38 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада
2Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
ЖивотМорнар спасен по 66 дена минати на превртена едрилица!! Германски товарен брод го спаси морнарот Луис Џордан кој дури 66 дена успеа да преживее на трупот на превртената едрилица.Храбриот морнар повеќе од два месеци успеа да преживее осамен на пучина благодарејќи и на дождовницата и суровата риба. Германскиот товарен брод го пронашол Џордан на 200 милји северно од брегот на Северна Каролина, објави ББЦ. Неговата, 10 метри долга едрилица била превртена , а Џордан седел на трупот на бродот и пловел по Атлантикот , преживеал со пиење на дождовница и јадење на риба која ја ловел. Неговото семејство инаку на крајот на јануари го пријавил исчезнувањето на Џордан . Кога по 66 дена тој е пронајден , прво стапил во контакт со својот татко на кој му рекол дека „веќе помислил дека го загубил“. Луис Џордан инаку последен пат бил виден на 23 јануари кога со својата едрилица „Ангел“ од Конвај тргнал кон Јужна Каролина на риболов. Американската крајбрежна стража соопшти дека од германскиот товарен брод пронајдениот Џордан со хеликоптер бил пренесен во болница во Вирџинија. Засега не е позната причината поради која се превртела едрилицата на Џордан, локалните медиуми информираат дека јарболот на едрилицата бил скршен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИУтринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месоВо среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. пилешки стек 300 гр. кашкавал 400 гр. кисели краставички 500 гр. кисела павлака 150 гр. мајонез 3 јајца 150 гр. кикиритки Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПретседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави. „Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб. „Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook