Морис од Левица: Апасиев е апсолутист!

Дали лидерот на Левица Димитар Апасиев и нему лојалните во раководството им се одмаздува на членовите во партијата кои имаат поинакви мислења и бараат транспаретност? 

Спротивно на официјалниот став на партијата дека тројца функционери се исклучени бидејќи бил пресретнат обид за роварење на надворешни структури, координаторка за дијаспора на Левица Живанка Морис, која е една од разрешените за Канал 5 вели дека обвинувањата се апсолутна невистина и се само политички ревашизам..

„ Јас морам да кажам дека во последните две недели сум изненадена од нивното јавно соопштение зошто се невистини затоа се решив да излезам јавно и да кажам дека не е точно и јавно да ги повикам дека сум инфилтирана од ДПМНЕ и ДПМНЕ да се произнесе кога сум седнала јас Живанка од Стојаково со нивното раководство за да произнесувам ствари од Левица.
Расколот во Левица почна од септември лани, сето тоа почна со морам да го напоменам пратеникот Крмов со другите кртови во партијата рботат позади грб за нивното столче партиско политичко. “-Живанка Морис.

Морис вели дека е разрешена откако согласно статуот собрала една четвртина од потписите на членовите на ЦК за свикунување на вонредна седница на која ќе се побараат одговор од раквоодството зошто Бранко Ристов, претседател на Советот на Општина Карпош, бил разрешен од позицијата координатор на ИЕ 4, и тоа во пресрет на изборите..

Ристов во меѓувреме соопшти дека поднесува оствака од президиумот на Левица, неколку дена откако и неговиот сопартиец, Дарко Масларковски, советник во Општина Аеродром изјави дека не е веќе член на Левица и дека ќе делува како независен советник.

„ Нема координација ниту со Масларовски ниту со друг кој излегува по своја волја од партијата разорачани од апсолутизмот на Апасиев не од Левица партијата, таму се врти некоја друга игра . Грѓааните сами ќе се уверат не е по циркуларки кои кружат поддржете не плукајте по постови и така натаму. “-Живанка Морис.

Од Левица утрово преку соопштение порачаа дека Ристов, Морис и Масларковски биле разрешени за да расчистат со како што пишуваат, опортунистичкиот џган во нивните редови.. Секој обид за на непринципилено и клинетелистичко делување ќе биде јакобински сосечен во корен, стои во соопштенито на партијата.

Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

 Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.

Состојбата на Фицо се подобрува и вчера беше соопштено дека е стабилизирана, според министерката за здравство Зузана Долинкова.

Лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула. /МИА

Во Унгарија две лица загинаа во судир на чамци на Дунав

Унгарската полиција објави дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати по судар на чамци на Дунав северно од Будимпешта.

Доцна во саботата полицијата добила дојава дека на брегот на Дунав во близина на градот вероча, на околу 50 километри северно од Будимпешта е пронајден маж со крвавење од глава.

Полицијата утврдила дека во несреќата со чамецот учествувал мажот, а подоцна во близина биле пронајдени тела на маж и жена.

Полицијата се уште трага по уште пет лица кои се наоѓале во тој чамец.

Истрагата утврдила дека во оваа област во моментот на несреќата имало и хотелски чамец, кој бил запрен со оштетен труп во близина на градот Комарома.

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по прегласувањето во изборната единици 5 очекува обезбедување двотретинско мнозинство од 62 пратеника во Парламентот. 

Како што изјави денеска во своето обраќање во делчевското село Разловци, каде присуствуваше на одбележување на годишнината од Разловечкото востание, ова е историска можност за државата.

-Фокусирајќи се на народот, имаме навистина би рекол една историска можност како никогаш досега, во овие повеќе од три децении. Се уште имаме малку да ја завршиме задачата, на 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на Македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника, рече Мицкоски.

Следната цел, како што рече, е две третини во Парламентот. - Мислам дека и тоа многу скоро, денеска веќе, кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме, со што ќе биде променет законот за организација на ресорите во самата Влада ќе добиеме нова структура на Влада, модерна Влада, влада којашто ќе одговара на потребите на граѓаните во Македонија, рече Мицкоски.

Потоа, како што додаде, ќе отпочне еден историски реформскиот процес кој што е досега невиден Македонија.

-Во првите 100 дена очекуваме исклучително добри вести за сите граѓани, во смисла на подобрување на стандардот, една финансиска бомба би рекол. Ние нема да се занимаваме, со политички бомби, со ниски страсти, со напади, ние планираме да работиме за подобрување на стандардот на граѓаните, тоа е нашата цел и планираме да го заслужиме нашето место во историјата, додаде Мицкоски.

Во рамки на посетата на Разловци, Мицкоски положи цвеќе пред спомен-плочата на Поп Стојан, еден од организаторите на Разловечкото востание.

притисни ентер