3Мицкоски се сретна со Пленковиќ во Њујорк: Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери
Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
Шоу бизМоника Белучи прв пат проговори за врската со Тим Бартон: Го сакам и почитувамМоника Белучи (58) во интервју за магазинот „Ел Франс“ првпат проговори за врската со режисерот Тим Бартон (64)."Мило ми е што го запознав. Тоа беше една од оние средби кои ретко се случуваат. Го сакам Тим и го почитувам", открила познатата актерка. Пред неколку месеци, нововенчаната двојка беше фотографирана како се шета во Мадрид, при што цело време се држеа за раце. Беа насмеани и расположени. Претходно тие беа снимени како страсно се бакнуваат на сред улица, а Моника и тогаш го држеше за рака Тим. Двајцата се запознале пред 16 години, но медиумите велат дека почнале да се забавуваат откако се сретнале на филмскиот фестивал Лумиер во Лион во октомври. 58-годишната Моника била почесен гостин на фестивалот, каде на 64-годишниот режисер му ја врачи наградата за животно дело. "Никогаш во целиот мој живот не сум почувствувал толку многу љубов како вечерва. Добре дојдовте на најдобриот погреб што сум го имал", изјави Тим Бартон по примањето на наградата. Тие седеа заедно на доделувањето, а исто така се вели дека подоцна биле видени заедно на проекцијата на немиот филм на Луј Лумиер од 1895 година. Моника е сингл откако се раздели со уметникот Николас Лефевр во 2019 година. Таа претходно беше во брак со Винсент Касел од 1997 до 2013 година. Тим беше во врска со актерката Хелена Бонам Картер (56) 13 години, но се раздели во 2014 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
БалканСрбин загина на „Октоберфест“- го удрила гондола во забавниот парк Семејството и пријателите се во шок по трагичната смрт на Александар С. (52) на Октоберфест во Минхен. Српскиот државјанин починал откако бил удрен со гондолата на атракцијата „Hangover“, која се спушташе со голема брзина од висина од околу 80 метри, објави Телеграф. Трагедијата се случила во понеделник, 21 септември, околу 21:45 часот, околу десет минути пред да му заврши работното време. Неговата сопруга Адријана изјави дека разговарале околу еден час пред трагедијата и дека се договориле целото семејство заедно да го посети Октоберфест во вторник. Веста за неговата смрт силно ги погоди и пријателите на Александар. „Разговарав со Александар три дена пред трагедијата, ми рече дека ќе работи на Октоберфест како обезбедувач во забавниот парк и токму ја слушнав тажната вест кога неговиот син ми се јави и ми ја соопшти“, напиша еден од пријателите на Александар. „Тој беше добар човек. Многу ми е жал, секогаш се смешкаше, секогаш се шегуваше и ги правеше луѓето околу него да се смеат“, напишаа неговите пријатели и познаници. Да потсетиме дека Александар работел како обезбедувач во атракцијата „Hangover“. Неговата сопруга Адријана и нивниот син за „Билд“ изјавија дека сè уште не разбираат како се повредил и како завршил во зона каде што не му било дозволено да влегува. „Всушност, никој не смее да влезе таму бидејќи е забрането. Но, можеби некој ги изгубил очилата или мобилниот телефон, па сакал да го земе“, рече синот на трагично загинатиот српски државјанин.Тагови: Октоберфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноДрама во зоолошка: Птица од 1,8 метри избега во град (ВИДЕО)Птица ему утрово избегала од мобилна зоолошка градина во западна Јапонија, но подоцна била фатена и никој не бил повреден, соопштија локалните власти.Службите за итни случаи добиле пријава од минувач околу 6:45 часот по локално време дека голема птица трча по улица во Моријама, објави новинската агенција Кјодо. Вработените во зоолошката градина Хори ја фатиле птицата во дворот на блискиот станбен комплекс откако биле контактирани од локалната полиција. „Бегалецот“ е стар една година и висок околу 1,8 метри. Зоолошката градина соопшти дека истражува како птицата избегала, бидејќи железната порта била обезбедена со гумено јаже. Еден кенгур избегал од истата зоолошка градина во 2010 година, а три ежови во 2013 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
СветИранскиот претседател во ОН покажуваше фотографии од мртви деца: Ние само се браневмеИранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денеска пред Генералното собрание на ОН дека неговиот народ е „жртва на тероризмот“ на Соединетите Американски Држави. Говорот го одржа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека може да ја „уништи“ Исламската Република, пишува АП. Пезешкијан покажа фотографии од починатиот врховен водач Али Хамнеи и повеќе од 150 училишни деца кои загинаа во првите денови од војната. „Ние само се браневме. Ние не сме терористи“, рече Пезешкијан на Генералното собрание. „Нашиот невин народ беше цел на кукавички напади и агресија што ѝ беше наметната на нашата земја. Се браневме со сите сили. Америка и Израел не нападнаа. Тие не погодија, но ние не попуштивме“, опиша иранскиот претседател. Техеран ја омаловажи важноста на состанокот Пезешкијан, кој важи за умерен во иранските политички кругови, пристигна во Њујорк во услови на засилени безбедносни мерки. Тој им се обрати на светските лидери еден ден откако Доналд Трамп од истата говорница рече дека може да го „уништи“ Иран доколку наскоро не се постигне договор за ставање крај на војната која трае речиси седум месеци. Неколку часа подоцна, Трамп им потврди на новинарите дека неговите главни пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се состанале со иранските власти на маргините на годишната сесија. Средбата траела околу три часа, но Трамп не соопштил многу детали за текот и содржината на разговорот. „Тоа беше многу добар состанок“, рече Трамп. Државниот секретар Марко Рубио вчера изјави дека Трамп е отворен за средба со Пезешкијан додека е во Њујорк. Техеран ја омаловажи важноста на ненајавениот состанок. Тоа беа први индиректни разговори меѓу американски и ирански официјални претставници по пропаѓањето на примирјето во јуни. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ги повтори преговарачките позиции на неговата земја и побара од Вашингтон да ја прекине блокадата на иранските пристаништа и да ги одмрзне иранските средства. Багаи рече дека разговорите, кои беа водени индиректно преку катарски посредници, „не се ништо ново“. Преговори без решение Пезешкијан ќе има можност подетално да ја објасни позицијата на Техеран по повеќе од една година прекинати разговори меѓу Иран и неговите долгогодишни противници, кои не успеаја да постигнат траен договор. Неговиот говор доаѓа во време кога нападите во Ормускиот теснец, долж брегот на Иран, продолжуваат да се случуваат повремено, додека комерцијалниот поморски сообраќај е сè уште послаб отколку пред војната. Неговото обраќање минатата година дојде неколку месеци по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран. Многу од највисоките воени и политички лидери на Исламската Република беа убиени во конфликтот, кој повторно ги прекина неколкунеделните преговори со Соединетите држави. „Дами и господа, сите бевте сведоци дека минатиот јуни мојата земја беше изложена на дива агресија и јасно кршење на најосновните принципи на меѓународното право“, рече тогаш Пезешкијан.Тагови: иранскиот претседател ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50