МО: Презентирани тактичките перформанси на новите оклопни возила JLTV Oshkosh

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска во штипската касарна "Јане Сандански" можеа да проследат показна вежба. 

На покана на министерката за одбрана Славјанка Петровска, претседателот на Собранието, Талат Џафери, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска во штипската касарна "Јане Сандански" можеа да проследат показна вежба чиј составен дел беа и новите, најмодерни лесни оклопни возила на Армијата, JLTV Oshkosh.

Вежбата „Употреба на JLTV возилата при изведување на борбени операции со воздушна поддршка“ ја изведоа припадниците на вториот баталјон од 1. пешадиска бригада на Армијата, единица која пред пет месеци успешно го помина НАТО оценувањето.

По вежбата од страна на припадниците на армиската НАТО единица присутните беа запознаени и со тактичко техничките карактеристики на возилата и нивната намена, а беше презентиран и дел од нивната лична опрема и вооружување.

Првите 6 нови лесни оклопни транспортери од американско производство пристигнаа во јули годинава и со нив значително е подобрена борбената готовност на Армијата. Се очекува во следниот период да биде испорачана нова пратка од 27 возила од овој тип, соопшти Министерството за одбрана.

Либанскиот претседател доби американски предлог за демаркација на поморската граница со Израел

Американската амбасадорка во Либан, Дороти Ши, денеска на либанскиот претседател Мишел Аун и на привремениот премиер Наџиб Миката им доставила предлог за демаркација на поморската граница со Израел.

Американската амбасадорка во Либан, Дороти Ши, денеска на либанскиот претседател Мишел Аун и на привремениот премиер Наџиб Миката им доставила предлог за демаркација на поморската граница со Израел, во екот на преговорите за граничниот спор за околу 860 квадратни километри во Медитеранот,

Американските медиуми пренесуваат дека Либан и Израел официјално се во војна од создавањето на еврејската држава во 1948 година, а двете земји тврдат дека полагаат право врз околу 860 квадратни километри од Средоземното Море.

Кабинетот на претседателот Аун потврди дека за време на денешната средба во претседателската палата во Баабда, амбасадорката Ши му ги претставила предлозите на американскиот посредник Амос Хохштајн.

Во минатонеделното интервју за локалните медиуми, претседателот Аун оцени дека преговорите наскоро би можеле да завршат, со порака дека Либан „ќе го добие правото да вади нафта и гас“.

Викторија Бекам ја облече 11- годишната ќерка во фустан со деколте, фановите згрозени (ФОТО)

На ревијата на Викторија Бекам во Париз, 11-годишната Харпер носеше црн фустан кој наликува на неглиже и има длабоко деколте украсено со тантела.

Фотографиите се проширија на социјалните мрежи, а многумина ја нападнаа модната дизајнерка и напишаа зошто ја облекла ќерка си во таков фустан. Сметаат дека тоа е „несоодветно и одвратно“ за нејзините години.

"Овој фустан што Викторија ѝ го облече на нејзината ќерка е несоодветен за нејзината возраст. Што мислеше Бекам? Таа ги покажува градите на ќерка си. Срам да ѝ е", "Не ми е гајле дали некој не се согласува, но фустанот на малата Харпер е несоодветен", се некои од коментарите.

Други напишаа дека Харпер многу ги потсетува на Викторија и дека многу девојчиња сакаат да личат на нивните мајки, а Бекам ѝ ја исполнила желбата.

Инаку, Викторија ја претстави новата колекција за следната година во Париз, а со неа беше и нејзиното семејство.

Кадиров: Путин треба да размисли за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, рече дека Москва треба да размисли за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина по уште еден голем пораз на бојното поле.

Во пораката на Телеграм, зборувајќи за загубата на руското упориште Лиман во источна Украина, Кадиров напиша: „Според мое лично мислење, треба да се преземат подрастични мерки, до прогласување вонредна состојба во пограничните области и употреба на тактичко нуклеарно оружје“.

Најавата на Кадиров доаѓа еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин објави анексија на четири украински региони - вклучувајќи го и Доњецк, каде што се наоѓа Лиман. Путин рече дека Москва ќе ги брани регионите што ги окупира „со сета своја сила и сите средства што ги има“.

За потсетување, Русија денеска објави дека нејзините сили се повлекле од градот Лиман во источна Украина со цел да избегнат да бидат опколени од украинската армија. „Во врска со создавањето закана од опколување, сојузничките трупи се повлечени од населбата Красни Лиман на поповолни позиции“, соопшти Министерството за одбрана во Москва, користејќи го руското име на градот.

Украинското заземање на Лиман, кој со месеци служеше како логистички и транспортен центар за руските операции, означи голем пораз за Москва еден ден откако претседателот Владимир Путин објави анексија на четирите украински региони.

Малку порано украинската армија објави дека нејзини војници влегле во Лиман. „Украинските сили навлегуваат во Лиман во областа Доњецк“, објави украинското Министерство за одбрана на Твитер. Во едноминутното видео што ја придружува пораката, може да се видат двајца украински војници како мавтаат, а потоа го закачуваат сино-жолтото национално знаме до знакот Лиман на влезот во градот.

„Го развиваме нашето национално знаме и го поставуваме на сопствена територија. Лиман секогаш ќе биде дел од Украина“, рече еден од двајцата војници. Украинската армија пред тоа објави дека во тој град „опколила“ неколку илјади руски војници.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека пред да се повлечат од Лиман, руските сили за 24 часа убиле повеќе од 200 украински војници и уништиле 14 оклопни возила. „И покрај претрпените загуби, со значителна супериорност во сили и ресурси, непријателот донесе резерви и продолжи со офанзивата“, рече портпаролот.

Лиман е првиот град во Доњецк кој беше повторно заземен од украинската армија откако Русија вчера ја објави својата анексија.

притисни ентер