МОН: Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средни училишта - Канал 5

МОН: Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средни училишта

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека денеска е последен ден за поднесување апликации, во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година. 

МОН: Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средни училишта

Досега се поднесени 13 200 апликации.

Апликациите можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.

-Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот „e-uslugi.mon.gov.mk“, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на „schools.mk“. Истовремено, реагираме и ги демантираме натписите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран, се вели во соопштението на МОН.

Оттаму велат дека не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13 200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието.

Најскапа патарина?! Оваа цена ги разбеснела патниците низ цела Европа – поскапа е и од Швајцарија!

Патувањето со камп-приколка требало да биде ралаксирачко, но за еден патник од Германија заврши со скапо изненадување – патарина.

Најскапа патарина?! Оваа цена ги разбеснела патниците низ цела Европа – поскапа е и од Швајцарија!

И тоа не било каква: поминувањето низ тунел долг само 15 километри меѓу Франција и Италија го чинело дури 72,60 евра, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Патарини и вињети се стандард во многу европски земји, но некои примери знаат да остават горчлив вкус. Во Фејсбук групата „Camping Switzerland“, еден корисник сподели сметка за поминување низ тунелот Фрежис, кој ги поврзува двете земји. Основната цена на патарината изнесувала 60,50 евра, додека дополнителни 12,10 евра биле за ДДВ.

Можеби ќе ве интересира: Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

И после некој ќе каже дека Швајцарија е скапа – напиша тој, предизвикувајќи лавина реакции.

Луѓето коментираа дека ваквата цена е претерување и се прашуваа како е можно ЕУ да го дозволува тоа. Една корисничка предложи и други познати тунели, како Готард или Сен Бернар, да воведат слични цени – но само за странци. Други, пак, го свртеа разговорот против Германците: „Ги затрупуваат Алпите, нека си платат“, беше еден од коментарите.

Но, имаше и такви што се обидоа да ги смират тензиите.

– Секогаш истата приказна – против Германците. А штом почне шопингот, сите доаѓате кај нас – напиша еден член на групата, огорчен од стереотипите.

Можеби ќе ве интересира: Од 4 јули нови цени на патарините низ Србија

Некои сепак ја истакнаа клучната поента: можеби е време сериозно да се размисли за цените на возењето. „Превише евтино возење со автомобил доведува до гужви. Ако патарините беа двојно поскапи, ќе имаше помалку автомобили на патиштата“, наведе еден член, пренесува „Блиц“.

Нико Вилијамс официјално го продолжи договорот со Атлетик

 Крилниот напаѓач на шпанската фудбалска репрезентација, Нико Вилијамс, го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035 година, објави баскискиот клуб.

Нико Вилијамс официјално го продолжи договорот со Атлетик

По неколку недели шпекулации дека можеби ќе ја продолжи кариерата во Барселона, Вилијамс на почетокот на јули објави дека останува во клубот, а Атлетик синоќа официјално потврди дека 23-годишниот крилен напаѓач ставил потпис на долгорочен договор.

„Би сакал да продолжам да пишувам историја на Сан Мамеш со навивачите и моето семејство“, изјави Нико Вилијамс за официјалниот сајт на баскискиот клуб.

„Нема ништо подобро од лов на трофеи со клубот на твојот живот“, додаде Вилијамс.

Нико Вилијамс дебитираше за сениорскиот тим на Атлетик во април 2020 година и досега одиграно 167 натпревари на кои постигна 31 гол за тимот чиј дрес го носи и неговиот Инаки Вилијамс.

Ерупција на вулкан на Исланд, дванаесетта во последните четири години

 Во југозападниот де на Исланд еруптираше вулкан, јави исландската метеоролошка служба, што претставува најнова во низата ерупции во близина на главниот град во последните неколку години.

Ерупција на вулкан на Исланд, дванаесетта во последните четири години

Ова е 12-та ерупција откако геолошките системи на полуостровот Рејкјанес повторно се активираа во 2021 година. Ерупциите, познати како фисурски ерупции, се карактеризираат со текови на лава кои излегуваат од долги пукнатини во земјината кора, наместо од централен кратер.

Досега, ерупциите на Рејкјанес не претставуваа закана за главниот град Рејкјавик, ниту пак предизвикаа значително ширење на пепел во стратосферата, па не дојде до нарушување на воздушниот сообраќај.

Блискиот рибарски град Гриндавик, во кој пред евакуацијата во 2023 година живееле речиси 4000 жители, сè уште е главно пуст поради повремените закани од лава и поврзаните земјотреси. Луксузната спа-зона Блу Лагун и блиската геотермална електрана Свартсенги исто така беа изложени на ризик од лава за време на некои претходни ерупции.

Експертите проценуваат дека ваквите ерупции во оваа област би можеле да се повторуваат со децении, па дури и со векови.

Во Исланд има повеќе од 30 активни вулкани. Оваа северноевропска земја ја прави една од главните дестинации за вулкански туризам кој секоја година привлекува илјадници посетители.

притисни ентер