МОН: Бојкотот е неоправдан и на штета на учениците, потребен е разум и прифаќање на состојбите

Од МОН сметаат дека  бојкотот на наставата од страна на сојузот на средношколците ќе биде од голема штета за матурантите. 

Од МОН сметаат дека бојкотот на наставата од страна на сојузот на средношколците ќе биде од голема штета за матурантите. Во соопштение, велат дека министерството и Владата се должни да ја спроведат матурата за веќе пријавените 14.000 ученици кои решиле да продолжат на факултет. Воедно апелираат дека образованието мора да продолжи да се одвива и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации.

-Бојкотот на група матуранти не од никому во прилог и во овој случај е целосно неоправдан. Бојкотирање на оваа суштинска должност и одговорност е неприфатлива. МОН останува силен партнер на учениците,матурантите,наставниците и родителите и како и досега отворено и заеднички ќе дискутираме за сите предизвици, но сега е потребен разум и прифаќање на состојбите. - Министерство за образование и наука

Од сојузот на средношколицте велат дека тие не се залагаат за укинување на матурскиот испит, напротив бараат истиот да се полага по скратени наставни програми и методологии.

-Не се согласуваме дека бојкотираат само „група матуранти", туку нашите бројки покажуваат дека бојкотира големо мнозинство од матурантите и училиштата ширум земјава. Ние не ја бојкотираме матурата. Ние само го изразуваме нашето незадоволство околу тврдоглавоста на МОН. Министерството тврди дека „останува силен партнер на учениците и матурантите" и дека „како и досега отворено и заеднички" ќе дискутираат за предизвиците. Сојузот ова воопшто не го гледа, ниту пак делата го докажуваат истото.- Сојуз на средношколците

Во четвртокот средношколците испратија писмен допис до Собранието во кој побараа од пратениците да изгласаат измени на законот за средно образование. Нивни претставници вчера одржаа средба со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од кои добија целосна подршка во борбата за нивните средношколски права.

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти, поддршка за клубовите...

Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти, поддршка за клубовите и федерациите, како и пониски даноци за домашните стопанства и привлекување на нови инвестиции.

Денеска сум во посета на општините Гевгелија, Валандово и Неготино. Во Гевгелија имав задоволство да проследам дел од државното првенство во карате за категорија од 10 до 14 години. Навистина импресивно како бројни млади деца се натпреваруваат и го градат спортскиот дух, и тоа е нешто што сакаме да го видиме во Македонија после изборите. Затоа силно ќе го поддржиме спортот. И затоа планираме секоја година дополнителни 50 милиони евра поддршка за спортот во Македонија со цел спортот да се развива, и тоа да е основата за развој на нацијата.

Ќе инвестираме во изградба исто така и на спортски објекти, на спортски сали и на сето она кое што е потребно како спортска инфраструктура, но и поддршка на клубовите, федерациите со цел што повеќе луѓе да се занимаваат со спорт.

Денеска исто така ќе посетиме неколку стопански објекти тука во Гевгелија каде што ќе ги презентираме нашите проекти, пред се поврзани со економскиот развој на Македонија, за стимулирање на домашните инвеститори, секако и привлекување на странски инвеститори. Тука е делот на намалување на даноци кои што треба да овозможи по поволна бизнис клима, стимулирање на извозот преку реструктуирање на министерствата, тука секако доаѓа формирањето на таканаречено Министерство за надворешни работи и трговија, кое што треба да се занима покрај се она што се основни обврски на Министерството за надворешни работи и со промоција на извозот од Македонија, како и привлекување на странски инвестиции во Македонија.

Ќе поразговараме и за состојбите во земјоделието каде што планираме бројни проекти во следниот период и за сето она кое што е важно за граѓаните.

Би сакал да искоментирам уште една работа. Ја гледаме паниката во власта, особено во политичката партија ДУИ, слушаме дека веќе интензивно размислуваат за поткуп на гласачи, да им кажам дека тоа е недозволиво, дека е законски казниво дело и дека одговорност ќе има. Да не помислуваат на таква работа, нашата цел е јасна што поголема поддршка за СДС и ДУИ да одат во опозицијата. И ние сме убедени дека граѓаните ќе ни дадат огромна поддршка за да го реализираме ова, се со цел после тоа да воведеме функционален систем на правото, економски да ја развиваме Македонија, да ги подобруваме условите во образованието, во здравството, пензиите да растат, а младите да имаат подобра иднина во Македонија.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Новите полицајци му ја запеаја на мин. Тошковски - Бисер Балкански!

На денешната промоција на новите припадници на МВР во Идризово се обрати и тех. премиер Џафери на албански јазик.

За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Сашо Тасевски.

Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави мин. Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна - легендарната Бисер Балкански.

Конте седнува на клупата на Наполи

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте, се согласил да застане на чело на Наполи, пренесува денеска Раи Спорт.

Според истиот извор, 54-годишниот Италијанец ќе потпише тригодишен договор.

Неговата плата ќе изнесува 6,5 милиони евра годишно.

Конте својот последен тренерски ангажман го имаше на клупата на лондонски Тотенхем, од 2021 до 2023 година.

По 33 кола Наполи е на 8. место во Серија А со 49 бодови.

притисни ентер