Момче изврши масакр во основно училиште во Русија, пред тоа објавил снимка со нацистички поздрав (ВИДЕО) - Канал 5

Момче изврши масакр во основно училиште во Русија, пред тоа објавил снимка со нацистички поздрав (ВИДЕО)

Т. К. (15), кој е осомничен за убиство на дете (10) и повреди уште тројца во училиште, позирал за фотографија облечен во бела маица со натпис „Ниеден живот не е важен“ и нацистички поздрав.

Момче изврши масакр во основно училиште во Русија, пред тоа објавил снимка со нацистички поздрав (ВИДЕО)

Т. К. (15), кој е осомничен за убиство на дете (10) и повреди уште тројца во училиште, позирал за фотографија облечен во бела маица со натпис „Ниеден живот не е важен“ и нацистички поздрав пред да го изврши крвавиот напад во училиште во селото Горки, Русија.

Малолетникот Т. К. е осомничен дека утрово дошол на училиште вооружен со ножеви и експлозиви, по што нападнал обезбедувач, кого прво го испрскал со бибер спреј, а потоа го избодел барем еднаш. Потоа ги избодел учениците од основното училиште кои му се испречиле на патот, пренесе Телеграф.

Наводно, Т. К. пред нападот го прашал секој ученик „која националност сте?“. Мотивот за грозоморниот напад сè уште е непознат, а некои медиуми објавија дека Т. К. дошол во училиштето барајќи ја наставничката Марија, на која сакал да ѝ наштети од причини кои сè уште се непознати.

Според непотврдени информации, Т. К., кој го снимал крвавиот напад во училиштето, поставил и импровизирана експлозивна направа во училишниот тоалет, а сакал да постави и експлозиви во една од училниците.

Учениците врескајќи трчале по ходниците, а некои наставници успеале да ги спасат животите на учениците заклучувајќи ги во нивните училници.

Кога полицијата упадна во училиштето, Т. К. наводно зел едно дете како заложник и се забарикадирал во училницата со него. Полицијата успеала да ја скрши вратата и да го совлада монструмот пред да може да му наштети на тоа дете.

Потоа бил ставен во патролно возило и однесен на испрашување, каде што го признал злосторството.

Полицијата пронашла бројни загрижувачки предмети во неговите работи што укажуваат дека момчето подготвувало терористички напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинаа денес кога товарен авион на Амазон излетал од пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во САД, удирајќи во неколку возила, соопштија официјални лица.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Неколку лица се однесени и во болници со непознати повреди, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Мајами-Дејд, пренесува „NBC“.

Според американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA), повеќе од 60 пожарникари од округот Мајами-Дејд реагирале на местото на несреќата.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувнал по падот на Боингот 767-300, а надлежната служба потврди дека имало „повеќе повредени“ во овој инцидент, пренесе американската телевизиска станица.

Како што е додадено во соопштението на „FAA“, авионот продолжил да се движи надвор од пистата околу 14 часот по локално време, откако долетал во Флорида од Сан Хуан, Порторико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 09.09.2026 година (среда) на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Прскањето ќе се одвива на водни површини.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Алтернатива за Германија  извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт, далеку пред главните ривали. Пренесува Би-Би-Си.

Алтернатива за Германија извојува убедлива победа во источната германска покраина Саксонија-Анхалт

Прелиминарните резултати покажуваат дека не успеала да освои апсолутно мнозинство, но AFD вели дека добила мандат за влада.

Крајнодесничарската AFD обезбеди 43,8% од гласовите, а конзервативната CDU 17,2%, според прелиминарните резултати на покраинската изборна комисија. Харизматичниот лидер , Улрих Зигмунд, рече дека тоа е „сензационално“ и дека сакаат да започнат со управување што е можно поскоро.ниту една крајно десничарска партија не ја освоила контролата врз германска покраина од втората светска војна, а управувањето на покраинско ниво би значело овластувања врз полицијата, локалното образование и културата. Саксонија-Анхалт има мало население од 2,1 милиони жители, а AFD во покраината е оценета од домашните разузнавачки служби како „десничарски екстремистичка“, класификација што ја отфрли 35-годишниот Зигмунд. ФД се залага за строги ограничувања за имиграцијата, обновување на врските со Русија, намалување на поддршката за Украина и напуштање на еврозоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер