Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
МакедонијаМОН: Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброкНа 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк наменет за сите редовни студенти на државните и приватните универзитети во државата. Ги повикуваме тековните студенти, денеска и утре да го завршат пријавувањето, за да може првата уплата во износ од 2.400 денари, да ја добијат на почетокот на октомври годинава. Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар. Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка. Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Според проценките на МОН, очекуваме ова право да го искористат околу 40.000 студенти. До сега за користење на субвенционираниот студентски оброк пријавени се 15.627 студенти. Наша обврска е да ги пресретнеме потребите на младите. Воведувањето на субвенционираниот студентски оброк, нови стипендии и зголемените износи на постојните се одговор токму на барањата на студентите кои ги исполнивме за краток период. Младите мора да бидат задоволни од грижата на државата кон нив и од можностите кои им ги обезбедува за остварување на личните и професионални цели. Само на тој начин ќе бидат доволно мотивирани да останат во сопствената земјата и да го реализираат својот потенцијал, што ќе значи и придонес кон севкупниот општествено економски развој. Затоа министерството преку работната група МЛАДИ -МОН продолжува со директна вклученост на младите да креира политики и мерки кои се во интерес на студентите и учениците. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР распиша меѓународна потерница по Ива МихаиловаМинистерството за внатрешни работи распиша потерница по 23-годишната Ива Михаилова, по барање на Основниот суд во Кочани..Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од кривичниот законик, објави МВР, откако Михаилова пред три дена побегна во Бугарија и беше утврдено дека таа нелегално ја напуштила земјава.. Претходно, судот во Кочани и одреди 30-дневен притвор на Михаилова, која е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.. Иако таа и нејзиниот адвокат за бугарските медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, од МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран нивни излез од Македонија, ниту влез во Бугарија..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Живот„Економист“ за војната со Иран: Досега Америка потроши 265 милијарди долари Војната со Иран, која ужива многу мала поддршка меѓу Американците, сè повеќе го оптоварува буџетот на домаќинствата. Од поскапото гориво и повисоките каматни стапки за станбени кредити до зголемените цени на авионските билети, конфликтот дополнително ги зголемува трошоците за живот на граѓаните кои веќе се соочуваат со инфлација. Сето ова се случува во пресрет на изборите за Конгресот на САД, пренесува Си-Ен-Ен (CNN). Според проценките на Марк Занди, главен економист во фирмата за економска анализа „Мудис аналитикс“ (Moody’s Analytics), војната ги чинела американските потрошувачи приближно 265 милијарди долари (или 236 милијарди евра) од почетокот на конфликтот во февруари. Ова претставува дополнителен трошок од околу 2.000 долари (или 1.785 евра) по просечно американско домаќинство. „Многу Американци со право ја поврзуваат војната со Иран со болно високите трошоци за живот, поради што сакаат таа да заврши“, изјави Занди. Во меѓувреме, растот на платите не го следи растот на цените; во септември, растот на платите забави на најниско ниво во последните пет години. Кога ќе се земе предвид инфлацијата, реалната вредност на платите опаѓа речиси секој месец од почетокот на војната. Како последица на тоа, некои Американци се принудени да посегнат по заштедите или да се потпрат на кредитни картички за да ги покријат секојдневните трошоци. Цените на енергенсите претставуваат најголем проблем. Војната со Иран со месеци го блокираше Ормускиот Теснец – еден од најважните поморски премини за глобалната трговија со нафта. Ова го запре извозот на големи количества сурова нафта, гориво и течен природен гас од Персискиот Залив. Иако транспортот на нафта низ теснецот е обновен, трошоците за транспорт од регионот значително се зголемија. Ова резултираше со повисоки цени на бензинот, дизелот и горивото за авиони. Поради зголемените трошоци за енергија – вклучително и повисоките сметки за греење – просечното американско семејство потрошило околу 1.100 долари повеќе од почетокот на војната отколку што би потрошило во нормални околности. Занди проценува дека, при сегашните цени, овој дополнителен трошок се зголемува за околу 50 долари (приближно 45 евра) секоја недела. Дизелот, кој се користи во камиони, трактори и возови, и понатаму е на ниво близу до рекордните цени. Иако наглиот раст на цените на бензинот е стабилизиран, цената останува значително повисока од вообичаеното за овој период од годината. Според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), просечната цена на бензинот изнесува 4,34 долари за галон (приближно 1,02 евра за литар). Пред почетокот на војната, еден галон чинеше 2,98 долари (околу 0,70 евра за литар). Тоа значи дека цената на бензинот во САД е зголемена за речиси 46 проценти од почетокот на конфликтот. Вчера беше забележан 165-тиот ден во годината во кој просечната цена на бензинот во САД изнесуваше најмалку четири долари по галон – или приближно 0,94 евра по литар. Според анализата на CNN врз основа на податоци од AAA, ова претставува рекорд од почетокот на следењето на овие податоци во 2000 година. Претходниот рекорд беше поставен во 2022 година, кога цената на бензинот изнесуваше најмалку четири долари по галон во текот на 158 дена. Цените тогаш нагло пораснаа поради руската инвазија врз Украина. Единствената друга година кога бензинот го достигна тоа ценовно ниво беше 2008 година, кога се задржа на таа висина 48 дена во текот на летото. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека повисоките цени на бензинот и дизелот се мала цена што треба да се плати за да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Зголемените трошоци за авионско гориво особено силно ги погодија авиокомпаниите. За да ги намалат трошоците, некои од нив ги укинаа поевтините и помалку профитабилните линии, ги зголемија надоместоците за багаж и ги покачија цените на билетите. Според податоците на Бирото за статистика на трудот на САД, авионските билети во август биле дури 23 проценти поскапи отколку во истиот месец минатата година. Растат и трошоците за греење. Американската Управа за енергетски информации проценува дека домаќинствата што користат масло за греење ќе плаќаат 21 процент повеќе за греење оваа зима во споредба со минатата. Покрај поскапото гориво и греење, Американците сè повеќе се оптоварени и со кредити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со максимална температура до 18 степениВремето денес ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook