Монако го продолжи договорот со Минамино - Канал 5

Монако го продолжи договорот со Минамино

 Фудбалерот од средниот ред на Монако, Такуми Минамино го продолжи договорот со клубот, објави прес-службата на „Монегаски“.

Монако го продолжи договорот со Минамино

Новиот договор на 30-годишниот Јапонец е со важност до летото 2027 година.

Минамино игра за Монако од летото 2022 година. Тој одигра 89 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 15 асистенции.

Фудбалерот претходно играше за Ливерпул, Саутемптон, Салцбург и Серезо Осака.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна во саботата по локално време, при што загинаале  најмалку пет лица, а неколку други беа повредени, јавува германската агенција ДПА.

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5.

Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа и во Лима.

Според IGP, земјотресот се случил во 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во истоимената провинција.

Според извештаите, земјотресот предизвикал уривање на неколку куќи и на 500 години стариот историски крст на Лорд Каникруз, а голем број локални жители побарале помош од надлежните служби, пренесува порталот Peru21.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште една страшна ноќ на Блискиот Исток: Америка го бомбардираше Иран, брзо следуваше одговор

САД извршија напади врз Иран осма ноќ по ред, а Техеран тврди дека возвратил со напади со беспилотни летала врз американски бази во Кувајт.

Уште една страшна ноќ на Блискиот Исток: Америка го бомбардираше Иран, брзо следуваше одговор

Соединетите Американски Држави, по наредба на претседателот Доналд Трамп, извршија напади врз Иран осма ноќ по ред, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Како дел од тие напади, САД конкретно ја таргетираа иранската Револуционерна гарда, за која се верува дека во петокот извршила напад врз воена база во Јордан, при што загинаа најмалку двајца американски војници, соопшти Пентагон, пренесува „Си-би-ес њуз“ (CBS News).

Уште еден припадник на американските сили се води како исчезнат по иранскиот напад, додека неколку американски војници се ранети. САД исто така погодија ирански воени објекти за крајбрежен надзор и противвоздушна одбрана, поморски објекти, како и складишта за ракети и беспилотни летала, со цел да се ослабат воените капацитети на Иран, соопшти Централната команда (CENTCOM), потврдувајќи дека нападите завршиле околу 23:30 часот по локално време.

Потоа следувал и одговор од Иран.

Иран тврди дека извршил напади со беспилотни летала врз две американски бази во Кувајт. Иранската армија соопшти дека извела напад од големи размери со беспилотни летала врз два американски воени објекти во Кувајт, пренесува Ал Џезира.

Во соопштението пренесено од државниот радиодифузер IRIB, армијата наведе дека нејзините „разорни беспилотни летала го погодиле складиштето за муниција во кампот Ал Адири“, како и радарите на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и радарите за противвоздушна одбрана во воздухопловната база „Али Ал Салем“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растат

Христијан Мицкоски вчера најави намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Веќе денеска се очекува ново поскапување на горивата.

СДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растат

Ова е уште еден доказ за реактивната и неуспешна економска политика на ВМРО-ОКГ.

Мицкоски и неговата влада постојано доцнат со мерките. Кога цените веќе скокнаа до плафон, тогаш излегуваат со најави за намалување на акцизи. Но, и тоа доаѓа предоцна.

Само кај Мицкоски секоја мерка наместо да ги намали цените, ги зголемува или нема никаков ефект.

Наместо да ги прифати предлозите на СДСМ за навремени и системски мерки за заштита на граѓаните од поскапувањата, ВМРО-ОКГ одбиваше да реагира - било намерно, било од незнаење и неспособност.

Резултатот е ист: цените на горивата, храната и основните производи постојано растат, а граѓаните плаќаат највисока цена.

Ова е систематска политика на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО која доведе до економски колапс.

Наместо превентивни мерки и заштита на стандардот на граѓаните, добиваме доцни реакции и празни најави кои не ја решаваат кризата.

Граѓаните живеат во страв по секоја мерка на Мицкоски. Можат само да очекуваат нови поскапувања од ден на ден, додека ВМРО-ОКГ продолжува со истата политика на доцнење и неуспех.

Скопје, 19.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер