Повици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникот
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош
1Повици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникот
2Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветМонструм кој сексуално уценувал 286 девојчиња низ светот, помлади од 16 години- осуден е Предатор кој се претставувал како познат Јутјубер и уценувал стотици девојки ширум светот да вршат сексуални дејствија пред камера, е осуден на 17 години затвор во Австралија.Мухамед Заин Ул Абиден Рашид се изјаснил за виновен по 119 обвиненија, во кои се вклучени 286 лица од 20 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Јапонија и Франција. Две третини од неговите жртви биле помлади од 16 години, пишува НДТВ. 29-годишникот ги принудувал девојките да снимаат што поексплицитни видеа, заканувајќи им се дека ќе испраќа пораки и разголени фотографии до нивните семејства и пријатели. Прво, тој се преправал дека е 15-годишен американски јутјубер и на тој начин контактирал со жртвите. Потоа почнал да им раскажува за сексуални фантазии, на кои жртвите испраќале експлицитни фотографии и видеа. Рашид потоа се заканувал дека ќе ги испрати нивните видеа на пријателите и семејството доколку не извршат низа понижувачки сексуални дејствија - кои понекогаш вклучувале домашни миленици или други деца во нивниот дом. Австралиските власти велат дека тоа е еден од најлошите случаи на сексуална изнуда во историјата. Судијката Аманда Бароус вчера при изрекувањето на казната изјави дека во земјата немало споредлив случај. 29-годишникот бил обвинет во 2020 година и е фатен откако австралиските власти контактирале со Интерпол и американските истражители. Рашид веќе отслужува петгодишна затворска казна за двоен сексуален напад врз 14-годишно девојче во неговиот автомобил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовици до институциите за итна разврска на случајот со претепаната девојка во Охрид-Спорни се квалификацијата на делото и мерките што се одредени за насилникотОстра осуда и повици до институциите за итна разврска- се огласија политичките партии за случајот со претепаната девојка во Охрид. И власта и опозицијата бараат детална истрага и одговорност за сите вмешани лица кои на било каков начин му помогнале на сторителот да го прикрие делото и да помине со поблаги мерки. Од ВМРО-ДПМНЕ со која го поврзуваат семејството Корабоски, преку соопштение го осудија насилството врз 26 годишната Сара и порачаа дека никој не е над законот. Упатија критика до обвинителството зошто по апсењето го пуштиле сторителот на слобода. -Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност. Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата., стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ пак велат дека блиските релации на семејството со владејачката партија му помогнале на насилникот да помине полесно. Повикаа на протест утре во 18 часот пред СВР Охрид. -Пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици. Затоа бараме веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник. Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позициите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара,-Кети Штерјова – Форум на жени на СДСМ. За да се стави крај на покажување на моќ пред системот треба да има поригорозни казни, оценува претседателката на ЛДП Моника Зајкова. Според неа треба да одговараат и оние кои се обиделе да му помогнат на сторителот да го прикрие случајот. -Сметам дека обвинителството во ваков случај треба да ги земе сите околности и како правник би барала да се квалификува како обид за убиство а не само како нанесување на телесни повреди. Навистина се гледа дека девојката можеше да биде следната жртва на фемицид. / Чиво сака нека биде, дете на директор, на министер, на кого сака, одговорност пред законот,-Моника Зајкова – претседателка на ЛДП. Се огласи и министерот за правда Јетон Шасивари, кој вели дека полицијата, обвинителството и судовите мора да постапуваат без притисоци, привилегии и двојни стандарди, а секое пропуштање, непостапување или незаконско влијание мора да биде предмет на соодветна проверка и одговорност. Додава дека со новиот Кривичен законик ќе се зајакне заштитата од семејно и родово базирано насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасошКристијан Корабоски доби мерки на претпазливост, за 31 годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 годишна девојка и ја исфрлил полусвесна пред маркет од автомобил, охридското обвинителство не побара притвор.Кристијан Корабоски доби мерки на претпазливост, за 31 годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 годишна девојка и нефоцијално полусвесна ја исфрлил пред маркет од автомобилот, охридското обвинителство не побара притвор, откако СВР Охрид му поднсе кривична пријава за нанесување „тешки телесни повреди“. Од кривичниот суд во Охрид велат дека се одредени побараните мерки, а зошто нема притвор за осомничениот насилник на прашањето не одговори ниту републичкиот обвинител Ненад Савески, кој посочи дека не сака да шпекулира околу квалификацијата на делото и дали истата треба да биде потешка, бидејќи се уште се прибираат докази. На Корабоски, кој треба еднаш неделно да се јавува во суд, одземен му е пасошот, изречена му е забрана да и се приближи на Ѓорѓиоска на 50 метри. -Доколку би одговорил на вашето прашање, да утврдам јас правна квалификација, тоа би се свело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере на истражната постапка. Денес дури известен сум од надлежниот јавен обвинител дека веќе се во контакт со жртвата, тој исказ ни е многу суштествен, од него ќе ни произлезат многу докази, со голема доказна вредност,- - Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ. „Собери ги сите познаници, да го прикроиеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ – е разговорот кој го слушнала Сара во автомобилот помеѓу насилникот и неговиот татко, инспектор во УЈП, според обвинувањата на нејзината мајка која ги изнесе на социјалните мрежи. Таа обвинува и дека се правеле обиди за прикривање на случајот преку неговите родители, нагласувајќи дека негова мајка е Љубинка Корабоска, поранешна – претседателка на антикорупциска. Дополнително, според тврдењата, и неговата тетка се јавувала во болницата каде што е сместена за да влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже дека имала полесни повреди. Савески кажа дека се истражуваат и овие наводи. Братот на Сара, Димитар, за Канал 5 вели дека хоророт за претепаната девојка, која има отоци на главата, модрици по цело тело и знаци на давење, е уште поголем оти насилникот е на слобода, па секој слушнат чекор во болницата мисли дека е негов. Воедно, стравуваат да не влијае на обвинителите и на докторите. -Слушнавме дека е ослободен и уште дотолку се исплаши сестра ми. Цела ноќ никој не спиеше, сестра ми ми вика дека секој звук што го слуша, стравува дека некој ќе влезе, и ние подолг период останавме пред болницата и мораше да сме тука во близина. Сара кога се освестила малку, слушнала како прашува напаѓачот како да се спаси од делото, ни кажа дека го зела телефонот да бара помош и рекле да молчи оти ќе биде убиена. Го зела од дечкото телефонот, затоа што нејзиниот веќе бил уништен. Напаѓачов не е задржан ниту 18 часа. Сношти во 11 часот само,- - Димитар Ѓорѓиоски – брат на Сара Ѓорѓиоска. Во меѓувреме во приведен е и таткото на Ѓорѓиоска, по пријавата на мајката на осомничениот дека по претепувањето телефонски им се заканувал на целото семејство, за што од СВР Охрид велат дека исто така ќе следува кривична пријава. Што се однесува до безбедноста на Сара, посочија дека полицијата ќе ја спроведе секоја мерка која ќе биде побарана од правосудните органи. -По консултации со ЈО, СВР Охрид ќе преземе и други мерки доколку бидат побарани од ЈО, така да напоменувам дека посебен тим на полициски службеници е посветен на решавање на овој казнено правен настан и секако сигурноста и безбедноста ја гарантира СВР Охрид. Според кривичната пријава, на 15ти во два часот по полноќ дошло до расправија меѓу партнерите во домот на Корабоски, а продолжила во автомобилот на осомничениот кој бил во алкохолизирана состојба, по што тој физички ја нападнал. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што Ѓорѓиоска изгубила свест и паднала. Неофицијално, ја оставил пред маркет во Охрид. Три часа подоцна, околу 5 часот, Корабоски бил приведен од полицијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просекПо повод Светскиот ден на предвремено родените деца, министерот за здравство, Сашо Клековски, го претстави напредокот во неонаталната здравствена заштита и приоритетите за наредниот период.По повод Светскиот ден на предвремено родените деца, министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со директорката на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев и раководителката на одделот за интензивна нега и терапија, д-р Елизабета Петковска, го претстави напредокот во неонаталната здравствена заштита и приоритетите за наредниот период. Годинешното мото е „Мали бебиња, голем потенцијал. Инвестирајте во континуирана грижа за да ја заштитиме нивната иднина!". Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и УНФПА, во март годинава оценија дека ова е најголемото подобрување во преживувањето на децата забележано во светот. Според податоците на УНИЦЕФ за 2024 година, неонаталната смртност изнесува 1,05, доенечката 2,26, а смртноста до пет години 2,8 на 1.000 живородени деца. За споредба, просекот на Европската Унија за доенечка смртност во 2024 година е 3,5 на 1.000 живородени. Независната анализа на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ), изработена е во рамки на проектот „Converge2EU“, го мери приближувањето на земјата кон Европската унија по одделни области. -Имаше јасна цел, програма зад таа цел и поддршка што траеше подолго од еден мандат. Кога тие три работи ќе се најдат заедно, македонското здравство испорачува резултат од светски ранг. Тоа не е успех на едно одделение — тоа е модел што може да се пренесе, изјави министерот Клековски. Во светот годишно предвреме се раѓаат околу 13,4 милиони бебиња, односно приближно едно од десет новороденчиња. Во земјава околу 9 до 10 отсто од бебињата се раѓаат пред завршени 37 гестациски недели, што е над европскиот просек. -Намалената смртност, потенцира министерот Клековски, не значи и намалена зачестеност на предвременото раѓање — затоа фокусот се поместува кон превенцијата, навременото откривање на ризичните бремености и здравјето на жената пред и за време на бременоста. -На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во периодот од 1 јануари до 31 октомври 2026 година се реализирани 3.266 породувања и се родени 3.216 живи новороденчиња, од кои 610 или 19 отсто предвреме. Повисокиот процент во однос на државниот просек произлегува од тоа што Клиниката е национален терциерен центар во кој се упатуваат ризичните бремености од целата држава, изјави директорката Алексиоска Папестиев . Таа истакна дека приоритети за наредниот период се превенција и рано откривање на ризичните бремености; континуирано следење на растот и развојот по отпуштањето од болница, со достапни специјалистички прегледи и рана интервенција, поддршка на родителите преку навремени информации, психолошка поддршка и активно учество во грижата за своето дете. Директорката д-р Алексиоска-Папестиев потецираше дека сето ова е резултат на систематска и тимска работа на целиот кадар на Клиниката, како и модернизацијата на условите, континуираната едукација на здравствените работници, со посебен фокус на обезбедените 13 нови инкубатори, три беби-затоплувачи, како и ултразвучен апарат со три сонди за евалуација на мозочињата, белите дробови и срцата на овие пациенти. Во тек е и обновување на одделението за доносени новородени. Д-р Петковска, раководител на одделот за интензивна нега и терапија при Клиниката за гинекологија, истакна дека на одделот во рамки на развојната нега за предвремено родените и високоризичните новороденчиња, се спроведува кенгурирање, а согласно препораките на Светската здравствена организација за ексклузивно доење и рана исхрана со мајчино млеко, функционира и лактариум во кој мајките измолзуваат млеко за своите бебиња во текот на престојот. Светскиот ден на предвреме родените деца, годинава, првпат се одбележува на 15 ноември. По повеќе од една деценија одбележување на 17 ноември, Светската здравствена организација го определи новиот датум со формалното вклучување на денот во календарот на СЗО, поддржано на Светското здравствено собрание во 2025 година, за да се избегне преклопување со Светскиот ден за елиминација на ракот на грлото на матката, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55