Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
2Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
Шоу бизМНТ: Сочувство до семејството на трагично загинатиот пејач Андреј од ДНКОд Македонскиот народен театар изразуваат сочувство до семејството на загинатиот музичар Андреј Ѓорѓиевски од бендот ДНК. - Со големо жалење ја примивме веста за смртта на музичарот Андреј Ѓорѓиески, брат на нашиот колега актерот Александар Ѓорѓиески, дел од активниот ансамбл на МНТ. Загубивме голем музичар, хуманитарец и пријател. Изразуваме огромно сочувство за недоместливата загуба до Александар и неговото семејство, пријатели и колеги, се вели во објавата. Во пожарот во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 загинати, а 155 се повредени. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во АеродромНајавени кривични пријави, во полициска станица се разговорало и со деца и со родители.Полицијата почна да го расчистува случајот со меѓуврсничко насилство што се случи пред два дена во парк во Аеродром, а беше сниман со мобилни телефони од страна на поголема група на деца, и девојчиња и момчиња. Дел од нив давајќи насоки како и кога да се мавне шлаканица, навивајќи и употребувајќи и навреди во сексуална конотација. Надлежните велат дека известен е јавен обвинител, а се преземаат дејствија и за идентификација на сите присутни и утврдување на нивната годишната возраст, за да се знае дали има и такви кои не се малолетни, или се доволно возрасни за да одговараат пред закон. Од МВР велат дека има и формална пријава за настанот од мајката на дванаесетгодишното девојче кое било понижувано, удирано со шлаканици, па и натерано да клекне на колена додека друга врсничка ја држи за косата. -31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка. Истиот ден во полициска станица е извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители- МВР. По низата на скандалозни случаи на врсничко насилство со девојчиња кои ја згрозија јавноста, правната фела алармира дека системот мора да одговори на предизвикот и во фокусот наместо детето да го стави родителот. Ставот на адвокатот Владимир Туфегџиќ е дека треба да има регистар на родители на евидентирани насилници и тие да се фотографирани исто како и лицата лишени од слобода. Туфегчиќ за Канал 5 објаснува дека дел од целосното решение може да бидат измени во законот што би вклучувале санкции за родителот ако не го почитува наложеното – на пример неколку пати неделно да биде повикуван во Центар за социјална работа. Правната фела со години алармира за недостатокот на соодветно обучен кадар во социјалните служби, особено оние во внатрешноста бидејќи се смета дека нивното постапување е клучно во случаите на насилства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаНиколоски: Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни....Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, урбани паркови, плоштади.Инвестициите во Неготино само во делот на улици и плоштади, комунални проекти, паркови, изнесуваат над 4 милиони евра, што креираат нови слика за Неготино. Поддршката на Владата за Неготино и за другите општини е огромна и континуирна, порача денеска од Неготино, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Марија Нацева, извршија увид во изградба на инфраструктурни проекти во Неготино што се реализираат со поддршка на Владата. Притоа се изврши увид во реконструкција на ул. „29-ти Ноември“, проект кој се реалиизра преку Министерството за транспорт, во вредност од 28.7 милиони денари. Исто така извршија увид и во изградбата на кружен тек, инвестиција од 9, 8 милони денари. “Во моментов, само преку програми кои што се од Владата, преку Министерството за транспорт, се инвестираат некаде околу 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, понатaму паркови, кружен тек, плоштад. Така што, бројни се проектите коишто се работат или ќе се работат во Неготино. И ќе продолжиме во следниот период да ја поддржуваме општината, да ја поддржуваме градоначалничката, а со новите можности кои што се отвораат, исто така, ќе разговараме и за нови проекти. Навистина е задоволство да се биде денес во Неготино, да се види колку многу проекти или се завршуваат, или се работат, или ќе почнат да се работат. Мило ми е што со една нова енергија, која што градоначалничката ја внесе, се забрзуваат голем број проекти со поддршката со Советот, со поддршката, исто така, од пратеникот, со поддршката од Владата и лично од премиерот Мицкоски. Овде имаме навистина една комплетно нова слика за општина Неготино. Мислам дека тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство”-изјави Николоски. Дополнително во општина Неготино преку двата повици на Владата за инфраструктурни проекти, се реализраат 12 проекти за подобрување на урбаното живеење и локалната економија. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕУ ја предупреди Албанија: Проект на зетот на Трамп ви ги загрозува евроинтеграциитеПреговорите за пристапување на Албанија во ЕУ се загрозени поради плановите за изградба на луксузен одморалиште поддржано од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп,предупредија дел од европратениците.Преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ се загрозени поради плановите за изградба на луксузен одморалиште поддржано од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп,предупредија дел од европратениците, кои ѝ порачаа на албанската влада дека мора да „го промени курсот“. Како што објавува Гардијан, холандската европратеничка Тинеке Стрик, која ја предводеше мисијата за утврдување фактите, рече дека албанското раководство „Си игра со оган“ со тоа што го продолжува проектот од 1,4 милијарди евра, за кој вели дека ќе го уништи недопреното крајбрежје. Во интервју за медиумот, Стрик рече: „Ако премиерот Рама е навистина сериозен во врска со своите амбиции за влез во ЕУ, треба да се откаже од овој курс и да му каже на кланот Трамп: ‘Жал ми е, ЕУ е мој врвен приоритет’.. Тие во моментов го загрозуваат процесот за кој толку многу се грижат, изјавила Стрик..Тагови: Албанија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10