Монструм убил шестмесечен син на својата девојка- биле само една недела во врска, таа си ги средувала ноктите - Канал 5

Монструм убил шестмесечен син на својата девојка- биле само една недела во врска, таа си ги средувала ноктите

Маж кој го до смрт го тресел бебето на својата тинејџерка девојка само една недела откако се запознале се соочува со долга затворска казна откако беше прогласен за виновен за убиство!

Монструм убил шестмесечен син на својата девојка- биле само една недела во врска, таа си ги средувала ноктите

Киран Хамфрис (33) бил оставен да се грижи за синот на Саскија Вудбриџ (19), за бебе по име Арчи, додека таа накратко отишла да си ги средува ноктите, објави Дејли Меил.

Додека таа беше отсутна, Хамфрис го изгубил трпението со шестмесечното бебе на кое му растеле заби и „го зграпчи и го протресе силно“.

Потоа монструмот се обидел да „си ја спаси кожата“ убедувајќи ги другите, вклучително и неговата „наивна“ млада девојка, да тврдат дека не бил сам со Арчи.

„Се покажа дека Арчи претрпел смртоносни повреди, бил цврсто држен и насилно протресен додека бил под единствена грижа на Киран Хамфрис. Тој не понуди друго објаснување за тоа како или зошто ова инаку здраво дете починало додека бил под негова единствена грижа“, рече обвинителката Шарлот Њуел.

Поротата го прогласи Хамфрис за виновен за убиство и злоупотреба на деца.

Судијата Морис му нареди да остане во притвор до изрекувањето на пресудата и рече дека минималната казна што ќе треба да ја отслужи како дел од задолжителната доживотна казна ќе биде утврдена подоцна. Судот слушна дека Хамфрис „ја добил довербата“ на Вудбриџ откако ја запознал во продавница на 2 февруари 2024 година.

Тој „ја опсипал со внимание“ и кон неа и кон Арчи, наведувајќи ги да веруваат дека тој ќе „се грижи за нив“ и ќе биде нивен „спасител“.

Обвинителот Њуел ѝ рече на поротата дека Вудбриџ била „воодушевена од овој постар човек“ и го оставила Арчи на грижа на пријателот во Хаутон Реџис, Бедфордшир, додека таа отишла во салон за нокти на 9 февруари.

Невработениот Хамфрис, кој живеел во градот, ја играл видео играта „Call of Duty“ на Xbox конзола „цела ноќ“ пред да го нападна бебето во бес, слушна Крунскиот суд во Лутон.

Доказите покажаа дека Арчи бил „зграпчен и потресен“, предизвикувајќи фатално оштетување на мозокот.

Наместо да повикаат брза помош, Хамфрис и неговата пријателка Карен Смит чекале мајката да се врати, а потоа го однеле бебето во куќа на роднина во близина пред да повикаат болничари.

За време на судењето, Вудбриџ, која сега има 20 години и живее во Лејтон Базард, рече дека се јавила на 911 велејќи дека нејзиниот син „помодрил“ и не дише.

Брза помош пристигнала кратко потоа и Арчи бил однесен во болница, каде што починал следниот ден.

Хамфрис подоцна им кажал на полицајците дека рацете на момчето „одеднаш омалаксале“ и дека реагирал „во паника“.

„Не направив ништо лошо. Никогаш не би повредил дете“, им рекол на полицајците, додавајќи:

„Го сакам тоа дете како мое. Не беше паднато или згмечено или што и да се обидувате да кажете... не беше повредено во моите раце. Не бев јас. Само се обидував да го спасам тоа момче“.

Вудбриџ им кажала на полицајците дека Хамфрис, неговата мајка Шерон и Смит „ја натерале да лаже за тоа што се случило и кога“.

Смит (40), нејзиниот партнер Сем Вајат (36) и Шерон Хамфрис (59), сите од Хаутон Реџис, признаа заговор за попречување на правдата. Судијката Морис рече дека тие ќе бидат осудени истовремено со Хамфрис, кој го призна истото обвинение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Собранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз жените

Собранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз жените – наместо празно портокалово светло, веднаш да се изгласаат електронските нараквици!

ЛДП: Собранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз жените

На Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Собранието на Македонија не го положи испитот. Наместо празни декларации, протоколарни говори и осветлување на институциите во портокалово, ќе беше вистински и симболичен успех токму на овој ден пратениците да го усвоеја предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за насилниците – со што директно ќе се превенираа нови трагедии и ќе се спасеа човечки животи.

„Делата говорат многу повеќе од зборовите. Не сакам веќе да говориме, барам во овие 16 дена да го усвоиме законот кој го поднесовме. Во спротивно, наместо за ‘активизам‘, ќе говориме за собраниски неуспех“, порача Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и лидерка на ЛДП.

Додека власта и институциите испраќаат декларативни пораки за поддршка, трагичната реалност говори дека податокот на Обединетите нации за зголемување од 70 проценти на пријавените случаи на родово базирано насилство во првите десет месеци од 2026 година е аларм за итна реакција, а не повод за уште една прес-конференција. Жените-жртви немаат луксуз да чекаат уште 16 дена, ниту пак нова работна група, бидејќи насилниците не прават пауза, а за нив секој изгубен ден е прашање на живот и смрт.

Двапати досега пратеничкото мнозинство дозволи предлог-законот на ЛДП за електронски нараквици да биде одбиен и одложуван, додека зад нас веќе броиме 7 фемициди и епидемија на насилство. Телефонски линии и ПР-кампањи не можат да ја заменат одговорноста на државата.

ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици во текот на овие 16 дена, доследно спроведување на заштитните мерки, функционални засолништа, бесплатна правна и психолошка помош за жртвите, како и конкретна одговорност за секој институционален пропуст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анџелина Џоли и Бред Пит потпишаа „примирје“

Некогаш најпопуларната џет сет двојка, брачниот пар од Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа спогодба во нивната долгогодишна правна битка околу продажбата на нејзиниот удел во француска винарија.

Анџелина Џоли и Бред Пит потпишаа „примирје“

Според судските документи на кои се повикуваат холивудските медиуми, четири од нивните шест деца законски го промениле своето презиме од Џоли-Пит во Џоли.

Некогаш најпопуларната џет сет двојка, брачниот пар од Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа спогодба во нивната долгогодишна правна битка околу продажбата на нејзиниот удел во француска винарија, која трае од почетокот на нивниот бурен развод.

„Постигнавме вонсудска спогодба во најдобар интерес на нашето семејство и нема да коментираме понатаму“, изјавија претставниците на холивудските ѕвезди во заедничка изјава.

Двојката купи контролен удел во имотот Шато Миравал во 2008 година и се венчаа таму шест години подоцна.

Во тужбата, Пит тврди дека Џоли, го продала својот удел во винаријата на руски милијардер без негова дозвола. Таа поднесе контратужба, обвинувајќи го Пит дека во пијана состојба ги нападнал неа и нивните деца во приватен авион во 2016 година, што му претходеше на нејзиното поднесување барање за развод.

Спогодбата објавена во среда ги реши нивните правни постапки едни против други. - Сите коментари во медиумските написи што се припишуваат на „извори“ всушност не доаѓаат од ниту еден од нас, ниту од некој близок до нас - изјавија нивните претставници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грижата за себе не треба да чека: Flex Group го одбележува Месецот на машкото здравје

Грижата за себе не треба да чека: Flex Group го одбележува Месецот на машкото здравје

Колку често ги прашуваме колегите како се, а колку често навистина застануваме да го слушнеме одговорот? Зад едно вообичаено „Добро сум“ понекогаш се кријат замор, грижи, здравствени проблеми или преглед што со месеци се одложува.

Мажите често се навикнати да бидат оние на кои другите се потпираат. Да најдат решение, да преземат одговорност, да бидат поддршка за семејството и за колегите. Но, во сето тоа, неретко забораваат дека и ним им е потребна поддршка и дека грижата за сопственото здравје не треба да чека некој послободен ден.

Токму затоа, во Flex Group и оваа година традиционално го одбележуваме ноември – Месецот на машкото здравје. Со оваа иницијатива сакаме да ги охрабриме нашите колеги да одвојат време за себе, да не ги одложуваат превентивните прегледи и отворено да разговараат за своето физичко и ментално здравје.

Голем дел од денот го поминуваме заедно на работното место. Ги споделуваме професионалните успеси, предизвиците, но и многу моменти од приватниот живот. Затоа, во Flex Group веруваме дека одговорноста на една компанија кон своите вработени не завршува со создавањето услови за професионален раст и развој. Таа подразбира и градење работна средина во која здравјето, благосостојбата и квалитетот на животот на секој поединец имаат значајно место.

Одбележувањето на Месецот на машкото здравје е дел од нашата организациска култура. Сакаме нашите колеги да знаат дека нивното здравје е подеднакво важно како и нивниот професионален успех. Дека е во ред да побараат поддршка, да одвојат време за преглед и да зборуваат за она што ги загрижува.

Ако со оваа иницијатива поттикнеме барем еден колега да го закаже прегледот што долго го одложува или да започне разговор за нешто што досега го премолчувал, тогаш одбележувањето на овој месец има вистинска смисла. Затоа што зад секоја работна позиција, секој постигнат резултат и секој професионален успех стои човек, чие здравје е поважно од која било деловна цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер