МНТ сопретставата „Кец на десетка“ ќе гостува на манифестацијата Струмица, „Град на културата“

​Претставата „Кец на десетка" по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар ќе гостува во рамките на манифестацијата — Струмица, „Град на културата" за 2021 година.

Изведбата на претставата е закажана за 12 јуни со почеток во 20:00 и ќе биде одиграна на сцената во Домот на културата „Антон Панов", Струмица.

Претставата е комедија со спонтан хумор кој брзо ја освојува публиката. Текстот има едноставна мисија да ја воведе публиката во хумористичното дејство на претставата кое се одвива во едно сосема нормално семејство што ќе се собере за да го запознае идниот зет, при што ситуациите и околностите ги наведуваат ликовите во поинаква насока.

Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ.

Герасимовски: Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Нов сквер ќе го разубави платото пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана, т.н. „урбан атрактор“на платото на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ пред Општина Центар. 

Оваа опрема има за цел да го збогати јавниот простор со урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за ново планираната инсталација „урбан атрактор“ се започнати и тој ќе се протега на површина од 56 метри квадратни. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека новиот сквер ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.

„Мило ми е што Дебар Маало добива ново урбано катче за граѓаните. Урбаниот елемент на новиот сквер ќе има модерна конструкција, а во неа ќе има урбана опрема за релаксација и одмор на граѓаните од секојдневието. Ова ќе биде простор каде граѓаните ќе можат да одморат, да се социјализираат или да ги паркираат своите велосипеди додека ги завршуваат обврските во околината. Верувам дека ова футуристичко урбано издание ќе го збогати Центар и ќе биде позитивно препознаено од граѓаните“, вели Герасимовски“, вели Герасимовски.

„Урбаниот атрактор“ Општина Центар го добива како донација од Стопанска банка. Истиот ќе биде осветлен и ќе има информативна табла за корисниците на овој урбан елемент. Општина Центар ќе продолжи да работи на нови естетски уредувања и нови проекти за граѓаните.

Соработка и координација меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи

Соработка и координација меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Можности за соработка и идна координација меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, беа темите на разговор на денешната средба меѓу двете институции претставени од Јавниот обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Комитетот Зоран Илиевски.

- Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат, информираат од ЈО.

Газета дело Спорт: Пиоли би можел да добие отказ од Милан доколку биде елиминиран од Рома во ЛЕ

Стефано Пиоли би можел да го напушти Милан доколку Рома го исфрли од Лигата на Европа.

Во првиот натпревар од четвртфиналето во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа, Рома на гости го победи Милан со 1:0.

Според „La Gazzetta dello Sport“, иднината на Пиоли во Милан зависи од исходот на реваншот, како и од резултатот на натпреварот со Интер во Серија А. Се забележува дека натпреварот со Рома ќе има посериозно влијание врз кадровските одлуки.

Доколку Милан се пласира во полуфиналето на Лига Европа, иднината на Пиоли во клубот нема да биде загрозена.

Во случај на оставка важна улога во изборот на нов тренер ќе има мислењето на Златан Ибрахимовиќ.

Пиоли е во Милан од 2019 година. Под негово водство тимот стана шампион на Италија во сезоната 2021/22. /МИА

притисни ентер