Морињата и океаните стануваат потемни - Канал 5

Морињата и океаните стануваат потемни

Океаните на нашата планета стануваат потемни, говорат новите истражувања. Во промената што веќе ги менува цели екосистеми, отворените мориња пропуштаат сè помалку светлина. 

Морињата и океаните стануваат потемни

Научниците сè уште не ги разбираат целосно последиците од овој феномен, но надежта останува, споели океанографот Тим ​​Смит.

Од длабокиот мрак на океанот, на зајдионце, претежно незабележително, се одвива најголемото поместување на биомаса на Земјата. Движењето на Сонцето и Месечината го поставува ритамот на животот за многу морски видови. Но, последниве десетлетија, научниците забележаа дека големи области од површината на океанот мистериозно потемнуваат. Смит и неговиот тим беа првите што го забележаа ова движење. Оттогаш, тие проучуваат како климатските промени и промените во користењето на земјиштето влијаат на океаните - и неопходноста од светлината за животот во океанските води. Милијарди мали организми, зоопланктони, ракови, риби, во исто време, се издигаат од длабочините на површината, привлечени од цветањето на фитопланктонот. Тие се хранат ноќе, заштитени од грабливци, а со изгрејсонцето, се повлекуваат назад во длабочините.

Научниците веќе 20 години анализираат сателитски податоци за да ги следат промените во оптичките својства на океанот. Наместо случајни промени, тие виделе големи, поврзани области каде што водата станува сè понепроѕирна и понепропустлива за светлина. Проценките посочуваат дека околу една петтина од светските океани на некој начин потемниле.

Зошто се случува ова? Во крајбрежните области, причината е во голема мера поврзана со реките што се влеваат во морето. Промените во користењето на земјиштето, како што е преминот од шуми кон земјоделски површини, влијаат на она што се влева во реките. За време на поплавите, пак, повеќе честички и органска материја влегуваат во водата, давајќи ѝ ја карактеристичната потемна боја. Дополнителен проблем се хранливите материи од ѓубривата за раст на фитопланктонот. Кога тој цвета, на светлината ѝ е потешко да навлезе во подлабоките слоеви на водата. Иако веќе е познато дека крајбрежните води потемнуваат, новите истражувања покажуваат дека оваа појава ја има и на отворено море.

Промените веројатно се поврзани и со климатските промени. Зголемувањето на температурите на океанот, почестите топлотни бранови и промените во соленоста влијаат врз циркулацијата на водата. Фитопланктонот зависи од светлината, хранливите материи и температурата, а постабилните слоеви на вода што се создаваат во потопли услови се погодни за неговиот развој, што дополнително придонесува за потемнувањето.

Како ова влијае на животот во океанот?

Потемнувањето на океанот го менува целиот синџир на исхрана, говорат наводите. Така, фитопланктонот е основа на овој систем, а зоопланктонот, којшто се храни со него, е клучна алка за рибите. Овие организми се поместуваат стотици метри нагоре - надолу секој ден, следејќи ја светлината.

Ако светлината не продира длабоко, просторот во којшто организмите можат да живеат, да се хранат и да се размножуваат е намален. Научниците го споредуваат ова со стегање огромна популација во мал простор. Ова може да ја зголеми концентрацијата, да ги промени односите меѓу грабливците и пленот и да повллече последици за риболовот низ целиот свет. Рибите, како што е туната, на пр., би можеле да бидат принудени да останат поблиску до површината. Во исто време, фитопланктонот којшто произведува околу половина од кислородот на планетата, ја менува длабочината на којашто може да врши фотосинтеза.

Навечер, дури и слабата месечева светлина е важна за морските организми. Им помага да се движат и да одредат кога е безбедно да излезат на површина. Меѓутоа, како што водата станува матна, оваа светлина сѐ потешко продира, а тоа може да ги промени ноќните животни процеси во океанот и начинот на којшто видовите се среќаваат и комуницираат.

Кои се глобалните последици од сѐ тоа?

Затемнувањето на океанот, исто така, влијае на јаглеродот. Зоопланктонот нормално пренесува јаглерод до длабочините кога умира, па ако морско животно остане поблиску до површината, тоа значи - помалку јаглерод во океанот, а повеќе јаглерод може да се ослободи назад во атмосферата, што дополнително придонесува за климатските промени.

Науката прашува: Може ли нешто да се направи? Во крајбрежните области, може. Подоброто управување со земјоделството, намалувањето на загадувањето и контролата на истекувањето во реките можат да помогнат водата повторно да стане побистра. Веќе постојат проекти што работат на развој на поодржливи системи за производство на храна.

Состојбата е посложена на отворено море. Дури и ако емисиите веднаш престанат, ќе бидат потребни децении, па дури и векови, за океаните да се опорават, пишува порталот „Нова .рс“.

Научниците сметаат и дека оптимизам, сепак, постои. Океаните покажуваат извонреден капацитет за опоравување кога ќе им се даде шанса. Шумите од алги, на пр., брзо се опоравуваат во заштитените подрачја по екстремните топлотни бранови. Затоа, треба да се работи на проширување на морските заштитени подрачја. Споре стручњаците: Кога се управува добро, тоа им овозможува на екосистемите да се обноват и да станат поотпорни на климатските промени.

Океаните покриваат околу 70 отсто од површината на планетата, ја регулираат климата и апсорбираат огромни количини топлина и јаглерод. Нивната заштита не е само прашање на зачувување на природата, туку и на опстанокот на животот на Земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска.

Кариера

Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина.

Здравје и совет

Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета.

Кариера

Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат.

Здравје и совет

Сѐ ќе ви биде интересно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба.

Кариера

Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле.

Здравје и совет

Бидете малку поскромни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно.

Кариера

Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа.

Здравје и совет

Ќе истражувате интересни работи .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи.

Кариера

Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности.

Здравје и совет

Не сте сами на светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската.

Кариера

Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете.

Кариера

Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа.

Здравје и совет

Верувајте во поубаво утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер.

Кариера

Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина.

Здравје и совет

Потрудете се да се храните здраво.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното.

Кариера

Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите.

Кариера

Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно.

Здравје и совет

Размислувајте во тишина.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење.

Кариера

Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Арсовски и Иван Анастасовски во „Само вистина“

Петар Арсовски и Иван Анастасовски  во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Иван Анастасовски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер