Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
2Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
МакедонијаМОН објави конкурси за научно-истражувачки проекти, буџетот за наука речиси двојно поголемМОН објави два јавни конкурса на кои треба да се аплицира електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, во рок од 45 дена.Министерството за образование и наука ќе им распредели 344 милиони денари на државните универзитети и факултети, јавни научни установи и на МАНУ за да ја унапредат научно-истражувачката инфраструктура и за да реализираат иновативни научно-истражувачки проекти. МОН објави два јавни конкурса на кои треба да се аплицира електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, во рок од 45 дена. На прес-конференција денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека дел од средствата се обезбедени во рамки на годинашниот буџет за наука кој е речиси двојно поголем од ланскиот и изнесува 680 милиони денари, додека еден дел од парите за проектите ќе се исплатат во текот на следната календарска година, кога и треба целосно да завршат проектите што ќе бидат прифатени. -Едниот конкурс е наменет за финансирање на 40 научно-истражувачки проекти на државните универзитети, факултети, научни институти и Македонската академија на науките и уметностите. Од нив, 15 ќе бидат од подрачјето на природно-математички науки, инженерство и технологија, медицински и здравствени науки, земјоделски и ветеринарни науки, 15 проекти - од подрачјето на општествени и хуманистички науки и 10 проекти во области од Стратегијата за паметна специјализација во насока на дигитална и зелена транзиција, односно паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски технологии, електро-машинска индустрија, и одржливи материјали и паметни згради, информираше Јаневска. Министерката посочи дека секој прифатен проект ќе добие буџет најмногу до 8 милиони денари, преку исплата со однапред утврдена динамика која ќе се заокружи најдоцна до 31 октомври 2026 година, до кога и треба да заврши имплементацијата на проектот. Појасни дека еден апликант може да конкурира со повеќе проекти, но може да му бидат прифатени најмногу четири. Притоа, секој проект не смее да биде идентичен со некој што е веќе реализиран или тековно се спроведува. -Вториот конкурс е наменет за распределба на средства на осумте самостојни јавни научни установи, кои вршат дејност од висок стратешки и национален интерес за државата. И тука ќе се финансираат научно-истражувачки проекти со времетраење до најмногу две години, за што ќе се доделува поединечен буџет до најмногу 3 милиони денари, односно по 1,5 милион денари во 2025 и во 2026 година, рече Јаневска. Резултатите од двата конкурса ќе бидат објавени на веб-страницата на МОН, откако претходно врз основа на јасно дефинирани критериуми, ќе се направи рангирање на поднесените предлог-проекти од страна на посебни комисии формирани за спроведување на конкурсите. Како што рече Јаневска, предност ќе добијат проектите во кои главниот истражувач има објавено најмалку два труда во списанија со импакт-фактор во последните три години, како и главен истражувач кој има објавено најмалку два труда во списанија евидентирани во меѓународни бази или списанија со меѓународен уредувачки одбор. Јаневска ги повика научниците и научно -истражувачки работници вработени во јавните високообразовни и научни установи и во МАНУ да се заложат за изработка на иновативни проекти и да ја искористат можноста за финансирање на нивна дополнителна активност во научната област во која работат. -Науката добива зголемена поддршка од Владата. Финансираме за да ги поддржиме научниците во личниот развој, но и заеднички да придонесеме во развојот на државата, во која образованието и науката треба да бидат основни двигатели, рече министерката. Најави дека наскоро ќе биде објавен и трет повик, исто така за проекти поврзани со имплементација на Стратегијата за паметна специјализација на државата.Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамикаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.- Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки, за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори Вечниот оган. - Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСедум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во КрагуевацВообичаениот училиштен ден се претворил во вистинска драма во во Првото техничко училиште во Крагуевац, кога 17-годишник, ученик во четврта година упаднал во објектот и отвори оган. Откако малолетникот точно во 8 часот пукал со пушка со мал калибар, најверојатно сопственост неговиот татко. Едната вработена, која работела како хигиеничарка, била погодена од куршум, додека друга се здобила со повреди од парчиња стакло што се распрснале од силината на истрелот. Според српските медиуми, само благодарение на сплет на среќни околности и фактот што на напаѓачот му се укочило чкрапалото на пушката избегнат масакар врз учениците и наставниците кои во тој момент биле зад затворените врати од училниците. Двете жени веднаш биле пренесени во болница, а потешко повредената е надвор од животна опасност. Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, потврди дека сите ученици безбедно ја напуштиле училишната зграда по пукањето и објасни дека претходно немало проблеми со ученикот кој е уапсен. -Учениците од Првото техничко училиште безбедно ја напуштија зградата. Ученик од четврта година рани колешка, вработена во Првото техничко училиште. Колешката е надвор од животна опасност. Со брзата реакција на припадниците на МВР, ученикот е уапсен. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе се обидеме наставата што поскоро да се нормализира – изјави – Немања Јоксимовиќ, директор на Првото техничко училиште во Крагуевац . Од српското МВР потврдија дека малолетникот е уапсен и дека полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со нападот. Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат неофицијални информации за активностите на осомничениот на социјалните мрежи и за наводна содржина поврзана со трагедијата во белградското основно училиште„ Владислав Рибникар “. А, особено внимание привлекува и фотографијата која ја ставил на неговиот наводен Вибер профил, на кој е истакнат денешниот датум 24 ноември. Воедно, се појавила и фотографија на која, наводно, осомничениот ученик позира со огнено оружје, пренесуваат медиумите. Автентичноста на овие објави засега не е официјално потврдена. Случајот предизвика големо вознемирување во српската јавност. Пред три години, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ влезе во училиштето во кое учел и со пиштолот на својот татко уби деветмина соученици и училишниот обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook