Можности за пласман на земјоделски производи во Русија

Стопанската комора на Македонија и Македонско - руската стопанска комора денеска ќе информираат за состојбите и можностите за пласман на земјоделски прехранбени производи во Руската Федерација.

Според експертите, Македонија нема многу да се офајди од ембаргото што го воведе Русија кон САД и ЕУ бидејќи рускиот пазар е огромен, а нашето производство не е доволно големо. Во однос на квалитетот ќе немаме проблем и од овој аспект пласманот е сигурен.

Македонија се уште нема договор за слободна трговија со Русија, но неколку години преговара за бесцарински извоз на одредени производи. Во моментов плаќаме 16 отсто царина за извоз во Русија, што значително влијае врз цената на нашите производи на тамошниот пазар.

Земјоделците во отворањето поголем простор на рускиот пазар гледаат можност да се решат од пазарните вишоци. Извозните компании, пак, кои се занимаваат со производство на храна веќе размислуваат да отворат фабрики или погони во соседните држави кои имаат слободни трговски договори со Русија за да може полесно да ги пласираат своите производи на рускиот пазар. Други ја разгледуваат опцијата за здружување со српски партнери за, преку нив, без царина да го испратат производството во Русија.

Годишниот извоз на македонски земјоделски производи на рускиот пазар е 200 до 300 илјади тони.

Трговската размена меѓу Македонија и Русија во првата половина од годинава изнесува 74 милиони долари. На извозот отпаѓаат 13 милиони долари, а на увозот скоро 61 милион долари. Истиот период лани размената била 140 милиони долари. Во текот на целата 2013 година извозот достигнал 31,5 милиони евра, додека увозот 163,5 милиони долари.

Во структурата на извозот најмногу се застапени прехранбените производи (вклучително зеленчук и овошје), лекови за малопродажба и феросилициум. Од овошјето и зеленчукот најмногу се извезуваат кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, зелка и сличен зеленчук. Во увозното салдо најголемо учество имаат нафтените масла и природниот гас.

Русија воведе едногодишна забрана за увоз на храна од ЕУ и САД како одговор на европските санкции поради случувањата во Украина.

Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, му се влошила состојбата со коронавирусот

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на Инфективната клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, јавуваат медиумите ,но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Тој самиот пред неколку дена изјави дека му бил дијагностивиран Ковид-19 , но дека се чувствува добро и е во самоизолација во родниот Челопек.

Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците

Косовската полиција вечерва објави дека во Призрен напаѓачот пукал кон полицајците кои одговориле со огнено оружје во самоодбрана.

Во соопштението, косовската полиција наведува дека нивните припадници вечерва во Призрен го пронашле осомничениот Б.Ш., со прекар „Слепи“, за кого е распишана потерница за делото „убиство во обид“.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот започнал да пука кон полицајците, кои биле принудени да одговорат со огнено оружје во самоодбрана, се вели во полициското соопштение.

На осомничениот, кој бил повреден при размената на оган, му била укажана лекарска помош и бил испратен на лекување во болница.Сепак, надлежните лекари потврдиле дека лицето починало, се додава во соопштението.

На местото на настанот е пронајдено оружје, со кое осомничениот пукал кон полицајците, како и две рачни бомби.

Форд од 80-тите е најскапиот караван на светот(ФОТО)

Тргувањето со стари автомобили е денес многу профитабилна работа, особено кога станува збор за егзотични примероци на класиците од минатиот век.

Овој Форд не припаѓа скоро никаде. Тоа е издолжено возило, типично за американскиот пазар,што ја дели основата со тогашниот Мустанг. Готовиот производ е апсолутно неинтересен во однос на технологијата. Се напојува со 3.8 V6 мотор , а овој модел има 150.000 километри поминато зад себе.

Сето ова вели дека автомобилот ќе биде тешко да го смени сопственикот, дури ни за неколку илјади евра, а камоли за 1.999.999 евра, колку што бара сегашниот сопственик. Неговата самодоверба произлегува од фактот дека тој е единствен, барем кога станува збор за изгледот. Автомобилот е насликан во 1996 година од танзанискиот уметник Џорџ Лиланг.

Според огласот објавен на mobile.de, Лиланг го насликал автомобилот за време на изложбата во Фирт, Германија, кога сопственик на хотел му понудил бесплатно сместување доколку го наслика автомобилот и го претворил во уметничко дело.

Друг уметник, Пони Јенги, помогнал во креирањето на новата надворешност, украсувајќи ги предните и задните делови на возилото, додека остатокот го направил Лиланг.

Без сомнение, безличниот караван станал уметничко дело и единственото прашање е дали вреди толку многу.

притисни ентер