Морничава сцена – ајкула загриза алигатор

На Интернет веќе неколку дена кружи видео на кое се гледа како ајкула гризе алигатор за нога близина на пристаниште на калифорнискиот остров Хилтон Хед.

Авторот на видеото бил на одмор во популарна туристичка област кога здогледал опасен алигатор како плива во близина на брегот, пренесува Дејли Меил.

Заинтересираните набудувачи почнаа да фрлаат риба во водата за да го нахранат алигаторот, но наскоро се појавила ајкула која го нападнала.

Алигаторот ја истресе ајкулата од себе, пред напаѓачот да се повлече и да продолжи со својата рутина потрага по плен.

„Бев изненаден кога го видов ова, па го снимив на телефон за да им го покажам на семејството и пријателите“, рече Кори Конлон.

Не е јасно за каква ајкула станува збор. Нападот прикажан на видеото може да биде изненадување за многумина, но не е невообичаено овие двајца предатори да се сретнат и нападнат.

Имено, на Интернет кружат бројни видеа од напади на ајкули и алигатори, и тоа најчести се на Флорида. Главен мотив за борбата на овие предатори е храната, а понекогаш и самите набудувачи и посетители предизвикуваат судир помеѓу ајкули и алигатори фрлајќи им месо.

Извор: srbijadanas.com

Руски боксер со голи раце убил мечка, која смртно го повредила неговиот пријател

Од Русија доаѓаат вести кои делуваат како приказна од хорор филмови.

Илја Медведев, 23-годишен руски боксер, со пријателот ловел риба во Сибир кога ги нападнала мечка. Пријателот Вјечеслав Дудник бил нападнат и убиен од мечката, а потоа се свртела кон Медведев. Боксерот извадил пиштол и пукал, но мечката му го исфрлила од рака. Сепак, Медведев успеал да извади нож и да го избоде животното.

„Имаше крици, а потоа и пукотници. Кога пристигнав, видов дека Вјачеслав е мртов“, рекол рибар кој бил во близина и кој го префрлил Медведев во болница.

Според Дејли Мејл, тој има сериозни повреди и е во критична состојба.

Полициско куче изгризало навивач во Холандија, неговите колеги го нападнаа полицискиот коњ

На синоќешниот натпревар во Лигата одигран во Ротердам помеѓу Феенорд и Унион Берлин, имало жесток судир помеѓу германските навивачи и холандската полиција.

Според германски Билд, претставниците на навивачите тврдат дека конфликтот настанал поради лошата организација. Наводно, имало премал број вработени кои ги прегледувале ковид-потврдитее, а некои скенери биле неисправни.

Потврдите за Ковид се разгледувале многу бавно, што резултирало со голема гужва пред влезот и нервоза кај околу 2400 фанови.

Полицијата во Ротердам известува за настаните сосема поинаку. Велат дека биле цел на група хулигани и се судриле со полицијата. При жестоката тепачка имало повеќе повреди. Еден навивач бил каснат од полициско куче, а хулиганите повредиле полициски коњ. Имено, фрлањето пиротехнички средства го исплашило, па паднал со полицаецот кој го јавал.

Портпаролот на Унион ги поддржал навивачите и тврди дека организацијата била навистина лоша и дека повеќето навивачи целото прво полувреме го поминале во ред пред стадионот. Снимките и сликите, вели, ја потврдуваат крајната бруталност на домашната полиција во пресметката со навивачите.

Позната холивудска актерка е уапсена за време на протестите пред Белата куќа (ВИДЕО)

Полицијата во Вашингтон ја уапси актерката Алиса Милано додека протестирала со група истомисленици пред Белата куќа, барајќи промени на правото на глас.

„Само што бев уапсена додека протестирав и барав од администрацијата на Бајден и Сенатот да го искористат своето право и да го заштитат правото на глас. Застанете со мене и кажете им гласно на Сенатот и Белата куќа дека секој мора да ги има тие права, без разлика каде живеат ", напишала актерката на нејзиниот профил на Инстаграм.

Полицијата прво ја предупредила актерката дека заедно со членовите на здружението People for the American Way мора да се тргне од областа, во спротивно ќе мора да ги уапсат според законот кој забранува собирање толпи и окупирање на улици и тротоари.

Патем, актерката пред протестот објавила дека може да биде уапсена. „Денес ќе ризикувам апсење бидејќи минатата година беа воведени 425 закони кои го ограничуваат правото на глас“, рече Милано во видеото објавено на Твитер. „Затоа ќе барам нашиот претседател да направи се` што е во негова моќ за да ги усвои Законот за слобода на гласот, Законот за правата на глас на Џон Луис и Законот за државност на ДЦ“.

Актерката од порано е позната по својот политички активизам, а во 2019 година зборуваше за своето лично искуство со абортусот во знак на протест против рестриктивните закони, кои ги нарече „напад врз женските тела“.

притисни ентер