3Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
МакедонијаМОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во ПрипорСпортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.Во подрачниот објект на основното училиште „Круме Кепески“ во Припор, општина Кисела Вода, денес во употреба беше пуштена новоизградена спортска сала, за која преку повикот на Владата за реализација на капитални инфраструктурни проекти во општините, минатата година беа одвоени речиси 20 милиони денари. Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации. На отворањето, во присуство на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, честитајќи за успешно завршената инвестиција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека Владата има стратегија за поквалитетно образование, а еден од приоритетите е забрзана модернизација на образовната инфраструктура. “Ќе потсетам дека за две години реализиравме инвестициски циклус од над 70 милиони евра во 90 инфраструктурни проекти во образованието. Овој проект е еден од нив, а дополнително тука во Кисела Вода во моментов градиме спортска сала во склоп на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ и ги обновуваме спортските сали во рамки на централниот објект на „Круме Кепески“ и во рамки на ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево“, рече Јаневска. Информираше дека наскоро започнува реализацијата на три нови проекти. „За да се воведе концептот на едносменска ефективна настава на целата територија на Кисела Вода, ќе го помогнеме проширувањето на капацитетите на три основни училишта. Едното е централниот објект на „Круме Кепески“, другото е „Кузман Шапкарев“ во Драчево и третото е „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Во сите три училишта ќе доградиме по 6 училници. Активностите во првото започнуваат кон крајот на оваа година, во другите две на пролет следната година“, додаде министерката. Упати пораката новата спортска сала да се користи интензивно, но и одговорно, за како што рече - да биде место за создавање спомени, спорт, постигнување успеси и за рекреација на сегашните, но и на многу нови генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието одбележан Меѓународниот ден на белиот стапНастанот заврши со дебата во која активно се вклучија и лицата со попреченост, кои имаа можност да ги споделат своите искуства, предизвици и предлози за подобрување на пристапноста и остварувањето на нивните права.Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов" и Националниот сојуз на слепи и Зета - Организација за попреченост и правда, денеска, во Собрание организираше настан по повод Меѓународниот ден на белиот стап. Настанот, во улога на модератор го отвори Елена Кочоска која ги поздрави присутните и изрази благодарност до Собранието за организацијата на овој настан. Никола Мицевски, претседавач на ИППГ за правата на лицата со попреченост, во своето обраќање истакна дека секој човек има право на независен живот, како и на пристап до образование и здравствена заштита. Тој нагласи дека пристапноста не е дополнителна придобивка, туку неопходен чекор кон еднаквоста, повикувајќи на почитување на различностите и отстранување на бариерите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Александра Јаковчевска, директорка на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, се осврна на предизвиците со кои се соочува училиштето во секојдневното функционирање, како и на спроведените реформи насочени кон создавање услови учениците да се чувствуваат пријатно, да ги извршуваат своите обврски и успешно да се образуваат. Валентина Ѓурчиновска, претседателка на Здружението на слепи и лица со оштетен вид – Скопје, ги посочи проблемите со кои се соочуваат слепите лица и лицата со оштетен вид во секојдневниот живот, нагласувајќи ја потребата од континуирана поддршка и унапредување на условите за нивно независно функционирање. Во продолжение на настанот, модерирањето го презема, Кристијан Лазарев, кој му даде збор на Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади, кој истакна дека Министерството е во постојана комуникација со организациите што ги застапуваат лицата со попреченост и работи на конкретни законски реформи за унапредување на нивните права. Тој нагласи дека институционалната поддршка и координираната соработка меѓу надлежните институции и лицата на кои им е потребна помош се клучни за постигнување вистинска еднаквост. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на активностите на училиштата и Министерството во насока на унапредување на инклузивноста во образовниот процес. Таа истакна дека целта е секој човек да има еднаква можност да го развива својот потенцијал и самостојно да ја гради својата иднина, посочувајќи ги промените што се преземаат за зголемување на самостојноста на лицата со попреченост. Портпаролката на Владата, Марија Митева, говореше за активностите на Владата во оваа област, нагласувајќи дека во изминатиот период се преземени конкретни чекори за поддршка на лицата со попреченост. Таа посочи дека обврска на институциите е донесените мерки и решенија да ги доближат до лицата на кои им се потребни, со цел тие да можат полесно да ги остваруваат своите права. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека сè уште постојат предизвици во однос на пристапот до дигиталната инфраструктура. Тој нагласи дека целта е секој граѓанин да може самостојно, едноставно и брзо да ги завршува административните обврски преку дигитални услуги, без потреба од посета на шалтери. Во таа насока, тој ја истакна важноста на предлозите и дискусијата отворени во рамките на денешниот настан. Пратеничката Емилија Ангелова, членка на ИППГ за правата на лицата со попреченост, сподели дека нејзиното професионално искуство со лицата со попреченост ѝ овозможило да научи значајни лекции за потребата од еднаквост, разбирање и почитување. Таа нагласи дека пристапот до институциите не е привилегија, туку човеково право, посочувајќи дека зад секое лице со попреченост стои личност со сопствени соништа, цели и потенцијал. Наместо да се создаваат пречки, неопходно е да се обезбедат услови за нивно рамноправно учество во општеството. Настанот заврши со дебата во која активно се вклучија и лицата со попреченост, кои имаа можност да ги споделат своите искуства, предизвици и предлози за подобрување на пристапноста и остварувањето на нивните права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски одби да им помогне на земјоделците, си ги избра тендеритеПратениците на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН застанаа против земјоделците. Го одбија предлог-законот на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците.Ги оставија земјоделците сами, на цедило, среде криза, кога земјоделството е пред колапс. Застанаа против лозарите. Гласаа против тоа да добијат 8 денари за килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, како и 300.000 денари по хектар за оние кои нема да успеат да го продадат грозјето. Застанаа против производителите на пиперката ајварка. Гласаа против тоа да добијат 10 денари за килограм продадена пиперка и 200.000 денари по хектар е Арамијата Мицкоски одби да им помогне на земјоделците, си ги избра тендерите Арамијата Мицкоски и неговата криминална влада уште еднаш покажаа дека не им се важни земјоделците - луѓето што ја хранат државата. Пратениците на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН застанаа против земјоделците. Го одбија предлог-законот на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците. Ги оставија земјоделците сами, на цедило, среде криза, кога земјоделството е пред колапс. Застанаа против лозарите. Гласаа против тоа да добијат 8 денари за килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, како и 300.000 денари по хектар за оние кои нема да успеат да го продадат грозјето. Застанаа против производителите на пиперката ајварка. Гласаа против тоа да добијат 10 денари за килограм продадена пиперка и 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина. Зсатанаа против производителите на пченица. Гласаа против да добијат 5 денари за килограм пченица. Против сточарите, гласаа против да добијат 8.000 денари по грло говедо, а оризарите да добијат 10 денари за килограм произведена и продадена оризова арпа. Ете ова е вистинското лице и лицемерие на арамијата. Нема пари за земјоделците, ама има пари за криминални партиски тендери и договори. Пред избори ветуваа земјоделска преродба, повисоки субвенции, сигурен пласман и повисоки откупни цени – а направија пустош. Се што ветија излажаа. Како сега ќе ги погледнат земјоделците во очи? Родот им скапува на нивите. Ги копачат нивите, ги продваат фармите за да преживеат.. До оваа состојба ги доведе Мицкоски. И наместо помош и поддршка во оваа криза, ги дотолчува. СДСМ ќе продолжи да се бори за земјоделците. Македонскиот земјоделец заслужува поддршка, сигурност и почит. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПознати се осминафиналните парови во Купот на МакедонијаПознати се осминафиналните парови во Купот на Македонија, откако во куќата на фудбалот (ФФМ) беше извлечена ждрепката за следната фаза од најмасовното домашно натпреварување.Како еден од најпривлечните дуели се издвојува пресметката меѓу Силекс и Пелистер, два тима со богата традиција. Во меѓусебен дуел ќе се соочат и екипите на Вардар и Тиквеш, додека вистинско дерби во најава е прволигашката пресметка помеѓу Башкими и Шкендија Арачиново. Мечевите се закажани за 27 и 28 октомври. КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/8 ФИНАЛЕ: Скопје – Новаци Струга ТЛ – Беласица Брера – Арсими Вардар – Тиквеш Пелистер – Силекс Работнички – Саса Македонија ЃП – Брегалница Башкими – Шкендија АрачиновоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11