Од МНР велат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.
- Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање,- МНР.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така, упати апел до сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба.
Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.
При евентуална потреба од помош македонските државјани можаат да се обратат во амбасадата на Македонија во Тел Авив
📍 Амбасада на Република Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]
📍 Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]
Во рамките на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.
Во меѓувреме, војната помеѓу Израел и Иран добива на интензитет. И ноќеска експлозии го осветлуваа небото над Израел и Иран.
Третиот ден од невидената воена ескалација, Израел започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку осум лица во Израел.

Ирански ракети погодија неколку градови во централен Израел, пријавена е поголема штета, а се јавува и за жртви. Според првите извештаи од израелските медиуми, во најновиот ракетен напад од Иран, ракети погодија неколку градови во централен Израел. Спасувачките служби пријавуваат поголема штета на зградата во Бат Јам, каде што сè уште трагаат по повредените. Службата за итни случаи „Маген Давид Адом“ објави дека има неколку лица со умерени и полесни повреди во Бат Јам, додека екипите сè уште го пребаруваат погодениот објект.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, останува на ставот дека ваквата воена операција била неопходна.
Иранските власти контранападот го поврзуваат со правото на самоодбрана, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади.Со реакција се јави и врховниот водач на Иран.
Портпаролот на израелската војска издаде предупредување за евакуација до сите ирански граѓани во близина на воени објекти.
„Сите лица што моментално или наскоро ќе се наоѓаат во или околу објектите за производство на воено оружје и сродните институции мора веднаш да ги напуштат тие области и да не се враќаат додека не се издаде понатамошно известување“, напиша тој.
Во меѓувреме, значително обезбедување е поставено пред синагогите во Америка.

Иранските и израелските жители во САД велат дека војната е лоша, но прашање на време било кога ќе се случи.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека доколку Иран ги нападне САД на кој било начин, ќе се соочи со моќта на американската војска „на нивоа што не се видени досега“.
Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп исто така рече дека САД немаат никаква врска со последниот напад на Израел врз Иран и дека „лесно може да се постигне договор“ за прекин на конфликтот. „САД немаат никаква врска со нападот врз Иран.
Тој смета, како и јас, дека оваа војна меѓу Израел и Иран треба да запре, на што му објаснив дека и неговата војна треба да заврши“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи.