Момче доби 17 милиони прегледи, сите ги воодушеви со танцувањето (ВИДЕО)

Момчето Колби има само десет години, но тој веќе ги освои срцата на луѓето преку интернет.

На социјалната мрежа TikTok се појави симпатично видео од свадбата на сестрата на момчето, кое собра 17 милиони прегледи.

Момчето, како што се гледа на снимките, буквално „растура“ на подиумот додека ја играше песната Savage, изведена од Меган Тее Сталион и Бијонсе.

Видеото било објавено на социјалните медиуми од кумот.

„Ова е негова свадба, иако неговата сестра се омажи“, напиша тој во описот, откривајќи дека момчето е опкружено со воодушевените гости , кои му се придружиле на танцот.

Во видеото, во позадина може да се види уште едно момче, кое се обидува да ги имитира неговите движења и весело се ниша.

@taylorgouldd

It’s his wedding now. His sister just happened to get married at it. @colby_dancer ##wedding ##fyp ##foryou ##GreekFreakOut ##TooManyShoes ##PetsOfTikTok

♬ original sound - taylorgouldd

Неговите потези во танцување ги воодушевија и корисниците на интернет, кои оставија бројни коментари под видеото.

„Тој танцува подобро од многумина на TikTok“, е еден од коментарите.

„Дојде, виде и доминираше“, напиша друг.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер