Можностите за инвестирање во земјава претставени на бизнис форуми во Истанбул и Бурса

Можностите и условите за инвестирање во Македонија вчера и денеска ги претстави министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Можностите и условите за инвестирање во Македонија на два одделни бизнис форуми во организација на Стопанската комора за индустрија и трговија од Бурса и Индустриската комора на Истанбул, вчера и денеска ги претстави министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

– Имаме законски втемелна и транспарентна рамка за привлекување на нови инвестиции, со силна институционална поддршка која гарантира безбедност и долгорочен развој за бизнисот, стабилни и развојни економски параметри кои ја прават Македонија атрактивна за нови инвестиции, порача Апостолска.

Пред присутните претставници на бизнис заедниците од Бурса и Истанбул, зборувајќи за деловниот амбиент во Македонија, министерката Апостолска истакна дека владините економски политики содржани во мерките од Планот за економски раст создадоа атрактивно економско опкружување во кое странските компании се повеќе препознаваат интерес за отпочнување и водење на бизнис.

– Со напорна работа ја стабилизиравме економијата и овозможивме побрз и одржлив развој за бизнисот. Позитивни стапки бележиме во економските индикатори, пет квартали по ред бруто домашниот производ бележи раст над три отсто, индустриското производство бележи раст од над пет отсто, извозот расте со стапки од околу 15 отсто. Во делот на директните странски инвестиции минатата година имавме рекордно ниво од 625 милиони евра, успех кој беше нотиран и од страна на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД), која Македонија ја препозна како регионален лидер со раст од 260 пппроценти на странските инвестиции во 2018 година, рече Апостолска.

Осврнувајќи се на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Апостолска истакна дека ова законско решение се има покажано како посебно успешно во поттикнувањето на нови инвестициски циклуси, што може да биде охрабрувачки и стимулативно и за турските компании во развивањето на своите бизнис планови да се насочат кон Македонија.

Апостолска нагласи дека сега е вистинско време да се започне инвестициски проект во Македонија, поканувајќи ги присутните стопанственици од Бурса и Истанбул да ја посетат земјата и непосредно да се уверат во условите за отпочнување и водење на бизнис.

Министерката Апостолска имаше и неколку билатерални разговори со претставници на турски компании до Бурса и Истанбул, потенцијални инвеститори, кои детално ги информираше за финансиската поддршка што може да ја очекуваат во капиталните инвестиции, креирањето на нови и добро платени работни места, воспоставувањето на деловна соработка со домашни компании, воведување на нови технологии и знаење во производните процеси, како и во делот на отворање центри за развој на технологии.

На форумот во Истанбул за своето позитивното деловното искуство кое го имаат во Македонија зборуваа и претставници на турски компании кои веќе имаат инвестирано и подолго време работат во земјава./МИА

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер