КултураМНТ: Премиера на претставата „Три сестри“Претпремиерата на претставата „Три сестри“, по мотиви на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, ќе се одржи вечерва на 24 септември, а премиерата е закажана за 25 септември.Билетите за претпремиерната и премиерната изведба како и за првата изведба која е закажана за 5 октомври се достапни во продажба, а публиката може навреме да ги обезбеди своите места. Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, е современо читање на еден од најзначајните драмски класици. Претставата „Три сестри“ во режија на Нела Витошевиќ е работена врз новиот драмски текст под кој како автори се потпишуваат Васил Христов и Нела Витошевиќ. Во драмскиот текст се користат мотиви од истоименото дело на Чехов, поставени во постмодерна драмска структура - со динамичен и скоро документарно природен дијалог, суптилен хумор, разорна карактерна психологизација и поетичен драмски јазик. Во претставата „Три сестри“ се преиспитува денешната стварност преку галерија ликови заробени помеѓу спомените, изгубените идеали и копнежот по поинаков живот. Драмското дејство е поместено на овие наши простори, во современи општествени околности. Карактерите се лица кои постепено се оддалечуваат од сопствените желби, од самите себе и од оние кои вистински ги сакаат. Семејството станува мала слика за едно општество во распаѓање, во кое старите вредности исчезнуваат, а новите сè уште не се родени. „Три сестри“ не ја гледам само како приказна за едно семејство кое не успева да се придвижи. Ја гледам како приказна за луѓе и за едно општество заглавени во мртва точка. Сите знаат дека треба да се помрднат, сите зборуваат за промена, сите сонуваат за некаде и некогаш, но никој не успева навистина да тргне, вели режисерката на претставата Нела Витошевиќ. Во претставата настапуваат: Дарја Ризова – Ирина, Наталија Теодосиева – Маша, Верица Недеска – Олга, Дамјан Цветановски – Андреј, Благој Веселинов – Александар, Емил Рубен – Иван, Ивица Димитријевиќ – Игор, Нина Деан – Наташа и Антонио Ташковски – Никола. Креативниот тим го сочинуваат сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски, а извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен. Портретната фотографија од режисерката е од фотографот: Кристијан Теодоров Фотограф на претставата е Кире ГалевскиТагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легалноИва Михаилова и татко и ќе одговараат, уверува премиерот Христијан Мицкоски отфрлајќи ги обвинувањата од опозицијата за наводен договор околу нејзиното бегство од земјава. И покрај тоа што Бугарија навести дека нема да ја екстрадира, тој ги повика тамошните власти да ја предадат и да одговара пред македонските органи. Како ја напуштила државата, Мицкоски вели МВР се уште истражува, но јасно е дека таа и адвокатот преминале граница на нелегален начин. „Тоа што опозицијата и раководството на нашиот источен сосед се на иста линија говори многу за тоа што и каква била намерата. Ниту Ива е намерата ниту било што. Намерата е да се создаде политичка тема за која претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ, и на тој начин ќе обезбедат одредена корист за опозицијата. Ако е тоа така договорено, ние ги бараме назад и неа и нејзиниот родител. Уште денеска да ги донесат и да видиме дали е така договорено или не. / Ве гледам во очи и ви кажувам: кога-тогаш. Тоа што сум го кажал сум го направил. И татко ѝ и таа ќе одговараат. Кога-тогаш. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Премиерот со критики за политичкиот врв во Бугарија бидејќи застанаа во одбрана на Михаилова, потег кој оценува дека наштетува на меѓусоседските односи. „ Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата која сама себе си ја прави на меѓународен план, тоа е нивна одлука да изберат ваква политика.. Жалам што тие наместо лице правосилно осудено да го вратат тука да ја отслужи казната за којашто е осудена, тие од него прават естрадна звезда и кловн.. “ -Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Македонското министерство за надворешни работи пред два дена го повика бугарскиот амбасадор во земјава за да ја пренесат пораката и по дипломатски пат, дека најавите за прием на високо ниво за Михаилова за Македонија се провокација. Досега најава за средба со неа има од претседателката Илијана Јотова, која за случајот го информирала главниот комесар за човекови права во Обединетите Нации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПовеќе од 1.600 пожари во Амазонија за две недели: Властите започнаа истрагаГолем број пожари беснеат во бразилскиот дел на Амазон, а нивниот интензитет е зголемен поради климатските промени, феноменот „Ел Нињо“ и човечките активности, наведуваат научници и официјални претставници.Во сојузната држава Амазонас, во првите две недели од октомври се регистрирани 1.679 пожари, што е за 253 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, според податоците на бразилскиот систем за следење на Амазон. Чадот предизвика проблеми со дишењето кај населението, а во најмалку 36 општини е прогласена вонредна состојба. Поради лошиот квалитет на воздухот во Манаус, откажани се настаните на отворено, а државните училишта денеска се затворени, пренесува Ројтерс. Бразилските власти се сомневаат дека многу од пожарите биле намерно предизвикани за да се расчистат шумите и да се подготви земјиштето за земјоделство и сточарство. Бразилското Министерство за животна средина најави истрага откако од авиони биле забележани пожари во заштитени шумски подрачја. Федералните власти и службата за цивилна заштита испратија авиони и противпожарни екипи во Амазонас за да помогнат во гаснењето на пожарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНе стивнуваат студентските протести во Тирана – демонстрантите се судрија со полицијата Трет ден жестоки немири во Тирана во кои демонстрантите нападнаа владини згради, банки, продавници и други објекти.Стотици демонстранти кои протестираа за реформи во образованието оштетитле неколкку владини објекти, меѓу кои и зградата во која е сместен европскиот колеџ. Според тамошните медиуми демонстрантите палеле и излози, а оштетиле и неколку банки и други објекти. Полицијата се обидела да ги растера со солзавец и со водени топови, по што дошло и до жестоки судири, во кои повредени биле 23 полицајци и уште шестмина други луѓе, а 35 демонстранти се приведени... Движењето, познато како „Фламинго“, бара оставка од премиерот Еди Рама поради поради зголемените трошоци за образование и корупцијата. Рама во писмена изјава за Ројтерс посочува дека не планира да поднесе оставка но дека владата е подготвена за дијалог со студентите. Одговорноста за насилството на студентските протести ја префрли на опозициските партии, кои според него сакале да го попречат патот на Албанија кон Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter