел, Шпанија е освојувач на победничкиот пехар од 23 Светско првенство кое скоро 40 дена се играше во САд, Канада и Мексико. Во големото финале црвената форуја го победи бранителот на тронот Аргентина дури по продолженија со 1-0.

Шпанците по пауза од 16 години и Мундијалот во Јужна Африка во своето второ големо финале се искачи на фудбалскиот трон на Светот, и по втор пат во историјата стигна до светска круна.

Меси не успеа да го повтори успехот на Пеле и Бразил и да ја одведе својата Аргентина до одбрана на титулата светски шампион. Во премиерното мундиалско финале меѓу шампионите на Европа и Аргентина сосема заслужено Шпанија ја освои втората тутла бидејќи целиот турнир избраниците на Де ла Фуенти одиграа скоро без грешка и имаа импозантна статистика од 14 постигнати и само еден примен гол.

Голот вреден титула за Шпанија е дело на Феран Торес постигнат во 106 мунута по одличната повретна топка со глава на Нико Вилијамс .

пред 7 часа23:45

Во првата минута од второто продолжение скршен е бедемот на Аргентина. Феран Торес одлично реагираше на додавањето на Нико Вилијамс Шпанија води против Аргентина со 1-0 со гол во 106 минута.

пред 7 часа23:42

Мируваат мрежите и по првите 15 минути продолженија на финалето во Њу Џерси.

Најголемата шанса за гол во продолженијата ја имаше Шпанецот Мерино кој биеше со глава но неговиот удар заврши крај стативана од голот.

Инаку ова е петтото од последните 6 мундијалски финалиња во кое победникот се решава по продолженија или пенали.

пред 7 часа23:29

6 минута од првото продолженија гол на младиот Шпанец, Нико Вилијамс, Словенецот Винчиќ свири фаул над голманот на Аргентина Мартинез, голот е поништен нема реакција ниту од ВАР собата иако има материјал за тоа.

пред 6 часа23:24

Шпанската фудбалска репрезентација е новиот светски шампион.

YouTube video

Големото финале на 23 Светско фудбалско првенство меѓу Аргентина и Шпанија замина во продолженија по регуларните 90 минути без голови.

Одбранбениот бедем на актуелниот светски шампион Аргенитна ги издржа сите напади на најдобриот европски тим Шпанија.

Фудбалерите на црвената фуија во регуларите 90 минути ја имаа конролата и поседнот на играта но не успеаја да го совладаат вечерва одличниот Мартинез на голот на Аргентина.

Шпанските фудбалери упатија дури 15 шутеви кон голот на противникот но ниту еден не заврши во мрежата на Мартинез.

Бранителот на тронот ниту еднаш не го загрози голот на Симон.

Во продолженијата гаучосите по заслуженото исклучување на Енцо Ферандез играат со човек помалку.

Ова инаку првото мундијалско финале во кое играат актуените континетални шампиони на Европа и Јужна Америка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најубавата српска спортистка се соблече! Ова не е бикини, туку конец!

Најубавата српска ракометарка, Сара Гаровиќ, покрај со своите одлични игри на теренот, плени и во приватниот живот. 

Фото:  Најубавата српска спортистка се соблече! Ова не е бикини, туку конец!

На Инстаграм ја следат повеќе од 30.000 луѓе, а таа често ги радува со провокативни фотографии што ја потврдуваат нејзината титула на една од најубавите спортистки во Европа.

Најновата профилна фотографија ја прикажува Сара во бикини, како позира со два прста кренати високо додека стои на пешкир, со контроверзен натпис:

Добро „га.е“.

Сара Гаровиќ својата кариера ја изгради во ракометот. Започна во белградските клубови „Авала“ и „Вождовац“, а преку двојна регистрација настапуваше и за „Инџија“.

Нејзиниот пат потоа ја водеше низ „Раднички“, „Јуниор“, „Медицинар“ од Шабац и „Бекамент“ од Аранѓеловац, пред да стане шампионка на Србија со „Црвена ѕвезда“, за која настапува во последните две и пол години.

Меѓународно искуство стекна во Полска и Германија, каде што забележа значајни резултати во европските натпреварувања со „Борусија Дортмунд“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на Меси

Поранешната Мис Бум Бум, инфлуенсерката Сузи Кортез, позната како една од најверните и најконтроверзните обожавателки на Лионел Меси, е блиску до исполнување на ветувањето што неодамна го даде. 

Фото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на Меси

Аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство, а доколку го освојат трофејот, провокативната Сузи ќе мора да направи нова тетоважа со ликот на Меси но сега како што најави самата на нејзинтимното место на нејзиното тело.

Со тој потег Сузи уште еднаш ќе покажа колу го обожува својот омилен фудбалер.

„Веќе имам седум тетоважи посветени на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, а една од нив е на интимен дел од телото. Сепак, ако Аргентина освои уште едно Светско првенство, ќе исполнам уште едно ветување – ќе направам нова интимна тетоважа во чест на Меси. И бидете сигурни... таа ќе го шокира целиот свет. Сите што ме следат знаат дека секогаш го исполнувам она што го ветувам. Напред, Аргентина!“, изјави Сузи.

Поранешната победничка на натпреварот „Мис Бум-Бум“ во Бразил претходно се поврзуваше со контроверзиите околу Жерар Пике. Според нејзините тврдења, таа била меѓу жените на кои поранешниот шпански репрезентативец наводно им испраќал експлицитни фотографии додека сè уште бил во врска со пејачката Шакира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер