Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември
1Страст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септември
Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
ЗабаваМост каков што не сте виделе (ФОТО)Завртениот златен мост , кој го држат две огромни раце , дизајн на TA Landscape Architecture е отворен за јавноста во близина на местото Да Нанг во централен Виетнам.Пашачкиот мост во планинскиот предел Ба На Хил Да Нанг наликува како да го носат огромни раце. Рацете иако изгледаат како да се од камен , се направени од стакло пластика и мрежа поставена околу челични носачи. Рацете се украсени со пикнатини и мов за да изгледаат како урнатини од камен. Гледано од страна се чини како рацете да го искорнале мостот од земјата и го обожуваат како подарок на мајката природа , објаснуваат дизајнерите. Тие со месеци ги наговарале инвеститорите да го направат мостот токму во ваков облик , така што сега се гордеат со невообичаената градба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАргентинската фудбалска асоцијација организира специјален викенд за Меси Аргентинската фудбалска асоцијација со посебна чест кон нивниот лидер Лионел Меси.Асоцијацијата со сценарио за сите натпревари што ќе се играат овој викенд во Аргентина. Сите натпревари ќе бидат прекинати во десеттата минута и сите актери на теренот и публиката ќе можат со овации да изразат благодарност за придонесот на Меси во националниот тим. Асоцијацијата веќе испратила писмо до сите клубови со кое тие добиле инструкции за најавениот потег, а паузата која ќе трае една минута и треба да биде одбележана и на натпреварите во футсал и фудбал на плажа. Предвидената минута за правење пауза е поврзана со бројот на дресот кој го носеше Меси, а тој се повлече од националниот тим како рекордер според бројот на настапи и бројот на постигнати голови.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтраст, љубов и трагичен расплет – „Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет на 11 септемвриНа 11 септември 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи - едно од најпознатите и највпечатливи дела на италијанскиот веризам.Со својата силна музичка експресивност и драмска непосредност, „Кавалерија рустикана“ ја носи приказната за љубовта, љубомората, предавството и честа, претставени низ судбините на нејзините главни ликови. Маскањи создава музичка партитура исполнета со страст и драмски набој, во која оркестарот и вокалните интерпретации ја градат атмосферата и напнатоста што водат кон трагичниот расплет. На сцената на Националната опера и балет, делото ќе биде изведено под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Јане Бакевски, а хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Во улогата на Сантуца ќе настапи нашата првенка, Весна Ѓиновска Илкова, Туриду ќе го толкува Зоран Сотиров, Алфио – Марјан Јованоски, Лола – Катерина Стојановска, а Мајка Лучија – Соња Пендовска Мадевска заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Премиерно изведена во 1890 година, „Кавалерија рустикана“ е дело со кое Маскањи се вбројува меѓу композиторите кои го одбележаа развојот на италијанскиот оперски веризам. Нејзината музика, препознатлива по силниот драмски интензитет и непосредното пренесување на човечките емоции, и денес ја задржува својата привлечност и редовно се изведува на оперските сцени ширум светот. Национална опера и балетТагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУПроблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето.. Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.Тагови: камионџии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter