3Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
ЖивотМртва пијана ги возела трите деца, па им нудела секс на полицајците за да не ја уапсатАмериканка се соочува со серизона затворска и парична казна , откако ги возела мртва пијана своите три деца, а кога ја запрела полицијата , го соблекла градникот и им нудела секс на полицајците.Американката Ребека Сју Доди (29) од Пензилванија е обвинета за нудење поткуп, непристојно однесување и возење по дејстов на алкохол , како и три обвиненија за загрозување на животите на други лица, во случајов нејзините три мали деца , кои мртва пијана ги возела на задното седиште. Таа е пуштена со кауција од 2 500 долари , а првото сослушување пред суд е закажано за 19. септември. Сè се случило во саботата кога полицијата интервенирала во нејзиниот дом поради семејно насилство. Кога стигнале таму, разговарале со нејзиното момче Џејкоб Анголи, кој им рекол дека пијана ги возела нејзините три деца. Во тоа време, полицајците разговарале и со жената , која мирисала на алкохол, била нестабилна, тешко разговарала и очите и биле стаклени. Полицијата ја уапсила за возење пијана, поради тоа што ги изложила на опасност своите деца. „Додека бевме на пат кон болницата, Доди се обиде да ми понуди сексуални услуги за да избегне казна“, рече полицаецот кој ја уапси. Нејзиното однесување, наводно, продолжило во болницата, пред лекарите и полицијата. Полицијата ја привеле, а таа ја соблекла маицата и градникот и им ги покажала на градите, па продолжила да им нуди секс како замена за пуштање без обвиненија против неа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter