„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
2„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
БалканМожна блокада на патиштата кон ЕУ: Регионални превозници бараат крај на дискриминацијатаМакедонски и регионални превозници бараат крај на дискриминацијатаДоколку не се постигне договор помеѓу претставниците на ЕУ и државите од регионот за изземање на професионалните возачи од европското правило „90/180“, превозниците од Македонија, БиХ, Србија со поддршка од асоцијации на превозници од Турција, Молдавија и Црна Гора, планираат блокада на патиштата кон ЕУ. Ова го потврди за „Аваз“ координаторот на Конзорциумот за логистика на БиХ, професорот Велибор Пеулиќ, по состанокот на лидерите на водечките транспортни асоцијации во регионот, кој се одржа во Белград. Професионалните возачи од БиХ, Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Турција веќе долго време се соочуваат со апсења, депортации и казнувања, бидејќи за нив не важи исклучок од правилото за бројот на денови кои можат да ги поминат во земјите од ЕУ. Пресудата на Сојузниот суд за управување, азил и миграции во Салцбург, Австрија, донесена во корист на возачите од БиХ, дава надеж за позитивно толкување на правилото „90/180“ и за третирање на возачите како активни учесници во транспортот, а не како туристи. - Ако до првиот квартал на 2025 година не се постигне прифатливо решение за изземање на професионалните возачи од правилото кое дозволува престој од максимум 90 дена во рок од 180 дена, превозниците ќе преземат координирана акција. Над 470.000 транспортни единици во ист ден и час ќе блокираат снабдувачки синџири кон и од ЕУ. Блокадата ќе предизвика нарушување на сите снабдувачки синџири во ЕУ, изјави Пеулиќ. На состанокот е поддржана иницијативата на министерот за комуникации и транспорт на БиХ, Един Форто, да се испрати заедничко барање од ресорните министри од регионот до ЕУ, Европската комисија и амбасадорите на ЕУ најдоцна до 20 декември. Од деловните заедници во ЕУ и странските инвеститори во регионот се бара поддршка. - Одлучни сме во намерата да го искористиме дијалогот и со силни аргументи да го докажеме правото на работа и партнерство со ЕУ, со цел да се елиминира дискриминацијата на превозниците од државите од регионот на пазарот на ЕУ, нагласи Пеулиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното мореЈеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот. Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен. Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЕвропска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“. Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup. Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации. Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром. Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот. Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајотКампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот. Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter