Моќта на природата во шолја чај: Како чајот од глог го штити вашето срце - Канал 5

Моќта на природата во шолја чај: Како чајот од глог го штити вашето срце

Билка богата со антиоксиданси од дамнина се користи како помош при болести на срцето и крвните садови.

Моќта на природата во шолја чај: Како чајот од глог го штити вашето срце

Глогот е растение кое луѓето го користат стотици години, пред се поради неговите благотворни својства за срцето и варењето. Чајот од глог и неговите плодови се дел од традиционалната медицина, а зазема и посебно место во кинеската народна медицина уште од 7-миотвек.

Денес, благодарение на современите истражувања, се потврдува она што нашите предци интуитивно го знаеле – глогот е моќен сојузник на здравјето. Тој е богат со антиоксиданси, помага во снижување на високиот крвен притисок и холестеролот, при воспаленија, го подобрува варењето и го штити организмот од бројни хронични болести.

Најчесто, црвените плодови на глогот се користат за чај. Освен што благотворно делува на срцето и крвните садови, оваа билка делува смирувачки на организмот, па често се користи за ублажување на симптомите на стрес и несоница. Редовното пиење на чајот од глог може да биде едноставен чекор во природната заштита на здравјето.

Може да помогне во снижување на крвниот притисок

Во традиционалната кинеска медицина, глогот е често се препорачувал како природно средство за регулирање на крвниот притисок.

Анализа од истражување од 2020 г. покажала дека користењето глог во форма на таблети или течни капки може да го намали притисокот кај лица со почетен стадиум на хипертензија. Исто така, не се забележани сериозни несакани ефекти.

Сепак, потребни се повеќе студии за да се потврдат овие резултати.

Може да помогне во снижување на холестеролот

Некои истражувања укажуваат дека екстрактот од глогот може поволно да влијае на нивото на холестерол во крвта, благодарение на содржината на флавоноиди и пектин, видови билни влакна кои играат важна улога во метаболизмот на холестеролот.

Нарушени нивоа на холестерол во крвта, особено покачени триглицериди и низок HDL („добар“ холестерол), допринесува во развојот на атеросклероза – таложење наслаги на крвните садови. Доколку тие наслаги продолжат да се таложат, може да дојде до целосно зачепување на крвните садови, што го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар.

Истражувањата покажуваат дека екстракт од глог може да помогне во намалување на вкупниот и на „лошиот“ холестерол (LDL). Сепак, потребни се дополнителни истражувања на луѓе за целосно да се потврдат овие придобивки.

Помага при проблеми со варењето

Плодовите од глог и нивниот екстракт со векови се користат за ублажување на дигестивните тегоби, особено подуеноста, лошото варење и болки во стомакот.

Плодовите содржат растителни влакна кои може да го помогнат варењето, проблемите со опстипација, а исто така делуваат како пребиотик. Пребиотиците се посебен вид несварливи влакна и други супстанци кои обезбедуваат соодветна средина во цревата за раст на корисните бактерии во цревната флора. Всушност, тие играат клучна улога во одржувањето на здравото варење, пишува Healthline.

Чај од глог

За овој напиток потребни ви се една до две лажички суви плодови од глог кои ќе ги прелиете со 250мл зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 10-15 мин. Поцедете го чајот и засладете по желба со мед.

Сепак, пред да го примените чајот од глог, посоветувајте се со вашиот лекар, особено ако пиете лекови за притисок и срце, поради можни негативни интеракции со медикаментите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Елеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.

Фото: Се соблече најубавата водителка

Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети.

„Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини.

Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани.

Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Една од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. 

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка.

Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес.

Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер.

Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм.

„Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето.

Каква штета“ – беа само дел од коментарите.

Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

На една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил.

На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата.

„Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв.

Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди.

Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили.

„Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер