3Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
2Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
СветМорето пред три децении почна да исфрла човечки коски кај Њу Џерси- сега мистеријата е решенаГрупа студенти од колеџот во Њу Џерси помогнале во идентификувањето на човечки остатоци што почнале да се појавуваат на локалните плажи пред 30 години.Властите соопштија дека коските се идентификувани како на капетанот Хенри Гудсел, кој почина на 29-годишна возраст, заедно со целиот негов екипаж, пред приближно 180 години, објави „Пипл“. „Идентификацијата на човечки останки е една од најсвечените и најпредизвикувачките задачи што ги има еден полицаец“, рече шефот на детективите Патрик Снајдер од канцеларијата на окружниот обвинител на округот Атлантик. Bones Began Washing Up on New Jersey Beaches 30 Years Ago. How College Students Helped Solve the Mystery https://t.co/Np07uuMeYp — People (@people) May 23, 2025 „Зад секој случај стои ветување: дека никој нема да биде заборавен и дека ќе ја бараме вистината сè додека семејствата не ги добијат одговорите што ги заслужуваат.“ Секако, разоткривањето на мистеријата траело со децении. Остатоците, кои првично биле познати како „Расфрланиот човек Џон Доу“, почнале да се појавуваат во 1995 година. Прво, череп исфрлен на брегот во Лонгпорт, а потоа човечки коски биле пронајдени во 1999 и 2013 година, во Маргејт и Оушн Сити. Во есента 2023 година, државната полиција започнала соработка со Центарот за генетска генеалогија на колеџот Рамапо. Во ноември, службените лица испратија примерок до „Интермаунтен Форензикс“, непрофитна организација која ги внесе информациите во неколку различни бази на податоци во февруари следната година. После тоа, студентите од колеџот Рамапо се приклучиле на истрагата, истражувајќи, меѓу другото, историски бродоломи по должината на брегот на Њу Џерси. Како дел од нивното истражување, според соопштението за медиумите, студентите пронашле два новински статии од декември 1844 година во кои се опишува бродолом на скуна од 19 век наречена „Ориентал“, која потонала покрај брегот на Бригантин Шол додека пловела од Конектикат кон Филаделфија. Исечок од весник сугерира дека бродот, кој се обидувал да испорача 60 тони мермер до колеџот Жирар, најверојатно почнал да протекува и потонал на помалку од една милја од брегот. Вооружени со овие докази, студентите испратиле информации за Гудсел до државната полиција на Њу Џерси, која во март 2025 година собрала примерок од ДНК од еден од неговите пра-правнуци. Полицијата го потврдила неговиот идентитет на 8 април 2025 година. „Употребата на современи методи на генетско тестирање за идентификување на коскени фрагменти од 19 век е моќен потсетник за нашата непоколеблива посветеност на решавање на случаи, без разлика колку се стари“, рече полковник Патрик Џ. Калахан, командант на државната полиција на Њу Џерси. „Можноста да им се обезбедат одговори на семејствата дури и по генерации покажува колку далеку можат да нè однесат науката и посветеноста“, додаде тој.Тагови: човечки коски мистерија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
РакометMладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во СплитГрадоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска ги прими младите ракометарки од училишната екипа „АСТРА“ при ООУ „Тихомир Милошевски“, кои остварија извонреден успех на Спортските игри за млади - „Плазма“, освојувајќи го првотоСо овој резултат, младите спортистки од Ѓорче Петров се изборија за учество на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе ја претставуваат Македонија и ќе се натпреваруваат со свои врсници од земјите од регионот. На средбата, градоначалникот им честиташе на ракометарките за постигнатиот успех и им посака успешен настап на претстојното меѓународно натпреварување. -Овие девојки се најдобри во Македонија и се вистинска гордост за Ѓорче Петров. Зад нивниот успех стојат многу труд, дисциплина, спортски дух и посветеност. Убеден сум дека достоинствено ќе ги бранат боите на своето училиште, нашата општина и Македонија и на меѓународното финале во Сплит. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи силно да ги поддржува младите, училишниот спорт и создавањето услови за нови генерации шампиони - рече Стојкоски на средбата. Посебни честитки беа упатени и до наставничката и ментор Мирјана Гошевска, како и до сите наставници, тренери и родители кои со својата поддршка придонесуваат за развојот и успесите на младите спортисти. Спортските игри за млади „Плазма“ претставуваат една од најголемите аматерски спортски манифестации за деца и млади во регионот, а пласманот на ракометарките од Ѓорче Петров на меѓународното финале е уште една потврда за квалитетот и потенцијалот на младите спортисти од општината. Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано вложување во спортската инфраструктура, училишниот спорт и поддршката на младите таленти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМакедонски уметник и хуманист Цветин изработи 35 метарска мироцветна патекаЖивко Поповски – Цветин, македонски уметник и хуманист, изработи 35 метарска мироцветна патека по повод три и пол децении македонска независност. Оваа цветна патека, според него, претставува Симбол на мирољубивиот македонски народ и сите народности кои живеат во Македонија. „Во сите овие триесет и пет години, како македонски народ, покажавме и докажавме дека чекориме по цветната патека на мирот. Ние сме мирољубив народ, кој создава дополнителна вредност, се грижи за своето утре, кроток по природа. Нека ни е честито одбележувањето на независноста и да славиме уште многу вакви јубилејни денови. Оваа патека ја посветувам на граѓаните на Македонија со апел да продолжат да се грижат и да работат на остварување на мир во светот“, вели Поповски – Цветин. Мироцветната патека ќе се промовира на улица „Македонија“, во училишта, здруженија на граѓани, на промоции на книги и други настани, секако проследена со поезија, песна и музика. Живко Поповски – Цветин е уметник сликар и хуманист и кандидат за Нобеловата награда за мир. Во македонската и пошироката светска јавност е познат и почитуван по неговата хумана акција – мисијата Цвеќето на мирот. Во Македонија и во странство има реализирано повеќе од 300 изложби. Во изминатите години творештво тој подарил повеќе од 70.000 слики, кои се наоѓаат во домовите на претседатели на држави, парламентарци, уметници, поети, музичари, спортисти и на многу институции и поединци кои зрачат со позитивна енергија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Здравје47-годишен професор ја намалил својата биолошка возраст на 32 годиниПовеќето луѓе го проверуваат своето здравје еднаш годишно преку рутински лекарски прегледи. Но, ваквите прегледи даваат само моментална слика за состојбата на организмот.Ново истражување од National University of Singapore (NUS Medicine), во кое професорот Дин Хо бил и самиот учесник, нуди поинаков поглед на здравјето и долговечноста. Студијата, наречена DELTA, се заснова на идејата дека секој човек има сопствена биолошка основа која постојано се менува во зависност од возраста, стресот, спиењето, исхраната и физичката активност. За да ги следи промените во организмот во реално време, 47-годишниот професор значително го променил својот животен стил. Неговиот режим вклучувал пост од околу 20 часа дневно, повремени 48-часовни пости, 90 минути кардио или вежби со отпор секое утро, како и медитерански начин на исхрана со зелен лиснат зеленчук, семки, маслиново масло и немасни протеини. Според податоците објавени во списанието PLOS ONE, систем со вештачка интелигенција, специјално развиен за истражувањето, проценил дека биолошката возраст на професорот е 32 години, односно 15 години помалку од неговата хронолошка возраст. Истражувачите следеле и други промени. Времето потребно неговиот организам да премине од користење глукоза кон масти како главен извор на енергија се намалило од 24 на 16,5 часа. Пулсот во мирување се намалил од 65 на 46 отчукувања во минута, додека времетраењето на спиењето се зголемило од 5 на 8 часа. Подобрена била и разновидноста и состојбата на цревниот микробиом. „Здравјето е континуирана приказна, а не само една моментална слика“, вели професорот Дин Хо. Истражувачите се надеваат дека DELTA ќе помогне луѓето да се оддалечат од универзалните здравствени рутини и наместо тоа да го приспособат својот животен стил според континуирани и персонализирани здравствени податоци. ФОТО: instagram/thedeanh Извор: medscriptumКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter