Морето во близина на Кипар исфрли тела на мртви китови, има врска со земјотресот (ВИДЕО) - Канал 5

Морето во близина на Кипар исфрли тела на мртви китови, има врска со земјотресот (ВИДЕО)

Кипарските власти објавија дека морето исфрлило голем број мртви китови на северниот брег на Кипар.

Морето во близина на Кипар исфрли тела на мртви китови, има врска со земјотресот (ВИДЕО)

Се верува дека смртта на китовите е поврзана со силните земјотреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија. Одделот за рибарство и морски истражувања на Кипар наведува дека денеска биле пронајдени шест мртви клунести китови, додека вчера биле пронајдени четири живи китови насукани на брегот.

Три од четирите биле успешно вратени во морето, но четвртиот кит умрел. Не е јасно дали меѓу денеска пронајдените мртви китови има и некои од оние кои вчера беа вратени во морето откако се насукаа.

„Овие животни имаат систем за ехолокација на кој влијае морската бучава; тоа може да бидат воени вежби, сеизмички вежби или секако земјотрес во регионот“, изјави Јанис Јоану од Одделот за рибарство и морски истражувања за ТВ Сигма.

Властите ги идентификувале пронајдените китови како ziphius cavirostris, попознати како китови со клун на Кувиер. Нивното присуство не е вообичаено во територијалните морски води на Кипар. Китовите се пронајдени во релативно тесен дел од северниот брег на Кипар, кој е под контрола на меѓународно признатата влада на островската држава, пренесува Гардијан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Турските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. 

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер