Могерини: Брисел ќе го даде заслуженото внимание на земјите од Западен Балкан

Пополаднево во Брисел почна и самитот Европска Унија – Западен Балкан, на кој учествува и Македонска делегација.. Премиерот Заев во рамките на самитот се сретна со екс генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.

Додека Велика Британија е во тотален хаос околу излегувањето од Европската унија, премиерката Тереза Меј во Лондон ги собра лидерите од Западен Балкан за да разговараат за европските интеграции на земјите од регионот.. Иако Самитот ЕУ-Западен Балкан поминува во сенка на големиот потрес што го предизвикаа остваките на двајцата клучни министри за Брекзитот, Борис Џонсон и Дејвид Дејвис, шефицата на европската дипломатија Могерини порача дека ЕУ ќе им го даде заслуженото внимание и поддршка на тие што сакаат да бидат дел од Унијата.

Додека некои се борат како да излезат, некои работат напорно да влезат во Унијата. За нив сме денеска тука. Земјите од Западен Балкан работеа многу напорно на реформите, на нормализацијата на добрососедските односи. Некои билатерални договори беа историски, како тој за прашањето за името, што го потпишаа Атина и Скопје неодамна, на што сведочев. ЕУ ги препознава овие работи и ги придружува на нивниот пат кон интеграцијата.

Сите млади луѓе од Балканот не потсетуваат секогаш на атрактивноста на ЕУ, како ншето многу реално и витално. Од надвор некогаш се сфаќа ова подобро отколку од внатре – рече Могерини.

Зошто шесте земји од регионот сакаат да се дел од ЕУ, кога Велика Британија сака надвор, се интересираа и англиските новинари.. Ова прашање му го поставиле и на шефот на македонската дипломатија Димитров.

Кога бев прашан од британски новинар „Зошто сакате во ЕУ, кога ние си одиме“, одговорив „За вас внатре лесно е да заборавите колку е студено надвор“ - изјави Димитров.

На Конференцијата за иднината на Балканот, присуствуваше и еврокомесарот Хан, кој е уверен дека земајава со успешен референдум и завршени домашни задачи во јуни следната година ќе започне преговори за членство во ЕУ, кое најрано би се случило за 7 години.

-Овој фазмозен индикативен датум 2025 година дава на целиот процес повеќе кредибилитет. Пред тоа, многу често имаше многу често замаглени изјави за перспективата дека „можеби некогаш ќе има членство“. Но, овој датум, ја прави приказната многу поконкретна.

Треба да имате на ум, дека 2025 година значи дека преговорите треба да завршат до 2023 година. Ова е речиси утре. – изјави Хан.

Заклучоците од Самитот ќе и соопштат попладнево Тераза Меј и Ангела Меркел, а потоа лидери ќе одат на прием кај принцот Чарлс. Во Лондон е и ЦИпрас, но нема потврда за средба со Заев.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Крис Павловски, директорот на водечката светска компанија за дигитални платформи Рамбл, кој е во посета на земјата во рамките на конференцијата Македонија 2025.

На средбата, Павловски ја претстави работата на Рамбл, компанија која котира на индексот Наздак на берзата во Њујорк, со нејзината етаблирана видео платформа и е во подем во дејноста на развојот на дигиталната инфраструктура и клауд услугите. Како водечки претприемач со македонско потекло, господинот Павловски изнесе мислења за состојбата во дигиталниот сектор, за трендовите и перспективите кои може да се искористат.

Претседателката Сиљановска Давкова го информираше Павловски за нејзината иницијатива за развивање на соработката со македонската дијаспора, со цел максимално да се искористат сите можности за економски развој на земјава.

Фоден прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч на сезоната во англиското фудбалско првенство, објавено е на официјалниот сајт на градот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Пазарната вредност на Фоден на фудбалскиот пазар се проценува на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година./МИА

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

притисни ентер