СветМожен договор со Иран и итно отвораењ на Ормускиот теснец уште викендов?Можен договор со Иран уште викендов и итно отворање на Ормутскиот теснец. Американскиот претседател Трамп во веројатно досега најсамоуверен јавен настап најавува крај на 105-дневната војна на Блискиот Исток. Најновата порака е уште еден остар дипломатски маневар на Трамп, само три часа пред американските проектили да го започнат најавенот жесток бран напади врз Иран, кој самиот го објави вчера. -Штотуку постигнавме одличен договор за војната со Иран. Тоа ќе биде предмет на финализирање на документите, што треба да се заврши во текот на следните неколку дена. Веројатно ќе биде потпишан, можеби во Европа. Дали Врховниот лидер го одобри овој договор? – Јас разбирам дека одговорот е „да“. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Се согласија на тоа. Тоа беше главната причина и голем дел од причините. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Повеќе светски медиуми шпекулираат дека церемонијата на потпишување на меморандумот би се случил веќе в недела во Женева, а во име на Вашингтон параф ќе стави потпретседателот Џеј Ди Венс. Аксиос пиушува дека неколку американски авиони полетале кон Европа за да се подготват на таквото сценарио. Но, Иран вели прерано е за славје. Од иранското МНР признаваат дека е направен значителен, но не и финален исчекор. -Вистина е дека Иран се согласува со најголем дел од потенцијалниот договор со САД, но конечен договор не е финализиран. Иран нема да прави компромис со црвените линии, затоа што Вашингтон постојано ги менува ставовите. , изјави Eсмаил Багхеи, портпарол на иранското МНР. Последните изјави влеваат надеж, но светската јавноста со резерва ја прима пораката на Трамп, кому медиумите досега му избројаа 37 слични најави дека конфликтот е речиси завршен. Неговите најави сепак драстично се одразија на цената на нафтата, кој го достигна двомесечниот минимум. Нафтата од типот Брент падна за четири проценти и се продава за 89 долари за барел.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАнтитерористичка акција во Германија: Уапсен маж осомничен за поврзаност со Исламската државаСпецијални полициски единици извршија претреси на неколку локации во Германија поради сомневања за терористички планови поврзани со „Исламската држава“, пишува „Билд“. Во петок наутро, во Дрезден беше уапсен 37-годишен маж под сомнение дека се обидел да ѝ се приклучи на терористичката организација. Истрагата ја води Главното државно обвинителство на Саксонија, а во рамките на операцијата, полицијата изврши претрес и во семејна куќа во Шварцхајде (Бранденбург) и на три локации во Берлин. Истрага за тероризам Портпаролот на обвинителството, Патрик Пинтаске, изјави дека 37-годишникот се товари за обид за членство во странска терористичка организација, како и за подготовка на терористичко кривично дело. Тој нагласи дека во ниту еден момент немало конкретна опасност за населението, пренесува германскиот медиум МДР. Мажот, чија националност сè уште не е соопштена, беше уапсен во својот стан во Дрезден и му е одреден притвор. Претреси во Берлин и Бранденбург Претресите во Шварцхајде и Берлин беа насочени кон трети лица кои формално не се под истрага. Државното обвинителство не сакаше да ја открие нивната поврзаност со уапсениот маж, објаснувајќи дека истрагата сè уште е во тек. Во операцијата, на истражителите од Саксонија им помагаа полициски сили од Бранденбург и Берлин, а учествуваа и специјални единици. За време на претресите, полицијата заплени техничка опрема, документи и ладно оружје. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри.Северна Кореја денес ги отфрли како неосновани обвинувањата од Сеул дека севернокорејски мини тешко повредиле јужнокорејски војници во Демилитаризираната зона, одбивајќи го барањето на Јужна Кореја за извинување, објави државната новинска агенција „KCNA“. Ким Јо Џонг, функционерка на владејачката Работничка партија и влијателна сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјави дека Пјонгјанг не поставил намерно мини во граничната зона. Во својата изјава, Ким истакна дека Јужна Кореја „донела неоснован заклучок оти експлозијата била предизвикана од некој што тајно и намерно поставил мини“. Истовремено, таа изјави дека Северна Кореја нема да дозволи каква било можност за контакт меѓу двете земји, опишувајќи ја директната средба со Јужна Кореја како „кошмар“, пренесе „KCNA“. Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри, која се протега низ Корејскиот Полуостров. Нејзината војска побара од Северна Кореја да се извини и да ги запре работите за утврдување на границата, наведувајќи дека ќе преземе „соодветни“ мерки, пренесе Ројтерс. Јужнокорејската војска спроведе истрага за инцидентот заедно со Командата на Обединетите нации, која го надгледува почитувањето на примирјето од Корејската војна. Командата на ОН во средата објави дека инцидентот претставува кршење на примирјето од Корејската војна. Извор: Б92Тагови: Пјонгјанг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66Тајван ги презеде првите два од вкупно 66 борбени авиони Ф-16В Блок 70 купени од Соединетите Држави.Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува значаен чекор во зајакнувањето на воздушната одбрана на земјата. „Ова ја покажува нашата решеност да ги зајакнеме капацитетите за самоодбрана и да обезбедиме мир преку сопствената сила“, рече Лаи. Обука и воведување во употреба Командата на тајванските воздухопловни сили соопшти дека ќе спроведе обука за премин кон новиот тип на авион, а потоа постепено ќе ги воведе во оперативна употреба. Командата истакна дека 7-мото тактичко борбено крило е формирано во декември 2023 година и е предвидено да биде опремено со новите авиони Ф-16В Блок 70. Министерот за одбрана Велингтон Ку претходно пред новинарите потврди дека „годинава ќе бидат испорачани повеќе од два авиона“. Договор вреден 8 милијарди долари Соединетите Држави ја одобрија продажбата на 66 авиони Ф-16В и придружна опрема на Тајван уште во 2019 година. Вкупната вредност на договорот се проценува на приближно 8 милијарди долари. Извор: Индекс.хрТагови: САД Тајван Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook