Најголемата египетска мистерија влева страв во коски (видео) - Канал 5

Најголемата египетска мистерија влева страв во коски (видео)

Оваа мумија никој не смее да ја пипне 106 години, нејзината мрачна тајна би можела да го промени светот!

Најголемата египетска мистерија влева страв во коски (видео)

Пронајдена е во 1919 г. во Долината на кралевите, а еве зошто на научниците не им е сеедно кога ќе се спомне нејзиното име.

Заборавете на Тутанкамон, приказната за проклетството и разните суеверија. Најмистериозна е мумијата Башири, која ниту еден научник не се осмелил да ја допре во текот на 106-те години откако е пронајдена во Долината на кралевите. Од 1919 година, мистериозната (недопирлива) мумија откриена од познатиот археолог Хауард Картер привлекува огромно внимание.

Мумијата Башири се карактеризира со уникатниот начин на замотување на завоите околу телото на починатиот - што претходно не е забележано.

Неверојатно деталниот начин на завиткување на мумијата сугерира дека станува збор за некој богат благородник.

Сепак, идентитетот на мумијата никогаш не бил откриен бидејќи отстранувањето на сложените завои би ја уништило мумијата засекогаш.

Снимката со КТ скен покажала дека се работи за маж висок околу 155 сантиметри.

Се верува дека мумијата датира од Птоломејската ера, кога техниките на балсамирање биле врвни.

Мумијата Башири е изложена во музеј во Каиро, а еден детаљ кој особено привлекува внимание се внимателно замотаните завои преку лицето на мумијата, кои наликуваат на архитектонскиот дизајн на пирамидите.

Иако одвиткувањето на завоите е единствениот начин да се дознае вистината, научниците стравуваат дека тоа неповратно ќе ги уништи уникатните завои.

Украсите на мумијата привлекуваат големо внимание, телото е опкружено со божиците Изида и Нефтис, како и четирите синови на Хорус.

Овие детали покажуваат дека тој бил моќен и богат човек.

Единствената вистинска трага е името на гробницата, кое се изговара „Башири“ или „Нену“, а научниците не можат да се согласат околу точниот превод.

Сè додека не се измисли некоја друга технологија, никој нема да ја допре мистериозната мумија Башири, пренесува Дејли меил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан го поканија Иран да се приклучи на новоформираниот пакт за одбрана во Мека, објави денес либанската телевизиска мрежа Ал-Мајадин, повикувајќи се на висок ирански функционер, Мехди Рахими.

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува.

Рахими рече дека земјите во регионот „се движат кон барање регионален безбедносен чадор“ и го нарече тоа победа за Иран, кој долго време го бара тоа.

Поканата сè уште не е официјално потврдена од Министерството за надворешни работи на Иран или од кој било од трите потписнички на договорот.

Спогодбата, потпишана овој месец, го воспоставува принципот на заемна одбрана, според кој нападот врз која било од трите земји би се сметал за напад врз сите нив.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го спореди механизмот со Член 5 од договорот за НАТО, но нагласи дека договорот не е насочен против Иран или против која било конкретна земја.

Државите потписнички на договорот веќе започнаа со развивање механизми за дипломатска и воена координација, вклучувајќи состаноци на министрите за надворешни работи и одбрана и воените команданти, заеднички вежби и соработка меѓу нивните одбранбени индустрии.

„Исламското НАТО“

Договорот од Мека беше потпишан на 7 август од страна на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Договорот предвидува дека секој вооружен напад врз една од трите земји ќе се смета за напад врз сите потписнички, како и унапредување на сите аспекти на одбранбената соработка меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан.

Турција изјави дека алијансата би можела да се прошири за да вклучи дополнителни земји.

Египет е јавно споменат како можен кандидат за членство.

Иран досега реагираше на договорот со претпазливо одобрување.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави на 10 август дека Техеран нема причина да биде загрижен за воспоставувањето на алијансата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонија: Најмалку 37 повредени по силен земјотрес

Во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, што рано наутро ја погоди источна Јапонија, според прелиминарните извештаи, повеќе од 40 лица се повредени во Токио и во соседните префектури, соопштија денеска локалните власти.

Јапонија: Најмалку 37 повредени по силен земјотрес

Според локалните противпожарни служби, повеќе од 20 лица се повредени во земјотресот во градот Саитама, северно од Токио, девет се повредени во Канагава и четворица во префектурата Чиба, објави Кјодо.

Водоводна цевка пукна во областа Кото во Токио по земјотресот, што ги натера градските власти да истражат дали штетата е поврзана со земјотресот. Земјотресот што се случи во 2 часот по полноќ, чиј епицентар беше во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од 68 километри, не предизвика цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Поаѓањата на некои железнички линии беа одложени по земјотресот, додека некои возови сообраќаа со намалена брзина. Операторот на линијата Кејсеи, која го поврзува Уено во центарот на Токио со аеродромот Нарита во префектурата Чиба, источно од Токио, рече дека поаѓањата на возот се вратиле во нормала по 9:40 часот по локално време. Некои експресни услуги со кои управува железницата Тобу останаа суспендирани.

По земјотресот не се забележани нарушувања во нуклеарната централа Токаи бр. 2 во префектурата Ибараки, ниту во нуклеарната централа Фукушима Даичи и блиската електрана Фукушима Даини во североисточна Јапонија, рекоа нивните оператори.

Јапонската премиерка Санае Такаичи на социјалните мрежи објави дека им наредила на официјалните лица да го утврдат степенот на штетата од земјотресот и навремено да ја информираат јавноста.

Метеоролошката агенција ја повика јавноста да остане на будност за земјотреси со јачина од 5 степени по сеизмичка скала во текот на наредната недела, особено во следните два до три дена. Земјотрес од 5 степени, на сеизмичка скала од 0 до 7, агенцијата го дефинира како земјотрес што предизвикува страв и потреба повеќето луѓе да се држат за нешто стабилно, додека предметите може да паднат од полиците.

Земјотресот што се случи утринава беше почувствуван во поголемиот дел од земјата, особено на североистокот и во централна Јапонија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе

Под контрола се ставени двата големи пожари што денеска беснееа на истокот од земјава, кај Бигла делчевско и во околината на Пехчево, кон бугарска граница. 

Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе

Првиот човек на ДЗР Стојанче Ангелов попладнево се сретна со градоначлниците на двете општини. Тие информираа дека во справувањето од пламените јазици и во Бигла и кај Пехчево се употребени сите расположливи ресурси: трите ер-трактори, тешка механизација, а на терен ангажирани биле над 300 луѓе - локалните пожрникари, доброволци и месно население, со цел да се спречи загрозување на домовите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер