ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
2ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
СветМонструм од Тексас убил петмина свои соседи зашто се пожалиле поради пукотници, осуден е Франциско Оропеза, кој уби пет лица во Тексас во 2023 година, откако соседите побарале од него да престане да пука од пиштолите доцна во ноќта, е осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување.Според окружниот обвинител на округот Сан Хасинто, Тод Дилон, Оропеза, мексикански државјанин, се изјаснил за виновен по повеќе точки од обвинението за убиство за да избегне смртна казна. Договорот за казната е постигнат по долги разговори со семејствата на жртвите, објави NBC news. Полицијата тврди дека на 28 април 2023 година, Оропеза упаднал во куќата на неговите соседи, откако тие побарале од него да престане да пука бидејќи му го нарушувал сонот на детето. Меѓу жртвите има и деветгодишно дете, додека бебето не било повредено. Сите жртви биле по потекло од Хондурас. Man who killed 5 in Texas after a neighbor complained about gunfire gets life in prison https://t.co/czUPMJGXWN via @nbcnews — Karen (Harris/Walz Alaskan Democrat) 🆘🌊🌊🌊 (@17frosted) January 30, 2025 Инцидентот се случил во руралниот град Кливленд, на околу 70 километри северно од Хјустон. Оропеза побегнал од местото на злосторството, предизвикувајќи интензивна потера. Полицијата го уапсила неколку дена подоцна во близина на градот Конро, на околу 30 километри од местото на злосторството. Претставници за имиграција на САД потврдиле дека Оропеза била депортирана четири пати помеѓу 2009 и 2016 година. Сепак, обвинителот Дилон изјави дека Оропеза немало да биде депортиран, ниту пак има право на никакви привилегии. Остатокот од животот ќе го помине во затвор под надзор на Одделот за кривична правда во Тексас. Оропеза ја прифатил пресудата откако ги слушнал емотивните изјави од членовите на семејството на жртвите. Неговиот адвокат веднаш не дал изјава за медиумите, но претходно изјавил дека тензиите меѓу Оропеза и неговите соседи постоеле подолго време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа ЕуростандардСекој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски. Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook