1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
МакедонијаМОН: Реакција на прес конференција на политичката партија СДСМОднесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот лицемерие.Министерството за образование и наука реагира на денешната прес конференција на СДСМ, на која обвинуваат дека учениците со попреченост се оставени без образовни асистенти. Тоа е апсолутно неточно и политичката партија со своето однесување, најдобро покажува што значи зборот лицемерие. Четири министри во Владата со која СДСМ раководеше седум години, не успеаја да обезбедат образовни асистенти за сите ученици со попреченост кои следат настава во редовните основни и средни училишта во државата. Во 2024 година, последниот нивен министер обезбеди недоволни 800 образовни асистенти и тоа само во основното образование, додека во средното воопшто не беа ангажирани стручни лица кои ќе им го олеснуваат воспитно - образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби. Денес ситуацијата е сосема поинаква. Ангажирани се 1.358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование. Најмногу досега, а во тек е постапка и за ангажирање на дополнителен број на стручни лица кои ќе обезбедуваат образовна асистенција за децата, согласно пријавените потреби на нивните родители. Во насока на подигнување на инклузивноста, МОН ги јакне и стручните служби во училиштата, преку ангажирање на кадарот кој недостигаше во минатото. Така што, денес не постои училиште во кое нема стручна служба. Паралелно се подобрува пристапноста за лицата со попреченост во училишните објекти преку поставување рампи и тоалети за ученици со посебни потреби. Ќе потсетиме и дека актуелното раководство на МОН прифати долгогодишно барање на граѓанскиот сектор кое е трансформирано во системско решение, а се однесува на обезбедување континуитет во наставата за учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување, да можат часовите да ги следат онлајн заедно со класот или пак, наставникот индивидуално да работи со нив. Со тоа, степенот на инклузивност на образованието е дополнително подигнат. Од новата академска година, предвидено е доделување на нов тип стипендии за студенти со попреченост и со ретки болести со што ќе одговориме на барањата на нивните здруженија и сојузи, а политиките на стипендирање ќе ги следат барањата на ЕУ. Ова е разликата во управувањето со Министерството за образование и наука до 2024 година и во креирањето на образовните политики и политиките за инклузивност потоа. По однос на училиштата во руралните средини кои привремено се затвораат поради тоа што немаат запишани ученици, ќе ги потсетиме тоа е резултат токму на нивните погубни политики поради кои во седум години го намалија бројот на ученици за 17 илјади. Министерство за образование и наукаТагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК — во трката влезе и Трајче Пеливанов Петмина кандидати влегуваат во трката за избор на нов шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), потврди за Канал 5 првиот човек на Советот на јавни обвинители Башким Бесими. Рокот за лично доставување на кандидатури заврши во саботата, а во последен час конкурирал Трајче Пеливанов, поранешниот обвинител на СЈО, кој пак сега е дел вишото скопско обвинителство. Иако рокот за пријавување официјално е истечен, Бесими објаснува дека во наредните денови ќе се разгледува и дали има кандидатури испратени по пошта, пред кандидатите понатаму да ја претстават својата програма пред членовите на советот. Според поранешната претседателка на антикорупционерите Слаѓана Тасева, новиот прв човек на ОЈО ГОКК треба да биде неутрален и непристрасно да делува при спроведувањето на правдата. –Тука треба да биде назначен некој што е многу подготвен да работи првин во оваа сфера – да работи во сферата на организираниот криминал и во сферата на борба против корупцијата затоа што овие две форми на криминал стануваат секој ден се пософистицирани. И мора да биде неутрален и мора да постапува независно, затоа што независноста на јавниот обвинител всушност понатаму е витална за независноста на судот и тој мора да ги почитува правата на сите странки во постапката, вклучително и правата на лицата кои се осомничени.- Слаѓана Тасева, универзитетски професор и поранешна претседателка на ДКСК Покрај Пеливанов, на огласот од претходно се пријави и неговиот колега од вишото обвинителство Јован Цветановски, познат во јавноста по тоа што одново ја отвори истрагата за злоупотребите при набавка на мазут, а за кого има и обвинение за злоупотреба на службената положба. За оваа позиција ќе се борат уште и обвинителката Искра Хаџивасилева, која го води случајот против судијата Ѓоко Ристов, обвинителката Лидија Раичевиќ, која претходно беше и кандидат за државен јавен обвинител, како и обвинителот Фатон Азизи, кој го води случајот на обвинителството во предметот „Адитив“. Мандатот пак на актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази истекува на 8 ноември, а тој веќе соопшти дека нема да се рекандидира. Изборот на новиот раководител на ОЈО ГОКК е предвидено да се одржи на 28 октомври, кога членовите на советот на јавни обвинители ќе гласаат за наследник на Абази. Според актуелниот закон, првиот човек на ова обвинителство има мандат од четири години со право на уште еден избор. Од друга страна пак, во собраниска процедура се наоѓаат и измените со кои се предлага мандатот на шефот на ОЈО ГОКК да трае шест години, без право на реизбор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЗдравјеЧетири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника70 годишниот починат маж од компликации од нилската треска е осмата жртва на вирусот. Тој по потекло е од Драчево, една од мапираните места со нилска треска во Скопје. На 25 август бил примен во инфективната клиника во исклучително тешка состобја и бил на интезивно лекување, потврди директорот на клиниката доктор Фадил Цана. Починатиот имал и други хронични заболување кои биле дополнителн товар во лекувањето. Во моментот на клиниката се лекуваат осум луѓе, двајца од нив се во тешка состојба. Сите се мажи од Скопје, а има еден пациент и од Свети Николе на возраст над 60 години. Во претходните четири дена нема нови хоспитализации на клиниката со вируост на нилска треска. Во среда ќе се врши прскање против ларви од комарци прскањето ќе биде на водни површини, информираат од Град Скопје. Тие се апел до пчеларите де ги заштитат пчелите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаСиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имамеПред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа.Пред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа – учесници во креирањето на независната македонска држава, меѓу кои поранешни функционери и јавни личности на панел-дискусија ги споделија своите искуства, откривајќи и нови моменти од закулисјето на настаните кои довеле до прогласувањето независност. Денешната претседателка а тогашен член на Уставната комисија – Гордана Сиљановска Давкова како и вториот министер за правда – Туше Гошев посочија дека владеење на правото останува предизвик за државава. -Таа не се гради само со демократските избори и конституирањето на институциите, туку со градење функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и слободи, и се разбира со почитување на највисоките стандарди не само на домашното туку и на меѓународното право.- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија -Можам слободно да кажам дека со воведувањето на пропорционалниот модел на избор на пратеници во Собранието, мислам дека се стави мораториум на еден дел од Уставот на Република Македонија. // Во конкретниот случај имаме украден суверенитет од политички партии, политичките партии го зимаат суверенитетот од граѓаните. - Туше Гошев – поранешен министер за правда Во првите мандати се пропуштија неколку шанси за создавање на попријатен амбиент за сите граѓани во земјата – смета еден од првите луѓе на тогашната Партија за демократски просперитет на етничките албанци во земјава - Насер Зибери. -Мислам дека релацијата права – лојалност е секогаш битна за стабилност и просперитет во една земја, мислам дека во тој период имаше недостаток и на едниот елемент и на другиот. - Насер Зибери – член на поранешната партија за Демократски просперитет Пратеникот од првиот Собраниски состав – Петар Гошев тврди дека во договорот со Бугарија е направена иста грешка како и во пресудниот Конгрес на Сојузот на Комунистите на Југославија, кога до крај не се определиле виталните интереси на републиките. -Тоа е истото кога во член 12 од Договорот со Бугарија е договорено дека ние имаме заедничка историја. Фино! А што е заедничка историја? Не е договорено. Епа сега тоа ќе се расплетува, отплетува до не знам кога.- Петар Гошев , пратеник од првиот собраниски мандат Според поранешниот министер за надворешни работи – Благој Ханџиски, уште на првите седници на Собранието како што вели, веќе знаел дека меѓународното признавање, прашањето за името и односите со соседите на Македонија ќе останат долгорочни проблеми за решавање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter