МФ:ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
1МФ:ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
ТехнологијаМов пораснал на надворешноста на Вселенската станица, научниците шокирани: Неуништлива е Спори на мов преживеале девет месеци во вселената и можеле нормално да се размножуваат по враќањето на Земјата, според нова студија на јапонски научници од Универзитетот Хокаидо.Истражувачите велат дека нивните наоди „откриваат потенцијал на земските растенија да издржат екстремни услови“, вклучително и оние надвор од планетата. Експериментот, како што објави CBS News, бил спроведен на мов прикачен на надворешноста на Меѓународната вселенска станица (ISS). Иако хлорофилот на спорите, кој им ја дава нивната зелена боја, бил деградиран за време на нивниот престој во вселената, повеќе од 80 проценти од спорите ја задржале својата виталност, што покажало дека овој мов е речиси неуништлив. Некои видови мов покажале отпорност на УВ зрачење, високи температури и интензивна светлина, додека други би можеле да се користат во пошумување и системи за поддршка на животот. Авторите на студијата нагласуваат дека преживувањето во екстремни и непознати услови е важно за разбирање на отпорноста на земските организми и подготовка за идните човечки населби на Месечината или Марс. Научниците додаваат дека спорите на мов продолжиле да 'ртат по враќањето на Земјата, потврдувајќи ја нивната извонредна отпорност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ:ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политикиММФ во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден, Во Извештајот на ММФ, објавен денеска се наведува дека економскиот раст во 2025 година достигна 3,5%, поттикнат од силната инвестициска активност и растот на приватната потрошувачка. Воедно, се констатира дека и покрај предизвиците на приходната страна, фискалните цели за 2025 година биле исполнети, а јавниот долг бележи благо намалување како резултат на силниот номинален раст на економијата. Извршниот одбор на ММФ во извештајот на поздравува определбата на Владата и Министерството за финансии за фискална консолидација и зачувување на одржливоста на јавните финансии. Во извештајот се нагласува дека континуираните напори за намалување на буџетскиот дефицит, подобрување на наплатата на приходите, зголемување на ефикасноста на јавните расходи и одговорното управување со јавниот долг се важни за дополнително зајакнување на отпорноста на економијата. Истовремено, Фондот укажува на потребата од внимателно следење на надворешните ризици, особено во услови на зголемена неизвесност на меѓународните пазари и новите притисоци од растот на цените на енергијата. Во извештајот позитивно е оценет и напредокот на државата во рамки на Планот за раст на Европската Унија, при што се потенцира важноста од продолжување на реформите насочени кон подобрување на продуктивноста, деловното окружување, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Во Извештајот се наведува дека во наредниот период е важно да продолжат активностите насочени кон фискална консолидација, јакнење на даночната администрација и подобрување на ефикасноста на јавната потрошувачка и јавните инвестиции. ММФ укажува и на потребата од понатамошно спроведување на структурните реформи за зголемување на продуктивноста, подобрување на деловната клима, унапредување на управувањето со јавните претпријатија и зајакнување на институционалните капацитети. Воедно, се потенцира значењето на реформите во енергетскиот сектор, пазарот на труд и мерките кои ќе придонесат за одржлив и инклузивен економски раст и побрзо приближување кон економските стандарди на Европската Унија. Мисијата на ММФ беше спроведена во периодот од 18 до 31 март 2026 година, а извештајот е подготвен врз основа на прелиминарните наоди објавени по нејзиното завршување. Консултациите по членот 4 се редовни и се спроведуваат еднаш годишно.Тагови: ММФ МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЖивотТрамп го решава проблемот: Белата куќа купува остров? САД разгледуваат план за купување на островите Чагос од Маврициус, доколку Велика Британија му го отстапи суверенитетот на Маврициус над островите, каде што се наоѓа стратешки важната британско-американска воена база „Диего Гарсија“.САД разгледуваат план за купување на островите Чагос од Маврициус, доколку Велика Британија му го отстапи суверенитетот на Маврициус над островите, каде што се наоѓа стратешки важната британско-американска воена база „Диего Гарсија“, изјави американски функционер запознаен со разговорите. Американски функционер изјави за британскиот „Телеграф“ дека Белата куќа имала редовни разговори со Даунинг стрит за иднината на базата Диего Гарсија. Купувањето на островите е една од неколкуте опции што ги изготви администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во документ чија цел е да се обезбедат алтернативи на планот на британскиот премиер Кир Стармер за предавање на суверенитетот над островите на Маурициус. Во април, британската влада го суспендираше договорот за пренос на суверенитетот над островите Чагос на Маврициус, каде што се наоѓа американско-британската воздухопловна база Диего Гарсија. Трамп во февруари изјави дека договорот за пренос на суверенитетот над островите Чагос на Маврициус е „голема грешка“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Со вело-тура околу Охридското езеро се заокружија активностите на ЕУ по повод Денот на Европа 2026Преку велосипедизам кој поврза три града и две држави, детска смеа и музика, мали бизниси, креативни работилници, улични изведувачи и акробати, Струга овој викенд беше домаќин на завршната активност од програмата за Денот на Европа 2026.Настанот ја заокружи серијата настани што во текот на мај и почетокот на јуни се одржаа во повеќе градови низ земјата, под мотото „Наша Европа.” и Посилни заедно“, со порака до граѓаните да ја почувствуваат Европа во својот град. Преку прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро велосипедисти, институции, партнери и гости ја поминаа рутата Струга, Поградец, Охрид, Струга, носејќи порака за одржлива мобилност, активен животен стил, прекугранична соработка и отворени јавни простори што им припаѓаат на граѓаните. Настанот беше организиран од Јуроп хаус и Делегацијата на Европската Унија во Македонија, во соработка со Јуроп хаус и Делегацијата на Европската Унија во Албанија, заедно со Општина Струга, Општина Поградец и Општина Охрид. Во текот на денот, паралелно со велосипедската тура, Паркот на поезијата во Струга стана едно од најживите места во градот. Во велосипедската тура учествуваа и претставници на амбасадите на земјите членки на Европската Унија, предводени од Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, словенечкиот амбасадор Грегор Прескер и неговиот тим од Амбасадата на Словенија, Матијас Хуменбергер, заменик амбасадор на Австрија, како и претставници од Амбасадата на Словачка и Делегацијата на Европската Унија. За време на активностите во паркот, граѓаните имаа можност да уживаат во базарот на мали бизниси, детската програма, креативните работилници, друштвените игри, музика и ди-џеј сет, улични изведувачи и акробати. Програмата беше создадена како отворена покана за сите генерации, за семејства, деца, млади, локални креативци и посетители кои сакаа да поминат ден во духот на дружење, радост и европски вредности. Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Бен Нупнау, истакна: „Оваа велосипедска тура го носи духот на Европа: отворена, инклузивна и секогаш во движење напред. Таа нè потсетува дека сме дел од истото патување и дека кога се движиме и педалираме заедно, можеме да постигнеме извонредни работи. Со изборот на две тркала наместо четири, покажуваме дека малите, одржливи избори можат да донесат големи промени за нашето здравје, нашата планета и нашите заедници. Од Струга, преку Поградец и Охрид, па назад до Струга, ова не е само тура околу езеро, туку круг на пријателство, соработка и заедничка посветеност на „Наша Европа“, во која сме „Посилни заедно““. Во реализацијата на програмата во Струга значајна улога имаше Општина Струга, со силна поддршка во создавањето на ова заедничко случување за градот. Во активностите беа вклучени и партнерите Здружение АКВА, “Youth for Struga”, ИНКА, ПХВ на Црвен крст Струга и Дуќан, а за музичката атмосфера се погрижи “Rootboy Selector”. Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, истакна дека Струга е жив пример за европските вредности во секојдневниот живот. „Струга е жив доказ дека овие вредности не се само теорија. Струга е град во кој различните култури, јазици и традиции не нè разделуваат, туку нè прават посилни. Град во кој соживотот е начин на живот, а не само слоган. Стружани ја сакаат Европа, затоа што Европа сме самите ние, во начинот на кој се почитуваме едни со други, во начинот на кој соработуваме и ја градиме иднината за нашите деца“, изјави градоначалникот Ќура. Во Скопје, Градскиот парк беше претворен во вистински европски простор преку настанот „Уживај ја Европа во градскиот парк“, со еко-бизниси, саем на цвеќе, “slow food”, маалски бувљак, “food corner”, игри на отворено од земјите членки на ЕУ и целодневна музичка програма. Во Велес, преку активноста „Растеме заедно“, волонтери, студенти, граѓани и амбасадори заедно садеа дрвја во опожареното подрачје околу езерото Младост. Во Битола, платото пред Јуроп хаус беше исполнето со музика преку концертот на отворено на Фанк Шуи, како дел од програмата „Уживај ја Европа со музика“. Европската приказна продолжи и во Тетово, каде што настанот „Уживај ја Европа со книга“ донесе саем на книгата, панел-дискусии, размена на книги, музика во живо и детска програма. Во Штип, младинскиот настан „Откриј ги можностите“ понуди саем за студирање, мобилност и музичка програма, со фокус на младите и нивните идни можности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter