3Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија
СветМолдавски олигарх е уапсен во Атина: Има најмалку 4 пасоши и бројни вилиМолдавскиот олигарх Владимир Плахотњук (59) е уапсен во Грција, потврди молдавската полиција на прес-конференција.Апсењето е извршено благодарение на информациите добиени од грчкиот Интерпол, објави порталот Mezha.net. Тој бил придружуван од Константин Цуцу, поранешен молдавски пратеник и близок соработник на олигархот. Шефот на молдавската полиција, Виорел Цуцану, изјави дека Плахотњук бил уапсен на аеродромот во Атина додека бил на пат кон Дубаи. Тој бил на транзит во Грција. Сепак, Цуцану не ја потврди информацијата за апсењето на Цуцу. Според молдавската полиција, Министерството за правда и Обвинителството планираат да покренат постапка за екстрадиција на двајцата уапсени во Молдавија. Владимир Плахотњук е еден од највлијателните олигарси во Молдавија, кој беше прв заменик-претседател на парламентот од 30 декември 2010 година до 15 февруари 2013 година. Moldova’s police said it had received confirmation through Interpol in Athens that Greek authorities had detained the fugitive oligarch Vladimir Plahotniuc, an internationally sanctioned figure on the run since 2019. Read more: https://t.co/ix7Z3OUywO Photo: EPA-EFE/DUMITRU DORU pic.twitter.com/Or77B1UWNk — Balkan Insight (@BalkanInsight) July 22, 2025 Во јуни 2019 година, тој избегал од земјата, првично населувајќи се во Соединетите Држави, но до јануари 2020 година неговиот престој таму бил прогласен за непожелен. Според непотврдени извештаи, тој бил во Северен Кипар пред апсењето. Плахотњук е баран во Молдавија во три кривични дела. Тој е обвинет за вмешаност во кражбата на милијарда долари од молдавските банки во 2014 година. Според обвинителството, Плахотњук добил 39 милиони долари и 3,5 милиони евра преку компании контролирани од прорускиот политичар Илан Шор. На 7 февруари 2025 година, Интерпол издаде меѓународна потерница по Плахотњук. Познато е дека поседува пасоши од Молдавија, Романија, Русија и Мексико. Мексиканското Министерство за надворешни работи потврди дека мексиканскиот пасош на Плахотњук бил фалсификуван. Плахотњук беше претседател на Демократската партија на Молдавија и беше распишана црвена потерница од Интерпол. Грчките медиуми објавија дека уапсениот олигарх имал одлични односи со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Плахотњук имал блиски врски со Ердоган. Во септември 2018 година, молдавската тајна служба, по негова наредба, уапси и депортираше шест турски државјани кои биле блиски до Фетулах Ѓулен, главниот противник на Ердоган. Плахотњук наводно поседува вили во Швајцарија, Франција и Романија.Тагови: Атина олигарх Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?Построги казни за злоупотреба на службената положба и овластување, повторно посебно кривично дело за злоупотреби при јавните набавки, но и нови инкриминации.Новиот предлог-Кривичен законик предвидува значителни промени во казнената политика за корупциските дела. За основниот облик на злоупотреба се предлага затвор од шест месеци до пет години, а за прибавена значителна имотна корист или предизвикана значителна штета – од четири до 15 години. Посебно се враќа и делото за злоупотреби при јавните набавки или договори за јавно приватно партнерство. Ако е прибавена поголема корист или предизвикана поголема штета, казната може да достигне до десет години, а за значителна корист или штета – до 15 години затвор. Според поранешната врховна судијка Вера Коцо, построгите казни можат да придонесат за поголема казнивост и враќање на довербата во правосудниот систем. -Сметам дека овие измени во однос на злоупотребата на службената положба и во однос на постапката за јавни набавки секако ќе имаат свој голем допринос во однос на казнивоста за овие кривични дела. Меѓутоа, секако дека зголемувањето на казната, со оглед на сите случувања во нашата држава, ќе имаат голем одраз во однос на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Бидејќи она што се случи во 2023 година со намалувањето на казните за сторителите на одредени кривични дела на многу ниско ниво, допринесоа да довербата кај граѓаните падне, бидејќи тие кривични дела на некој начин застареа и сторителите останаа неказнети. – Вера Коцо – Поранешен судија Токму измените од 2023 година кои предизвикаа негативни реакции во јавност ја променија казнената политика кога дојде и до застарување на многу предмети од висока корупција. Тогаш за најтешкиот облик на злоупотреба казната од три до 20 години беше намалена на една до пет години, а беше избришано и посебното дело за злоупотреби при јавните набавки. Во јануари годинава следуваше корекција, со зголемување на казната до осум години и повторно воведување на одредбата за јавните набавки. Но, Европската комисија во јулскиот извештај оцени дека овие измени не ги отстраниле целосно последиците од 2023 година. Предупреди на стеснетиот опфат на делото и на пократките рокови за застарување, кои оставаат помалку време за истрага и гонење на сложени корупциски предмети. Коцо очекува новите решенија да спречат повторување на ваквите последици, но посочува дека законот нема да важи за делата сторени пред неговото донесување. -Па, со овие измени сега секако дека ќе се избегнат оние случувања во 2023 година, затоа што на некој начин, нели, ќе се потенцира казнивоста за овие така значајни кривични дела во системот на нашата држава. Меѓутоа, морам да кажам дека важноста на законот ќе биде од неговото донесување. Што значи, законот сè уште не е донесен и не може да се применува кога не е донесен на оние кривични дела кои се сторени пред неговото донесување. - Вера Коцо – Поранешен судија Меѓу другите новини е и новото кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, за кое се предлага затвор од една до пет години. Освен новиот КЗ и ЗКП, во Брисел на разгледување се пратени и други законски решенија поврзани со Реформската агенда. Премиерот Мицкоски денеска изјави дека очекува клучните закони да бидат усвоени во предвидениот рок, односно до декември, кога, како што најави, треба да биде завршена и реализацијата на реформската агенда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУвид во Каменик, Кисела Вода: Се гради секундарна водоводна мрежа, резервоар и препумпна станица Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината.Денеска, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, извршија увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, проект со кој конечно се решава еден од најгорливите, долгогодишни проблеми на граѓаните. Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината. Општина Кисела Вода реализира градба на нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Проектот во целост се заокружува со уште една клучна фаза : изградбата на препумпна станица која се финансирана и спроведува од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. - Денеска извршивме увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, со што конечно ставаме крај на децениските проблеми на нашите сограѓани. Преку овој капитален проект, Општина Кисела Вода гради нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Она што го заокружува целокупниот систем е изградбата на препумпната станица од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Досегашната постоечка мрежа беше правена со самопридонес од жителите пред многу години и беше целосно надвор од технички стандарди, што предизвикуваше секојдневен недостиг на вода и слаб притисок, особено во летниот период. Со овој проект решаваме проблем и за десетиците индустриски капацитети во оваа зона на Кисела Вода. Голема благодарност до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, до Владата, како и до Министерството за животна средина и просторно планирање за огромната поддршка во реализацијата на капиталните проекти. Нивното денешно присуство е потврда дека централната и локалната власт силно и здружено стојат зад секој чекор што го подобрува квалитетот на животот. Ова значи подобра инфраструктура, силни бизниси, локален економски развој и најважно- услови младите да останат и да ја градат својата иднина овде-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. -Како што вчера најавив, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати, ги започнуваме. Како што кажа и градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка меѓу Владата и Општина Кисела Вода. Оваа инвестиција е од огромно значење за овој дел од Кисела Вода, бидејќи со неа конечно го затвораме деценискиот проблем со недостатокот на вода за пиење. Работиме плански. Откако ќе заврши изградбата на подземната инфраструктура, следен чекор е комплетно асфалтирање на овој потег. Потребите на граѓаните се јасни, а нашата цел како Влада е да одговориме на нив согласно можностите, што верувам дека го покажуваме и досега. Сакам да изразам благодарност до градоначалничката, до советниците кои што ја поддржуваат работата, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што ја има оваа синергија на терен и се прават вакви проекти, а а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да договараме на она што се потреби на граѓаните -изјави претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економијаМакедонија на дното, на 41 место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочи дека ова е реалната состојба на македонската економија, а не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа и лагите за најбрз раст на платите и пензиите. „Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.Според ММФ Македонија е на 41 место меѓу 48 европски економија по проектиран БДП по жител.Проекциите на ММФ велат БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора, Албанија. Ова е сè она што СДСМ го зборува последната година.Сега потврдено и од ММФ“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ посочи дека македонската е далеку зад најбогатите економии во Европа, а граѓаните секојднево на свој грб ја чувствуваат разликата. „Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Граѓаните оваа реалност многу добро ја знаат, ја чувствуваат секој ден.Цените се до плафон а платите стагнираат. Кошничката е 90 илјади денари со стан, ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци“, рече Филипче. Притоа, Филипче порача дека зад пропагандата на власта се крие економска политика која ја задолжува државата, ги осиромашува граѓаните и не нуди никаква перспектива. „ Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо.Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата.Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата - само бајки“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00