3Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветМорничав пресврт во нападот на германската градоначалничка- полицијата пронаједе страшни докази Нападот врз новоизбраната градоначалничка на Хердек, Ирис Шталцер (57), доби морничав пресврт - иако првично се сомневаше дека нејзиниот посвоен син (15) се обидел да ја убие Ирис, полицијата сега излезе со нови информации за нападот.Според Билд, кујнскиот нож за кој се верува дека е употребен во нападот е пронајден во спалната соба на нејзиниот посвоен син (15). Ножот наводно бил пронајден со свежи траги од крв во ранецот на момчето, а во истиот ранец била пронајдена и облека со дамки од крв. Сепак, се сомнева дека облеката ѝ припаѓа на посвоената ќерка (17) на избодената политичарка! Форензичките експерти откриле дека некој се обидел да отстрани големи дамки од крв пред да се повика брзата помош, но дамките подоцна повторно станале видливи за време на форензичката анализа. Доказите укажуваат дека мајката, тешко ранета и крваречка, седела на стол додека некој се обидувал да ги отстрани трагите од злосторството. Избодена 13 пати Едно е сигурно, политичарката на СПД била избодена 13 пати. Таа претрпела сериозни повреди на горниот дел од телото, а истражниот обвинител изјави дека нејзината состојба сега е стабилна. Покрај убодните рани, таа претрпела и сериозни повреди на главата, кои очигледно биле нанесени со тап предмет. Ирис Шталцер, новоизбраната градоначалничка на Хердек (Северна Рајна-Вестфалија), веќе е испрашана во болница, но, според истражителите, таа одбила да даде какви било информации за напаѓачот. Иако нејзината состојба е стабилна, лекарите не можат да ја исклучат можноста за животно-загрозувачка ситуација, бидејќи повеќекратните убодни рани, вклучително и убодна рана во белите дробови, можат да доведат до сериозни компликации. Сепак, подоцна во текот на денот, шефицата на полициските операции Урсула Шенберг изјави дека Ирис Шталцер повеќе не е во опасност. Семејна трагедија Полицијата сега цврсто верува дека злосторството е семејна работа. Потврдено е дека нападот се случил во нејзиниот дом и дека нејзиниот посвоен син (15) и ќерка (17) биле во куќата во времето на нападот. Според извештаите, двајцата сè уште се под полициски надзор. Медиумските извештаи велат дека Ирис минатото лето имала сериозна расправија со својата посвоена ќерка, и дека наводно имало сериозно насилство и употреба на нож. Исто така, имало повремени тензии со нејзиниот син.Тагови: градоначалничка докази Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патиштаЗа 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани. Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци. Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло. -Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаМицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел гориватаНа владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.Во продолжение погледнете ја целосната изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаСо настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независностаНад 200 илјади граѓани присуствувле на настаните кои во текот на еден месец се одржуваа на повеќе локации по повод 35 години од независноста на Македонија, посочи премиерот Мицкоси. Тој оцени дека државата достоинствено ја одбележала независноста и дека прославата била од светски калибар. Најави дека вакви настани ќе се организираат секоја година и дека Владата ќе поддржува ваков тип културни и спортски манифестации. На обвинувањата од СДСМ за сумата одвоена за концертот на Дејвид Гета, Мицкоски одговори дека се од општествено одговорни компании и дека резервите на Државната лотарија сега се насочувле назад кон граѓаните, а не во приватни џебови како што тоа било случај во минатото. „Ја следам оваа естрада што ја прави опозицијата. Мислам дека се единствени коишто во овој период не се задоволни затоа што прославата на 35-годишнината, којашто траеше повеќе од еден месец, помина навистина прекрасно. Имаше мнигу среќни и многу задоволни граѓани. Оние кои очајуваа на времето парите ги трошеа во приватни џебови кај Перпарим и останатите, а ова влада сето она кое што е дел од резервите на Државна котарија го враќа назад кај граѓаните, кај културата и кај уметниците. Има разлика не сме исти, владата на СДСМ и ДУИ добивката од Лотарија најчесто преку сомнителни тендери и јавни набавки ги враќаше во приватни џебови на неколкумина виоски функионери, за кои има судски просеси“– Христијан Мицкоски, претседател на Владата Од опозиоциската СДСМ пак бараат јавно да се објаваат договорите И исплатите на добавувачите и на секој изведувач поединечно кој настапил за време на одбележувањето на независноста. Во спротивно бараат да се отвори истрага кој ќе утврди каде завршил секој денар. „Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски. Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда. Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен. Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. И кога бил договорен и исплатен“- Маја Борозан, портпаролка на СДСМ 35 годишнината од незавиноста се одбележуваше повеќе од еден месец ширум земјава. Прославата стартуваше на 9-ти август од стадионот Билјанини извори во Охрид, а карванот насловен „Силно светнал ден“ помина низ 11 градови. На 1-ви септември на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45