3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЖивотМонструм од Андите – најмасовниот сериски убиец во историјата кому му се губи секаква трагаПедро Алонсо Лопез од Колумбија, познат и како монструмот од Андите, виновен е, според сопствено признание за убиството на повеќе од 350 девојчиња на возраст меѓу 8 и 12 години во Еквадор, Перу и Колумбија. Многумина веруваат дека вистинската бројка е многу поголема. По 16 години минати во затвор во Еквадор и 5 години во душевна болница во Колумбија, во 1998 година е прогласен за излекуван и пуштен на слобода.На Монструмот кој тврдел дека повторно ќе убива откако ќе излезе на слобода оттогаш му се губи секаква трага. Никој не знае дали некаде го стигнала заслужената казна или се уште демне во зафрлените краеви на Јужна Америка. Лопес е роден во 1948 година во Колумбија, како седмо од 13 деца на сиромашна проститутка, во најнесреќниот период на граѓанската војна. На 8-годишна возраст мајка му го исфрлила од дома, откако го фатил како има сексуален однос со сопствената сестра. Оттогаш гладувал, просел и како што самиот тврдел, бил жртва на сексуално злоставување. На 18 години прв пат бил в затвор, заради кражба на автомобил, доживеал групно силување. На своите силувачи им се одмаздил така што тројца од четворица ги убил. На начинот на кој „оперирал“ најдобро сведочи единственото интервју кое кратко време пред излегувањето на слобода го дал за „Нешнал Егземинер“. „Јас сум човек на векот“, никогаш нема да ме заборават, се фалел тој. „Жртвите ги барав по пазари, барав девојчиња со определен изглед на лицето – убави и невини. Требаше да биде добро девојче, кое работи со мајка си. Понекогаш ги следев и по два – три дена, чекав да остане сама. Ќе и дадев некое подароче, да речеме огледалце, ќе ја одведев надво од градот, каде и ветував дека ќе и дадам и подарок за мајка и.“ „Потоа ќе ја однесев на моето тајно место, каде ја чекаше подготвен гроб. Понекогаш во нив имаше и тела на ранети жртви. Ги галев, а в зори ги силував. Изгрејсонцето ме возбудуваше. Ги принудував девојчињата на секс, па потоа со рацете им го фаќав вратот. Додека сонцето изгреваше, јас ги давев. Им требаа по 15 минути за да умрат. Бев многу внимателен. Долго бев со нив за да се уверам дека се мртви. Никогаш не врескаа бидејќи не очекуваа дека нешто ќе се случи. Моите мали другарки сакаа друштво. Често ставав по три – четири во еден гроб“, раскажувал Лопес. За него моментот на смрт бил емотивен и возбудлив момент, велел дека тоа може да го разберат оние кои убивале сами. Тој за секој згаснат детски живот во затвор минал по околу еден месец. Познато е дека по првите убиства на девојчиња во Еквадор тамошните Индијанци го откриле и фатиле, го мачеле и го закопале в земја до врат. Неколкумина христијански мисионери пак го ослободиле и му овозможиле да побехне, по што продолжил со своите дела. Дали нешто слично се случило откако од необјасниви причини е пуштен од затвор или пак се уште е на слобода и трага по нови недолжни жртви – останува мистерија која можеби никогаш нема да биде откриена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМакедонскиот репрезентативец Мозес Рајт прогласен за МВП на 13-тото коло во ЕвролигатаЦентарот на Олимпија Милано, репрезенативецот на Македонија, Мозес Рајт, е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 13-тото коло од Евролигата, по доминантната партија во победата од 78:70 против фаворизираниот Фенербахче.Американецот со македонски пасош го заврши натпреварот со индекс на корисност од 36, што претставуваше најдобар учинок во ова коло во најсилното европско кошаркарско натпреварување. Рајт во дуелот против центрите на Фенербахџе оствари „дабл-дабл“ учинок со 22 поени, 11 скока и две асистенции, како и една украдена топка. Тој погоди седум од десетте обиди за два поена, додека од линијата за слободни фрлања беше прецизен осум пати од девет обиди. Ова е негова трета МВП награда во кариерата, а прва во дресот на миланскиот клуб. Претходните две ги освои минатата сезона како член на Жалгирис, во 28-то и 38-то коло. Тој е, исто така, првиот кошаркар на Олимпија што ја добил оваа награда оваа сезона. Второто место во изборот му припадна на Двејн Вашингтон од Баерн, кој оствари индекс на корисност од 33 во победата над Басконија (100:81). Американецот постигна 23 поени, а забележа и седум скока и две асистенции. Трет беше Дарио Бризуела од Барселона со индекс од 31, и покрај поразот на каталонскиот тим од Црвена ѕвезда (100:103). Шпанскиот бек постигна 22 поени, со пет скока и четири асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општинитеДенес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато.Во продолжение целата изјава на премиерот Христијан Мицовски кој со владина делегација е во посета на Делчево. „Добар ден и од мене. Денес во Делчево имавме можност да разговараме за новите проекти, но исто така и да направиме една ретроспектива за тоа што досега е постигнато. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот на општина Делчево кој што е навистина жестоко мотивиран, неговата работа се гледа на терен, импресионира тоа што нонстоп зборува за нови проекти, се бори за својата општина. И јас би сакал да ја поздравам неговата работа и да дадам поддршка за неговата работа, да се заблагодарам на сите оние советници, на луѓето, на администрацијата на општина Делчево кои што помагаат секој од овие проекти да биде реализиран и му помагаат на градоначалникот во намерата да навистина сето она кое што било заборавено да денеска еве добие контура која што ќе го подобри квалитетот на животот на жителите на општина Делчево. Но, и не само на општина Делчево туку и на општините кои што гравитираат околу општина Делчево, би рекол целиот Пијанечко-Малешевски крај. Исто така би сакал да се заблагодарам на колегите од владата кои што работат во интерес на испорака на проект повеќе, не само тука, туку и на цела територија на Македонија. Како влада во рамките на нашите можности па и повеќе од тоа би рекол, можеби нескромно-но тоа е реалноста; даваме се од себе за да испорачам проект повеќе, да санираме проблем повеќе, да креираме политика повеќе со која што ќе успееме колку толку да го олесниме животот на нашите граѓани. Понекогаш успеваме, понекогаш помалку успеваме, но проблеми се многу за решавање, нема да очајуваме, туку едноставно мотивирани сме, сакаме да направиме да Македонија биде навистина убаво, пристојно место за живеење. Така што еве уште една благодарам до денешниот домаќин, градоначалникот на општина Делчево и да посакаме уште многу проекти да се реализираат во Пијанечко-Малешевски крај, истакна македонскиот премиер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Боинг со 146 луѓе изврши принудно слетување на ФилипинитеПатнички авион на „Ер Њугини“ (Air Niugini), со 146 патници и членови на екипажот, мораше принудно да слета во јужните делови на Филипините поради предупредувања за можен пожар во моторот. Авионот слета безбедно, а никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден. Авионот од типот „Боинг 767-383ER“ летал од Хонгконг кон Папуа Нова Гвинеја, кога пилотите забележале предупредување за можен пожар или искрење во десниот мотор. Тие одлучиле да ја пренасочат трасата на летот кон Меѓународниот аеродром во Давао. NEW: Air Niugini Boeing 767-383ER passengers and crew evacuated on the runway at Davao International Airport in the Philippines after an engine fire indication while en route to Papua New Guinea. The right main gear was doused by water after the brakes overheated during the emergency landing. 4 tires on the right main gear were damaged. The Civil Aviation Authority of the Philippines confirmed that all 137 passengers and nine crew members on board were safe. https://t.co/RNv1MYl7bj — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) November 21, 2026 Авионот извршил непланирано слетување во Давао, кратко по полноќ во саботата. Во него се наоѓале 137 патници и девет членови на екипажот, кои по слетувањето го напуштиле леталото користејќи тобогани за итна евакуација. Филипинската управа за цивилно воздухопловство потврди дека нема повредени лица. Патниците и екипажот биле пренесени до аеродромската зграда, каде што им била пружена помош и им било обезбедено хотелско сместување, сè додека не се организира продолжување на патувањето. Пилотите добиле предупредување за можен пожар. Портпаролот на Управата за цивилно воздухопловство на Филипините, Ерик Аполонио, изјави дека пилотите, преку системот за предупредување, забележале знаци на можна искра или пожар во десниот мотор на авионот. Екипажот веднаш пристапил кон спроведување на безбедносните процедури и побарал дозвола за непланирано слетување. Аполонио најави истрага, која ќе вклучува и изјави од пилотите, со цел да се утврди што го предизвикало предупредувањето. All 146 passengers and crew aboard an #AirNiugini flight are safe after pilots divert the aircraft from #HongKong to Davao City in the #Philippines following a possible engine fire warning Footage shows passengers evacuating the plane using emergency slides after it lands safely https://t.co/24GZoWDZrs — Newslive 24x7 🅧︎ (@kanpurtak) November 21, 2026 Засега нема информации за оштетувањата на леталото. Исто така, не е потврдено дали навистина избувнал пожар во моторот, или пак системот само сигнализирал можна опасност, поради што екипажот, од претпазливост, ја променил траекторијата на летот.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter