Најмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус
2Најмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус
МакедонијаМП: Предлог Законот за Судски совет е во владина процедураПредлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија .Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители. Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина. Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството. Клучни новини кои се предвидени со Законот: • Се предвидува јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна. • Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Истакнати нови, појасни квалификации. • Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност. • Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите. • Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ. -За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака. Очекуваме Предлог Законот за Судски совет наскоро да биде усвоен во Собрание, како што и беше предвидено.Тагови: Министерство за правда Судски совет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИнцидент во близина на американска воена база во Британија- уапсени се повеќе лица Британската полиција прогласи голем инцидент во селото Велфорд, во близина на воздухопловната база Ферфорд на РАФ, која ја користат американските воздухопловни сили. Неколку мажи беа уапсени под сомнение за кривични дела поврзани со експлозиви, а дел од селаните беа евакуирани од своите домови. Полицијата во Глостершир соопшти дека евакуираните лица се однесени во близок центар за забава додека продолжуваат истрагите. На терен е испратен специјализиран воен тим за отстранување на експлозивни направи, кој проверува неколку возила. Полиција: Инцидентот е ограничен на таа област Во областа Велфорд е поставен полициски кордон и голем број служби за итни случаи се на местото на настанот. Меѓу нив е и специјализиран медицински тим за интервенции во опасни подрачја. Засега, полицијата верува дека инцидентот е ограничен на областа под надзор и не објави дека постои опасност за пошироката јавност. „Голем број имоти моментално се евакуираат во областа Велфорд по прогласувањето на голем инцидент. Ова следува по апсењето на голем број мажи под сомнение за кривични дела според Законот за експлозиви“, соопшти полицијата. Тие додадоа дека соработуваат со други служби и спроведуваат однапред подготвени процедури за вакви ситуации. Досега не е објавено точно колку мажи се уапсени, што е пронајдено во возилата или дали постои директна врска помеѓу осомничените и воената база. Во близина на важна база на американските воздухопловни сили RAF Fairford се наоѓа во Глостершир, на југозападна Англија. Иако е база на британските кралски воздухопловни сили, таму се наоѓа командата на 501-то крило за борбена поддршка на САД, а базата интензивно ја користат американските воздухопловни сили. Американското воздухопловство го опишува RAF Fairford како главна напредна европска локација за стратешки бомбардери. Бомбардери Б-52 се распоредени и таму за време на разни мисии и вежби, а базата игра важна улога во американските и НАТО операциите во Европа. Полицијата досега не посочи дека денешниот инцидент има каква било врска со работењето на базата или американските воени сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаНајмалку двајца загинати и 26 повредени во автобуска несреќа во Германија- се преврте туристички автобус Туристички автобус се преврте на автопатот А96 во близина на Бухлое во Баварија рано утрово. Во несреќата загинаа две лица, а 26 се повредени, од кои едно е во животозагрозувачка состојба. Несреќата се случила кратко по шест часот, објавува Билд. Во автобусот со италијански регистарски таблички имало помеѓу 40 и 50 патници, членови на туристичка група од Филипините, чија дестинација засега не е позната. Портпаролката на полициската управа на Горна Баварија Северна изјави за Билд дека едно лице починало на местото на несреќата, додека другото им подлегнало на повредите недолго потоа. Причината се утврдува Според првичните информации, автобусот слетал од десниот раб на патот без учество на други возила, а потоа се превртел во канал. Шофершајбната била целосно уништена. Државното обвинителство ангажирало експерт за реконструкција на настанот и утврдување на причината за несреќата. На терен има голем број спасувачи, а хеликоптер прелетал над местото на несреќата. Пожарникарите го обезбедиле превртеното возило со јажиња и дрвени потпори. „Ги замоливме нашите колеги на терен да ја проценат ситуацијата. Засега можеме само да кажеме дека има многу повредени“, изјави портпаролката, истакнувајќи дека податоците постојано се менуваат. Идентитетот на жртвите сè уште не е објавен. На задната страна од автобусот има рекламен знак „Доверете ни ги вашите потреби за патување“. Автопатот е затворен во двата правци Поради несреќата, автопатот А96, кој поминува низ Бухлое и ги поврзува Минхен и Меминген, е целосно затворен за сообраќај во двата правци помеѓу раскрсниците Бухлое-Ост и Ландсберг ам Лех-Вест. Според информациите од автоклубот ADAC, се очекува прекинот да трае најмалку 11 часа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“. Претседателката ќе оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а ќе го посети и Глобалниот семинар во Салцбург. За време на престојот, претседателката ќе ја посети македонската православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“ во Халејн. Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери. Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05