„Постои надеж за евакуација на жителите на Мариупол на територијата контролирана од Украина“, соопшти градскиот совет на Мариупол на својот профил на Телеграм.
Иако Советот се уште чека потврда, во неговиот пост се вели дека евакуацијата ќе биде денеска од трговскиот центар.
„Окупаторите дозволија движење меѓу областа на левиот брег и другите области на градот на десниот брег. Движењето е отворено преку мостот кон Мухино“, рече Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол на Telegram.
Во оваа фаза, не е јасно дали некоја евакуација ќе ги опфати луѓето заробени во комплексот на фабриката за челик Азовстал.
Севкупно, околу 100.000 луѓе сè уште се во Мариупол, четвртина од неговото предвоено население.