Монструм, по секс ја убил девојката и ја спакувал во куфер, ги навредувала неговите сексуални способности?! - Канал 5

Монструм, по секс ја убил девојката и ја спакувал во куфер, ги навредувала неговите сексуални способности?!

 Маж од Русија е осуден на девет години затвор поради убиство на блогерка и сексуална работничка од Москва, пренесува „Дејли маил“.

Монструм, по секс ја убил девојката и ја спакувал во куфер, ги навредувала неговите сексуални способности?!

Максим Гарејев 33- годишен ИТ стручњак ќе ја издржува затворската казна во руска затворска колонија, откако признал дека ја убил 24 годишната Екатерина Семочкин.

Гарејев на истражителите им изјавил дека ја нападнал девојката поради тоа што таа ја навредувала неговите, финансиска положба, сексуални вештини и личност по платениот секс.

Телото на мртвата девојка било пронајдено во куфер во нејзиниот апартман. Вратот и бил пресечен,а на градите имала рана од нож.

33- годишниот Максим кој има завршено 4 факултета, тврди дека ја убил Екатерина откако таа го навредувала и исмевала.

Екатерина била новоквалификувана докторка која исто така работела и како бјути блогерка на Инстаграм каде имала 86 000 следбеници. Таа хонорарно работела и како сексуална работничка.

Гарејев истакнал дека Екатерина му се смеела дека не бил богат како другите мажи кој таа ги познавала и поради тоа што не успеал да ја задоволи во кревет.

-По сексот продолжи да се шегува на моја сметка. Ја загубив контролата и го земав ножот од кујната . Таа се заврте јас ја прободев во вратот. Се обиде да избега во бањата и да ја затвори вратата, јас ја извлеков од бањата. Крв капеше ,а потоа таа почна да вреска. И ја затворив устата и повторно ја прободев во градите, изјавил Гарејев.

Потоа според неговиот исказ девојката отишла во дневната соба и започнала да се бори со него.

-Бев во таква состојба што не ја чувствува болката. За време на борбата падна на подот, а јас повторно ја прободев во градите. Тогаш умре, раскажал тој.

Родителите на Екатерина негираат дека нивната ќерка работела како проститутка. Гарејев на суд изјавил дека жали поради убиството и им се извинил на нејзините родители.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска со студентите на виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија

Во отворена дискусија со идните дипломати, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија.

Божиновска со студентите на виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната програма за обука „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црно Море/Јужен Кавказ 2026“, оствари средба и одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија.

Во отворена дискусија со идните дипломати, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија, стратешките проекти за диверзификација на изворите и модернизација на инфраструктурата, како и активностите за зајакнување на енергетската независност и сигурноста во снабдувањето. Студентите имаа можност да поставуваат прашања и непосредно да се запознаат со предизвиците во креирањето и спроведувањето на енергетските политики и нивната поврзаност со економскиот развој и меѓународната соработка.

Во рамките на програмата, министерката учествуваше и на сесијата „Дигитална дипломатија“, посветена на примената на дигиталните алатки во современите дипломатски односи и меѓународната комуникација.

За време на посетата на Виена, Божиновска оствари и средба во Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во насока на одржување на институционалниот дијалог и унапредување на соработката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шеј Гилџес-Александер: „Јас сум најдобар во светот“

Актуелниот МВП во НБА, Шеј Гилџес-Александер, смета дека е најдобриот кошаркар во светот.

Шеј Гилџес-Александер:  „Јас сум најдобар во светот“

Предводникот на Оклахома се стави себе си пред центрите Јокиќ и Вембањама: „Јас сум најдобар во светот“ .

Оклахома Сити Тандер го имаат одличниот канадски плејмејкер Шеј Гилџес-Александер, кој е двократен добитник на наградата МВП. Во разговор со новинарите на списанието „Тајм“, за време на едно интервју, тој изјави дека смета оти е најдобриот кошаркар на планетата.

Тој самоуверено изјави дека е најефикасниот играч и нагласи дека неговиот тим има фантастичен сооднос на победи и порази во последните неколку години.

„Мислам дека сум најдобриот играч во НБА. Сè што прикажувам секоја вечер е најдоброто што еден НБА-играч може да го понуди. Сметав дека сум најефикасниот НБА-кошаркар. А и многу придонесов за тимот да победува“, вели Шеј. Често го обвинуваат за „флопинг“ (симулирање контакт) и му велат дека „живее“ на линијата за слободни фрлања, на што тој одговара: „Кошарката ми донесе многу убави работи, и мене и на моето семејство. Ако наративот на социјалните мрежи е таков што го извлекува најлошото од мене, а се работи за слободни фрлања... тогаш би го прифатил тоа милион пати“, додаде Гилџес-Александер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пит Хегсет: „Ќе се погрижиме луѓето да гледаат – тој ќе биде стрелан“

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 лица во воената база Форт Худ во 2009 година, ќе биде јавно, со што тоа ќе стане првото погубување со стрелачки вод во американската војска.

 Пит Хегсет: „Ќе се погрижиме луѓето да гледаат – тој ќе биде стрелан“

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека погубувањето на Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 лица во воената база Форт Худ во 2009 година, ќе биде јавно, со што тоа ќе стане првото погубување со стрелачки вод во американската војска по неколку децении.

„Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат тоа, да биде јавно, бидејќи луѓето треба да разберат дека постојат сериозни последици за вакви работи“, изјави Хегсет во интервју со конзервативниот подкастер Џек Пособик, на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“.

Сепак, Хегсет не изнесе детали за тоа како јавноста би можела да го следи извршувањето на смртната казна, пренесува Си-ен-ен. Пентагон во понеделникот објави дека Хасан ќе биде погубен од вод за стрелање, врз основа на препораката на Хегсет, која беше одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп.

Вршителот на должноста секретар на Армијата на САД, Адам Тел, го закажа извршувањето на казната за 3 декември во 14:00 часот по локално време (односно во 20:00 часот по средноевропско време), во базата „Форт Худ“ во Тексас.

Хегсет изјави дека погубувањето ќе се изврши во четврток, во време што соодветствува со моментот кога Хасан го извршил нападот, и дека во стрелачкиот вод ќе бидат вклучени војници вооружени со пушки.

Во јули 2013 година, Хасан беше прогласен за виновен по 13 точки од обвинението за убиство со умисла и по 32 точки за обид за убиство.

За време на судењето, тој изјави дека како цели ги одбрал војниците што требало да бидат испратени во Авганистан, тврдејќи дека тие ќе учествуваат во, според него, нелегална војна.

Во 2009 година, тој отворил оган во медицинскиот центар во Форт Худ, каде што војниците се подготвувале за заминување во мисија и вршеле медицински прегледи.

Откако војниците почнале да бегаат, Хасан ги следел до задниот излез на зградата, каде што дошло до размена на оган со полицијата. Во таа прилика, Хасан бил ранет. Егзекуцијата со стрелачки вод би била прва таква егзекуција спроведена од американската војска по Втората светска војна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер