МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
1МВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштата
2СДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзија
МакедонијаМожен ли е напредок на Македонија на патот кон ЕУ?Иднината на Македонија е во Европската унија но националните интереси мора да се заштитени порача премиерот Христијан Мицкоски, по завршувањето на самитот од Берлинскиот процес кој се одржуваше во Лондон. Вели од ЕУ бараме гаранции а од Бугарија почитување на меѓународното право. По повеќето средби кој ги имаше во рамки на самитот истакна дека останува оптимист но вели важно е земјава да ја испорача домашната задача – реформите. „Останувам оптимист, а најважно е да ја испорачаме домашанта задача тоа е најважното а тоа е реформите и тоа ќе го праиме во периодот кој што следува, очекувам откочување на проблемот кој го имаме во овој момент, но ајде да видиме. Рековме ние наша цел е да го заштитиме нашето национално достоинство, нашиот идентитет, и нашите национални интереси. Мора да има испорака во дел на гаранции од самата ЕУ мора да има испорака од нашиот источен сосед во делот на почитување на меѓународното право....“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Грција ќе се погрижи да се забрза патот на Западен Блакан кон ЕУ, и во таа насока ќе излезе со низа иницијативи, порача грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис во изјава за државната телевизија ЕРТ по учестовто на Самитот. Вели интеграцијата е решение за многу актуелни кризи. „Западен Балкан, кој моментално е на патот кон Европската Унија, треба да забрза. Исто како и Европската Унија, треба да направи сè што е во нејзина моќ за Западен Балкан да стане место на мир и просперитет. А за да го направи тоа, единствениот сигурен пат е европското семејство. Тоа е неопходност, што станува се поочигледна денес, со толку предизвици, со големи бранови на универзални проблеми кои нè погодуваат, со национализмите, кои се развиваат. Патот кон европското семејство треба да се забрза. И Грција ќе се погрижи во оваа насока со низа иницијативи.“ - Јоргос Герапетритис – министер за надворешни работи на Грција. Инаку на Самитот се разговараше и за нелегалната миграција во Европа и за начините на кои Велика Британија може да помогне во затворањето на западно балканската мигрантска рута која минува и низ МАкедонија. Во Лондон освен премиерот Мицкоски, беше и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, како и министерот за транспорт Александар Николоски. Тие изминативе денови имаа низа билатерални среди, а како што соопштија од кабинтот на Николоски, освен што се разговарало за конкретни чекори во насока на реазилација на прокетите од Договорот Влада со Влада, и брзата пруга на Коридор 10, ресорниот министер во Лондон со британскиот министер за воздухоловство, поморство и декарбонизација потпишале меѓудржавен договор за авиосообраќај, кој според Николовски ќе создаде услови за нови линии и бројни туристи од Британија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР со засилени сообраќајни контроли во рамки на ROADPOL: Фокус на брзината и безбедноста на патиштатаАкциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење.Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина на движење, со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици. Имајќи предвид дека се наоѓаме во период на летни одмори, кога е зголемена фреквенцијата на возила на патиштата, сообраќајната полиција ќе спроведува засилени контроли и превентивно-репресивни мерки на патните правци низ целата држава. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја приспособат брзината на условите на патот и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Гостиварската болница среде епидемија со еден инфектолог, дерматолози на дежурство, а Мицкоски и Клековски на екскурзијаПациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена.Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:• еден специјалист инфектолог • четворица специјализанти • и дерматолози. Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните. Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово - затоа што и болницата им е отруена. Додека ова се случува: • Мицкоски и Клековски се на екскурзија. • Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките - да го испуштат проблемот со бактеријата. • Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив - беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов). • Тошковски сега најавува нови анализи на водата - затоа што досега очигледно не биле правено како што треба. Граѓаните се трујат. Болницата е преоптоварена. Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија. Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЧаир доби 20 нови клупи за граѓанитеОпштина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните.Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната опрема ќе продолжи и на други локации, согласно потребите на населбите и барањата на граѓаните, како дел од заложбите на Општина Чаир за создавање поуредена, пофункционална и поквалитетна урбана средина. Општина ЧаирТагови: Општина Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter