АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
1АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
МакедонијаМоже ли да смета ВМРО-ДПМНЕ на поддршка од коалицискиот партнер ВРЕДИ во вториот круг?Може ли да смета ВМРО-ДПМНЕ на поддршка од коалицискиот партнер ВРЕДИ за нивните кандидати за градоначалници во вториот круг? Ова прашање се отвори во јавноста откако Биљал Касами во ТВ дебата на албанската телевизија Сири отворено и без ракавици изјави дека тие во Кичево ќе го поддржаат кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари наместо кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јованоски. Покрај за Кичево, Касами кажа дека и во другите места кадешто Албанци и Македонци влегоа во вториот круг, тие ќе ги поддржат кандидатите Албанци, а истото го очекува и до ДУИ. -Дали ќе го поддржите кандидатот на ДУИ во Кичево? Да, сигурно. Во Кичево и на други места кадешто нашиот кандидат не помина. –Таму кадешто има кандидати Албанци вие ќе ги поддржите? Да, верувам дека и ДУИ ќе го направи истото во Брвеница, општина близу Тетово, каде што кандидатите на ВРЕДИ се во вториот круг со оние на ВМРО-ДПМНЕ. Во Долнени која е општина во Пелагонискиот регион во близина на Прилеп, каде што има кандидат на ВРЕДИ и на ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека ДУИ ќе ги поддржи нашите кандидати, изјави Касами. Од ВМРО-ДПМНЕ со чија поддршка Касами победи во првиот круг на градоначалничката трка во Тетово, но и отворено ги поддржаа кандидатите на ВРЕДИ во Чаир, Сарај и Струга, за Канал 5 велат дека очекуваат зрело политичко однесување и обединување околу вредности, а не етнички прашања кои предизвикуваат поделби слично на како што велат, однесувањето на ДУИ. -Ние сме за обединување околу вредности, наместо околу етнички прашања и теми кои предизвикуваат поделби. Тое го очекуваме од сите зрели политички фактори, затоа што секое спротивно однесување е слично на тоа на ДУИ кои се жестоко поразени, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5. Ова не е прв пат Касами да излезе со ваква реторика. Жестока реакција предизвика неговиот повик во изборната кампања до Албанците да се обединат за повторно да имаат градоначалник во општина Брвеница и како што рече, да си ја вратат општината назад, по што Мицкоски му одговори дека на ваков начин влегува во фоклорот на ДУИ. Мицкоски во последното интервју кажа дека тие немаат формален договор, ниту со ВРЕДИ ниту со ЗНАМ, но очекува меѓусебно да се поддржат таму каде што е потребно. -Ние немаме формален договор со никого. /// Ниту со ЗНАМ, ниту со нив, тогаш би биле во тие општини како коалиција. Ние сме рекле таму кадешто има потреба ќе се поддржуваме, дали ќе не поддржат претпоставувам да, дали ќе ги поддржиме, претпоставувам да., изјави тогаш Мицкоски. Дел од политичките аналитичари пак со оценка дека членството и приврзаниците на ВРЕДИ нема јавно да дадат поддршка за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните, но зад параванот очекуваат да го дадат својот глас за нив. -Јавно мислам дека нема да се произнесат. А не јавно ама мислам дека ќе се помага кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што гласачите на СДСМ ќе одат кај кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тие се некаде 5-6 посто ако не се лажам. И мислам дека луѓето имаат интереси, животот е интерес. И мислам дека многу блиску е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да го добие Кичево, изјави Вејсели. Сепак, дека етничката припадност е се уште главен фактор и определба при гласањето покажува исходот од првиот круг во општина Чашка, која за првпат доби градоначалник Албанец од ДУИ. Таму имаше уште двајца кандидати за градоначалници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека Вреди не номинираше нивен кандидат, со што македонските гласови се поделија, а албанските отидоа на контото на кандидатот од ДУИ, Суат Шаќиров.Тагови: ВМРО - ДПМНЕ ВРЕДИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработенитеПлатата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените. Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28