ЖивотМорничавите предвидувања на Нострадамус за 2025 година: Пророкот сугерира „тивко“ паѓање на Западот, а потоа и нов лидерКако што се завршува 2025 година, делата на Нострадамус продолжуваат да ги фасцинираат – и вознемируваат – оние што ги проучуваат.Можеби најморничава тема во неговите четворостихови е сенката на војна. Во еден запис каде што се спомнува дека „Марс владее меѓу ѕвездите, а светилиштата се облеани со крв“, современите толкувачи гледаат предвидување за можен Трет светски војна. Истражувања на Атлантскиот совет и корпорацијата „RAND“ проценуваат дека постои до 30% ризик од голем глобален конфликт до 2026 година. Можеби ќе ве интересира: Индискиот Нострадамус ги откри најсреќните и најопасните датуми до крајот на 2025. Се зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец, војната во Украина продолжува, а триењето меѓу НАТО и Русија ја потхранува оваа загрижувачка нарација. Нострадамус напишал: „Кога Марс ќе го владее својот пат меѓу ѕвездите, човечка крв ќе го попрска светилиштето. Три огнови ќе се издигнат од источните страни, додека Западот ќе го изгуби своето светло во тишина.“ Овие редови се поврзуваат со појавата на нови сили на Истокот, додека „Западот што го губи своето светло“ се толкува како пад на западното влијание и стабилност. Францускиот астролог, исто така, предвидел нови војни, чума и небесна огнена топка што паѓа од небото – што некои го сметаат за астероид или атомска бомба. Марс, симбол на војната и агресијата, означува период обележан со насилство, а „човечка крв ќе го попрска светилиштето“ сугерира страдање дури и во свети или заштитени места. „Трите огнови“ што се издигаат од Исток често се толкуваат како конфликти или подем на моќни нации во Азија, додека „замрачувањето на Западот“ симболизира ослабена моќ или влијание. Кој бил Нострадамус Нострадамус бил француски лекар, астролог и пророк. Како лекар, стекнал искуство во лекување на жртви на чума, што му донело углед и признание. Подоцна станал познат по своите астролошки и пророшки дела, особено по книгата „Пророштва“ (Les Prophéties), првпат објавена во 1555 година. Ова дело содржи 942 поетски четворостихови, напишани во загатлив и алегориски стил, кои опфаќаат теми како војни, природни катастрофи, политички преврати и општествени промени. Нострадамус често се спомнува дека „предвидел“ големи историски настани – подемот на Адолф Хитлер, Француската револуција и убиството на Џон Ф. Кенеди – иако повеќето толкувања се направени ретроспективно. Космичка закана и исцрпени ресурси Во неговите записи се спомнува и космичка опасност: „Од космосот ќе се издигне огнена топка, гласник на судбината; светот ќе моли. Науката и судбината во космички танц — судбината на Земјата, втор обид.“ Некои ова го толкуваат како астероид или комета, а други како атомска експлозија, симбол на спојот меѓу науката и судбината. Нострадамус, исто така, предвидел дека ресурсите ќе пресушат, сценарио што застрашувачки се совпаѓа со сегашната ситуација во Украина. Тој напишал: „По долга војна, војската е исцрпена, нема злато за војниците; наместо тоа, ќе користат кожа, бакар и симболот на месечината.“ Ова се поврзува со денешните извештаи дека војниците во долготрајните конфликти се исцрпени, а финансиските ресурси се на крај. Со намалената американска помош, европските сојузници се принудени да го пополнат јазот, што создава дополнителен притисок врз веќе оптоварените сојузи. Војни, чуми и катастрофи Нострадамус предвидел дека по една војна ќе избие нова во Англија, проследена со смртоносна чума: „Кралството ќе биде обележано со сурови војни, непријатели одвнатре и однадвор ќе се кренат. Голема чума од минатото се враќа, нема поопасен непријател под небото.“ Некои ова го толкуваат како последица на Брегзит или можен конфликт поврзан со монархијата. Тој, исто така, предвидел климатски катастрофи во Бразил, домот на Амазонската прашума: „Градината на светот близу новиот град, по патот на шупливите планини: ќе биде заробена и потопена, принудена да пие води отровени со сулфур.“ Нов таинствен лидер Повторлив мотив кај Нострадамус е подемот на таинствен лидер кој ќе воспостави „водено царство“ – што некои толкувачи го сметаат за симбол на нови политички сојузи или поморски сили во глобалната геополитика, сè порелевантно во денешниот непредвидлив свет. Пишува: Дејли МејлТагови: Нострадамус Пророкот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зградаСо настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо. Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани. Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла. Влезот е слободен. Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026. Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд. Тимот на АКТО фестивал за современи уметностиТагови: АКТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16